www.utrinski.com.mk
26 март 2017 00:44
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.03.2017, 17:56

Мислење

Засега без главни улоги

Арсим Зеколи

Препотентниот Груевски е принуден катадневно да добива потсетници од истокот дека тврдокорните што ги носат неговите портрети не се сосема под негова контрола и во еден миг можат да се свртат против него

Очекувано, наместо да има разрешница, кризата се продлабочува и како киселина ги разјадува клетките на општествениот организам. Редум и без дискриминација, секојдневно произведувајќи нови линии на поделба и подземни тунели на тајни шурувања, кои во имагинацијата на збунетата раја осцилираат од медиумски индуцирани инстант надежи за разрешница до губење на секоја верба дека таа е воопшто возможна без драматични потреси.

Постизборниот процес јасно го разоткри колапсот на автентични авторитети кои во недостаток на институциите би можеле да преземат и покренат нови моменти и да дадат нови насоки за поместување од мртвата точка во која тапкаме. Оваа нова ситуација како да помина без премногу дебата, сведено на спуштање рамена и блазирано помирување дека не само што нема туку и дека се' потешко може да се очекува појава на некој нов и свеж лик со доволно авторитет да се проба со вадење мечеви од камен. Констатација сама по себе е недоволна за да се разјаснат длабоките процеси што (ин)директно влијаат и врз површинските настани и текови. За тие да се разјаснат, изворот треба да го побараме на други, изумени или забошотени настани.

Имено, ако внимателно го свртиме вниманието со балансирано набљудување како на меѓупартиските така и на интрапартиските случувања, ќе се соочиме со појава што слободно може да се нарече заеднички именител на сите поголеми партии. А тоа е секако процесот на интерни делби, фракции и кланирања за кои – од добро познати причини - сите ќе го вперат показалецот на обвинување кон другите и никој со палец на потврда кон себе. Доколку мислите дека идентификувањето на таквите групации на интерни поделби е најинтересниот детаљ за вашата љубопитност, веднаш треба да се укаже дека тоа е сепак од второстепена важност во споредба со причината и конкретното именување на актерите што го предизвикаа тој споделен феномен. А нивните имиња се Сашо Мијалков, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи, поранешните алфа-мажјаци на политичкиот двор.

Повлекувањето на Мијалков од службената позиција навидум не остави голем белег врз неговото преторијанско влијание врз неговата партија, политиката и општеството – подземно и надземно. Сепак, со текот на времето, сивилото на неговата еминенција секако почна да добива нијанси на стерилна белина, како поради неговиот нарушен углед во разузнавачките кругови, така и поради се' подиректните интервенции на големите фактори поради големината на кризата, која ги надмина границите на земјата и неговите стероидно напумпани мускули. Прагматичниот Мијалков предолго време беше епицентарен безбедносен играч на Западот и гарант на прозападниот курс на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од инаетливиот Груевски, чија повредена суета и медиумски шминкерај се' уште го држат во верба дека е голем мандрак, кој нема да ги повтори грешките на Милошевиќ, иако во поделбата на овдешните „вождовски“ улоги, нему му е доделена улогата на Мира Марковиќ како македонски Лејди Магбет.

Службеното (релативно) повлекување на Мијалков немаше да предизвика поголеми потреси доколку тензиите не прераснеа во безбедносна опасност и со тоа да се покренат други механизми и нови играчи на теренот. Дел од кои веќе десетина дена ги гледаме како маршираат низ улици, но со видливо отсуство на водечките лица на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа од сите групации на досегашната системска постава – од технократите на Груевски и „силовиките“ на Мијалков, па се' до шаторските љупчовисти, селско-задружните традиционалисти и ајвар-блондирани патриотки. Причината за тоа впечатливо отсуство не е од естетско-хигиенски причини, туку поради дијаметрално спротивставените ориентири на вмровската матрица и онаа на марширачката братија. Бидејќи и покрај сите фиктивни или реални поделби, за групацијата околу ВМРО-ДПМНЕ важи само една „спона“. Онаа на папочна поврзаност со трансатлантската оска и западната демохристијанија, про форма маскирано со источни носталгии и балалајки.

Како човек близок со безбедносните кругови, кои не комуницираат со дипломатски вербални ноти, туку со нему добро познат уличарски жаргон, Мијалков навреме се има освестено дека времето на играта „нит исток нит запад“ е завршено. Но тоа очигледно предоцна му се разјасни на самоубиствено препотентниот Груевски, принуден катадневно да добива потсетници од истокот дека тврдокорните што ги носат неговите портрети не се сосема под негова контрола и во еден миг можат да се свртат против него. Патем, тоа уште пред месеци му беше ставено до знаење од страна на миленичките на Путин дека десоросоизацијата не е ниту приближно доволна, доколку не се прошири во целосна, полнокрвна деамериканизација. Проблемот е што има се' помалку лица од неговото опкружување подготвени да му ја пренесат непријатната вистина за монструмот што го имаат создадено и во сенка опасно расте со секој ден. Иако претпочитам да мислам дека нивниот молк повеќе се должи на избегнувањето на опасноста да бидат ставени на крст од миленичките на Путин и џукелските боеми што одвреме-навреме ќе упатат намигуша-абер до јавноста дека Никола Попоски не е доволно машко, Никола Тодоров не е доволно патриот или некоја друга „квачка“ со која се обелоденува клучната порака дека се неприфатливи, бидејќи се премногу свртени кон Западот. Останува на Груевски да се запраша што повеќе ќе одекне во јавноста. Неговиот напад врз портпаролите на подмосковието или нивната објава дека „и тој стана маженце како Бранко и Љупчо“. Ох, изумив. Таа порака е веќе објавена.

Повлекувањето на Црвенковски е со уште поголема тежина поради неговиот удел во секоја манџа што врие во политичката кујна. Иако веќе со години – и со оглед на кризата и функцијата, неодговорно – отсуство од јавноста, неговиот дух се' уште вирее и дише како стар виски. Потполно свесен дека и' ја врати функцијата на партијата, а в џеб си го понесе авторитетот, Црвеновски упорно инсистира времето да го докаже, а судбината да го одмазди. Дискутабилно е колку таквиот став е лидерски банален и човечки разбирлив, но неоспорно е дека авторитетот на неговиот политички оперативен опус и капацитет на одлучност е очебијно дефицитарен во сегашниот СДСМ. Па и пошироко.

Под пошироко секако го подразбирам односот кон Али Ахмети, со кој споделуваат аморфен флуид на почит и ривалство, особено во постбомбашкиот период. Базирано врз споделеното искуство со внатрешни фракции познати по итроманска виртуозност, но сплеткани во самопредавничка амбиција за рушење на тронот. Операција изводлива единствено доколку обезбедат некое ново спонзорство од меѓународната заедница, пред која настапуваат со сосема солидни аргументи за потребата за рушење на стариот крал, но без трошка солидна, реално поткрепена и долгорочно издржлива идеја како понатаму. Во случајот на Црвенковски тоа е секако Шекеринска, додека за Ахмети е сосема јасно дека Теута Арифи и тетовското лоби го има фрлено меракот да биде „гошпа Мица, газдарица“ во Мала Речица. Со завршна – и наивна – верба на двете Марии дека заедно ќе создадат матријархален конкордијат на салонска демократија по волја на утопистичката замисла на меѓународните спонзори. Што со оглед на конструктот на партиите (во чие креирање и тоа како имаат учествувано) и апетитите на сопартијците, неминовно ќе води кон нивно распарчување, кое нема да можат да го спречат па макар 24 часа виселе карши Васко Попетрески. Ако јас лажам, прашајте го Муса Џафери.

Пред да преминам на третиот лик, би споделил една дилема. Дали мислите дека сегашната централистичка улога на Ахмети во кризата би била толку доминантна или Груевски би глумел државник доколку отколку отспротива го имаа Црвенковски? Лично, не сум сигурен. Но потполно сум убеден дека истата дилема важи и во односот на Али кон Мендух Тачи, кој по сите премолчувања на Заев, Зијадин и Катица за минатите недела на Али можеби заслужува поинаков поглед (но никако и опрост!) за смртните му верности кон Мијалков. Неговиот самозаслужен прогон од сцената сепак остави премногу празен простор во кој борбата не се одвива за рушење на Ахмети, туку за освојување на опозицијата. Како прво, и разводнување на тврдоетничкиот албански политички дискурс, кој се пополнува со „божји политички свештеници“ на Беса и избледнетата харизма на Зијадин Села, кои едноставно не успеаја – или не сакаа – да израснат во остар и дрзок критичар на ДУИ и Али Ахмети, без притоа да ги прават речиси истите некадарности како и вечно првиот на ДПА.

Поуката на оваа анализа воопшто нема намера и желба да цели кон ревалоризација или – скраја да е – реанимација на наведените ликови од минатото. Но, исто така, нелогично е да се откажеме од споредбената вредност помеѓу минатото и сегашното, и посебно последиците на убеденоста дека битно е да се урне, а потоа „лако ќемо“. Страста за власт, сепак, не подразбира и моќ на авторитет. И во овој час, тензијата на состојбата е еднакво детерминирана од судирот помеѓу партиите во иста мерка како и судирите во самите партии поради недостаток на лидерство со неспорен авторитет и одлучувачка моќ.

Опозицијата има уште сосема кусо време да го прифати овој природен редослед и да ја одбегне запечатената судбина на ВМРО-ДПМНЕ во - можеби одложен – но, секако, неизбежен раскол и пад. Само наивните и алчните во таа констатација ќе прочитаат дека тоа автоматски подразбира и нивно воздигнување, изумувајќи го фениксот, кој може да се изроди од пепелта на победата.

(Авторот е аналитичар)

Статијата е прочитана 2084 пати.


Испрати коментар
Мапирање на иднината на АИ
Русија и замките на теоријата на заговор
aj pak jas, 20.03.2017 01:14:32
So nekolku zborovi receno, patime od politicari so ogranicen um i ogranicen pogled vo segasnata situacija. Samo matematikite im se isti i se trudat da izvlecat maksimum od segasnata situacija. Albanskite partii gubat zaradi trojanskiot konj sto go dobija od Rama. Veruvav deka Sela ima pogolem kapacitet no za zalost i on vleze pod mantijata na Ali. Zaev e edinstven koj moze da napravi balans no uslov e Ali da ja zaboravi Tiranskata platforma i da prifati toa sto moze da e del od ramkovniot samo. Veruvam deka site ke sfatat deka e mozna vlada koja bar ekonomski ke ja zajakne Makedonija a so toa i priblizuvanjeto do Evropa ke bide porealno
   39 |   11
Ivan, 20.03.2017 01:21:49
Navistina ovoj vesnik znae kako da *proizveduva* politichari, analitichari, politokolzi, novinari i mnogu *razni sushtestva* koj shto ne znaat da kazat idei shto ke vredi za site nas vo RM bez razlika na nacionalna/verska orientiranost. Arsime, na pochetokot spomna deka narodot moze da se svrti i kon Nikola, TOCHNO e toa deka narodot se vrti prema kukavicite shto i shtetat na RM. Isto taka da ti e vo znaenje deka so narodot na ulica nema od VMRO visoki lichnosti deka ne sakaat da padnat nisko kako Zajko da bide del od kurtonska/sharena revolucija. So vakov nachin na demostriranje vi se dokazha na site vas *kukavici* kako se demonstrira (barem dosega) a shto se odnesuva do megunarodnite neka vijat kako volci okolu stado no se dodeka imame chuvari (narodot-iako znaeme deka ima krtovi) toa stado ke obstoi i se nadevam deka seto ova ke se ochisti vo najskoro vreme za nashe dobro.
   28 |   61
riki, 20.03.2017 07:22:53
Како и да е г.Зеколи едно е сигурно,државата е на прагот на еден економски и социјален колапс.Величења или споредби на горе наведените екс политички субјекти нема резон ниту пак засложуваат простор и време.Само едно е сигурно,со неимовниот крај на последниот транзициски политичар,Н.Груевски,во РМ ќе започне нова ера на политичкото секојдневие.Иако тој сите останати ги етикираше како гробари на Мкд стопанство,токму тој ќе биде запаметен како нај голем расипник на народни пари,инвестиции во празно,ненормално задолжување,провизии,инклузив мега поделба на Мкд ткиво.Заев и останатите како него современи политичари,без разлика од која етничка припадност се,да створат услови за живот и соживот.По добар сдандард,по добри здравствени услови,нормално медиумско информирање,државата за секој иста.Без фолиранти и врскаџии,бенефиции и привилегии!И затворската ќелија да не биде РЕЗЕРВИРАНА само за обесправените,и тие што нема да потплатат!!
   35 |   11
Ајван Доктор® До: do Olgica i Ajvan, 20.03.2017 08:01:00
Нештата се учат во основно училиште!Финска е унитарна држава (не е федерација со некаков посебен автономен дел како што тврдиш) со два официјални јазика:ФИНСКИОТ и ШВЕДСКИОТ!За Шведска и малите дечиња знаат дека АНГЛИСКИОТ е втор официјален јазик покрај ШВЕДСКИОТ!Да,во Холандија,национален јазик е Холандскиот,но таа официјализира и регионални јазици,па се службени и ФРИГИСКИОТ (западногермански),но и АНГЛИСКИОТ!Во Чешка официјален е ЧЕШКИОТ,не ни тврдев поинаку,но се признаваат и јазиците на малцинства кои се 10%од населението во одредена област!Со Законот за јазиците донесен под патронат на ВМРО албанскиот се води како втор официјален јазик на половина територија,а застапен е во институции,сообраќај,стопанство!Државните клиники и болници не се приватни,па сите табли и известувања со години се на албански!Со помош на ВМРО пред само 2месеци отворија АЛБАНСКИ универзитет Нëне Терезе среде Скопје во општина каде се под 1% (во зградата на ССМ)од каде ги исфрлија независните синдикати!
   52 |   15
Цане Соколовски, 20.03.2017 08:30:56
Што се однесува за Мијалков за него важи Rex regis, без разлика што тој сега го одбил анти американизмот. Додека за Н Тодоров имам една убава мисла и афоризам за патриотизмот-„Патриот е човек, кој се дере ко будала а нема поим зошто„-Марк Твен
   38 |   22
до Ајван Доктор со Р, 20.03.2017 13:07:57
1. Не е вистина дека во Шведска има друг официјален јазик освен шведскиот, 2. Точно е дека во Финска покрај финскиот, официјален јазик е и шведскиот на едно од признаените малцинства што се нарекува Финци кои што говорат шведски односно Фински Швеѓани, но не Швеѓани.
   15 |   27

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
11°СкопјеВреме
Ведро
Пон13
Вто18
Сре21
Чет22
Пет23
Саб24
Нед23
Пон18
Вто20
Сре20
НајчитаниНајкоментирани

ЕУ: Посилна, поединствена, посолидарна
Грчките фирми ги исплаќаат вработените со бонови
Владите имаат обврска да обезбедат интеграција на Ромите
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ