www.utrinski.com.mk
31 март 2017 02:35
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 15:42

Само карабина од хотелот „Хилтон“

Скопјани уште ќе чекаат Парис Хилто да дојде во градот. Иако хотелот веќе требаше да биде пуштен во функција, нема официјално објаснување за причините за доцнењето на изградбата

Деспина Трајковска-Димова



Абер нема од хотелот од синџирот „Хилтон“ што почна да се гради пред речиси четири години на кејот во Аеродром. Објектот веќе требаше да биде готов и пуштен во функција. Но, ситуацијата на терен е далеку од оптимистичка дека тоа ќе се случи во брзо време. Хотелот е стасан само до фаза на отворена карабина. Веќе неколку месеци не се изведуваат градежни активности, иако на градилиштето има еден кран и по некоја градежна машина. Сега, пак, во овие временски услови, на објектот воопшто не се работи.

А, според најавите на инвеститорот Ајдован Адемовски, сопственик на „Стоун бриџ“, хотелот требаше да биде готов најдоцна до крајот на минатата година. Дури, на поставувањето на камен темелникот беше кажано оти се размислува на отворањето на хотелот да биде поканета и Парис Хилтон, светски познатата џетсетерка и ќерка на сопственикот на синџирот хотели „Хилтон“.

И покрај напорите, не успеавме да обезбедиме контакт со инвеститорот за да каже кои се причините за пробивањето на најавените рокови за завршување на проектот кој беше најавуван на голема врата. На поставувањето на темелите, присуствуваа тогашниот премиер, Никола Груевски, владини претставници, дипломатски кор... На свеченоста беше и потпретседателот за развој на „Хилтон“, Урлих Видмер, кој тогаш истакна дека хотелскиот бренд е соодветен за Македонија и оти нуди извонредни капацитети за граѓаните и за развој. „Имаме голема верба во иднината на Македонија и го очекуваме развојот во следната година. Сигурни сме дека ’Хилтон’ ќе биде успешен“, истакна Видмер на поставувањето на камен-темелникот во 2013 година.

Официјално објаснување за доцнењето на проектот немаат ниту од Општина Аеродром, на чие подрачје се гради хотелот, ниту, пак, од Министерството за транспорт и врски кое го има потпишано договорот за отуѓување на земјиштето на кое се гради објектот. Општинарите за сите детали упатуваат во Министерството. Оттаму, пак, само информираат дека инвеститорот обезбедил дозвола за градење во 2012 година.

„Во однос на градежните активности на терен, Министерството следи дали инвеститорот ги исполнува обврските што произлегуваат од договорот за отуѓување на градежно земјиште“, велат од ресорното Министерство, без да прецизираат дали и што констатирале на терен, имаат ли комуникација со инвеститорот, дали можеби тој веќе плаќа пенали за пробивањето на утврдените рокови за изградба...

На поставувањето на темелите на објектот, беше кажано дека хотелот ќе зафаќа површина од околу 25.000 квадратни метри, а ќе има и 1.400 квадрати простор за организирање настани, поделени на два големи салона, три конференциски сали, спа-центар од 2.000 квадрати, бизнис-центар и центар за здравје. Хотелот на „Хилтон“ ќе има капацитет од 172 соби, вклучувајќи 20 апартмани. Инвестицијата е тешка околу 30 милиони евра.

Статијата е прочитана 1367 пати.


Испрати коментар
Општина Илинден набави две нови комунални возила
Скопје оковано во мраз
devicanecot, 12.01.2017 09:57:20
А што тоа е чудно кај нас. Градоначалникот на Карпош уште пред повеќе години ветуваше комплетна зграда за општинската управа, и тоа кога ги зеде топтан парите за школото во Нерези, но и ден денес неговите вработени се по разни бараки и објекти на месни заедници.
   35 |   25

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Пет20
Саб22
Нед22
Пон21
Вто18
Сре16
Чет18
Пет16
Саб17
Нед18
НајчитаниНајкоментирани

Партијата на Меркел тешко се откажува од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?
„Чие е Јадранското Море?“
ЕУ: Забранета фузија на Германската и Лондонската берза
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ