www.utrinski.com.mk
31 март 2017 02:35
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 15:44

Општина Илинден набави две нови комунални возила

Општина Илинден набави две нови специјални комунални возила за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Клучевите од новите возила, на директорот на ЈКП „Илинден“, Сашо Саздовски, му ги врачи градоначалникот Жика Стојановски.

Новите комунални возила „Ивеко“ се со капацитет од 22 и од 8 кубни метри и чинат 14 милиони денари. Со оваа набавка возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие „Илинден“ сега се состои од 12 комунални возила-камиони за собирање и транспортирање смет, цистерни за фекална канализација и вода и други помошни комунални возила. Со цел безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови на локалните улици и патишта во сите 12 населени места, пред две години Општина Илинден набави и специјално возило за зимско одржување на улиците и патиштата. (С.Р.)

Статијата е прочитана 239 пати.


Испрати коментар
Само карабина од хотелот „Хилтон“
Скопје оковано во мраз

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Пет20
Саб22
Нед22
Пон21
Вто18
Сре16
Чет18
Пет16
Саб17
Нед18
НајчитаниНајкоментирани

Партијата на Меркел тешко се откажува од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?
„Чие е Јадранското Море?“
ЕУ: Забранета фузија на Германската и Лондонската берза
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ