www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:11
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 16:15

И минус 0,5 степени може да предизвикаат штети кај овошките

Утринските температури, кои во наредните денови ќе се спуштат и до минус 4 степени, може да бидат катастрофални за овошјето и виновата лоза, предупредуваат агрометеоролозите

Температурите, посебно утринските, кои во наредните денови ќе се спуштат и до минус 4 Целзиусови степени, може да бидат катастрофални за овошјето и виновата лоза, предупредуваат агрометеоролозите.

Посебно е критична сабота, кога се очекува да дојде до разведрување на територија на цела Македонија што, според нив, ќе значи и постудено време. Затоа препорачуваат преземање соодветни и навремени мерки за заштита.

„Промената на времето и студениот воздушен бран кој се очекува да ја зафати нашата територија од североисток во текот на денешниот ден ќе придонесе за драстичен пад на температурите на воздухот, особено на утринските од петок до понеделник, кога на одделни места се очекуваат да бидат и негативни, особено во североисточните, источните и северозападните делови. Вакви температури, до минус 4 степени, во овој период од развојот на земјоделските култури можат да имаат катастрофални последици врз културите и врз приносите“, вели Ангелко Ангелески од УХМР.

И минус 0,5 степени може да предизвикаат штети кај овошките кои веќе имаат формирано плод или кај овошките и виновата лоза кои во овој момент се во ниски фази на развој, почеток на вегетација и појава на првите листови и цветови.

„Мерките за заштита се веќе познати: третирање со препарати против мрзнење кои може да се користат и во денови кога има само неколку часа сончеви периоди, а се со продолжено дејство, класични методи на зачадување со палење растителни отпадоци или оросување со вештачки дожд доколку има инсталиран систем за наводнување додека температурите се негативни, околу два часа пред изгревање на сонцето и два часа потоа, додека не се постигнат позитивни температури“, истакнува Ангелески.

За есенските посеви промената на времето не е критична, проблем може да има уште во градинарството, на отворено, или ако просторот не е добро заштитен кај покриените култури.

Статијата е прочитана 818 пати.


Испрати коментар
Годинава повеќе фирми исплаќаат дивиденди
Турски ИТ и здравствени компании сакаат да инвестираат во Македонија

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ