www.utrinski.com.mk
23 март 2017 09:12
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 13:55

Внуката на Мандела против партијата на дедото

 

Јоханесбург - Најстарата внука на првиот црнечки претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела, соопшти дека повеќе нема да гласа за Африканскиот национален конгрес (АНЦ), што во 50-тите години на 20 век ја формираше нејзиниот сега покоен дедо.

Ндилека Мандела изјави дека не верува оти АНЦ и натаму ги почитува и ги применува вредностите на партијата од времето на нејзиното создавање и борбата против апартхејдот.

„Не гласам за партија која повеќе не е она за што се бореа дедо ми Нелсон Мандела и неговите соборци“, изјави Ндилека Мандела во интервју за јужноафриканското радио „Њуз24“.

Таа му забележува на актуелното партиско раководство што заборавило на луѓето, а посебно на сиромашните и немоќните во руралните средини.

Внуката на Мандела работи како медицинска сестра, но и раководи со Фондацијата „Мандела“ за борба со сиромаштијата во селата во Јужна Африка.

АНЦ, која е на власт од падот на апартхејдот, пред безмалку четврт век, се наоѓа во длабока криза, разединета и обвинувана во домашната јавност за низа случаи на корупција, меѓу кои, еден и со актуелниот претседател на земјата Џејкоб Зума, за расипништво и за неразумно трошење на буџетските средства.

Нелсон Мандела беше избран за претседател на Јужна Африка во 1994 година и на функцијата остана само еден мандат, по што се повлече од политиката. Тој почина во 2013 година по долго боледување, на 95-годишна возраст. (МИА)

Статијата е прочитана 133 пати.


Испрати коментар
Трезор
Последната епизода од сагата за Херцег-Босна во Хаг
Пак протести против полициско насилство во Париз
Бившиот управник на затворот не е виновен за грабнувањето на Милошевиќ
Свет - Вести
Мартин Шулц ќе ја предизвика Ангела Меркел
Олдтајмерите на колекционерот од Алепо

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
7°СкопјеВреме
Претежно облачно
Чет22
Пет24
Саб24
Нед22
Пон17
Вто16
Сре20
Чет19
Пет18
Саб16
НајчитаниНајкоментирани

Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата
Републиканците, интересите на Русија и нападите врз Сорос во Македонија
Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ