www.utrinski.com.mk
23 март 2017 09:13
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:09

Спорт - Вести

Одбојка

Ѓорѓиев и Торај Ароус со двојна круна во Јапонија


Никола Ѓорѓиев и Торај Ароус ги обединија титулите во одбојкарската сцена во Јапонија. По освојување на Купот, тимот на македонскиот репрезентативец триумфира и во првенство. Торај Ароус ги доби двата натпревари против Тојота Госеи во финалната серија во која обезбеди директен пласман благодарение на првото место во групата. Во првиот славеше со 3:0 (25:23, 25:20, 30:28), а во вториот со 3:1 (25:20, 23:25, 25:16, 25:23). Ѓорѓиев беше највпечатлива фигура во победничката екипа што заслужено се најде на тронот.



Тенис

Федерер и Веснина победници во Индијан Велс

Швајцарецот Роџер Федерер и Русинката Елена Веснина се победници на турнирот во Индијан Велс. Освојувачот на Австралија опен во машкото финале го совлада Стен Вавринка со 6:4, 7:5 за што му требаа околу 80 минути. Ова за Федерер е 25. победа на мастерс-турнирите. Веснина, пак, во женското финале ја совлада Светлана Кузнецова со 6:7, 7:5, 6:4 за трет трофеј во кариерата. Тенискиот карван од Индијан Велс се сели на мастерс во Мајами каде што, поради повреди, настапот го откажаа Енди Мари и Новак Ѓоковиќ.

Статијата е прочитана 130 пати.


Испрати коментар
Ангеловски

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
7°СкопјеВреме
Претежно облачно
Чет22
Пет24
Саб24
Нед22
Пон17
Вто16
Сре20
Чет19
Пет18
Саб16
НајчитаниНајкоментирани

Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата
Републиканците, интересите на Русија и нападите врз Сорос во Македонија
Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ