www.utrinski.com.mk
29 април 2017 21:29
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 15:39

Општина Центар сака зеленило и клупи наместо улица на Кеј

Советот одржа вонредна седница на која мнозинството одлучи на потегот да се постави урбана опрема

Деспина Трајковска Димова

Жардиниери, клупи и канти за отпадоци наместо улица на Кејот. Ваква одлука се очекуваше денеска да донесе мнозинството на Советот на Општина Центар на вонредната седница што беше закажана откако започнаа градежни активности за изградба на улица на Кејот на потегот од „Холидеј ин“ до зградата на „Телеком“. Таму, пак, активностите беа прекинати откако градежната инспекција на Општината издаде наредба за запирање на градежните работи со образложение дека градилиштето нема информативна табла на која треба да стои кој е инвеститор, како што пропишува законот, кој е изведувач и надзор.

Како што појаснија од Центар, одлуката за поставување на урбаната опрема е еден од механизмите на Општината да ги запре понатамошните градежни работи на улицата и во случај инвеститорот да го организира градилиштето како што налага законот.

Практично, одлуката за утврдување на изгледот на улицата се очекуваше да биде донесена на втората вонредна седница која требаше да се одржи вчера доцна попладне, еден час по завршување на првата вонредна седница на која беше усвоена Програмата за поставување на урбаната опрема. Програмата ја поддржа мнозинството во Советот предводено од коалицијата на СДСМ, додека советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не гласаа. Претходно, во нивно име, координаторот Илија Илијоски рече дека програмата не е јасно прецизирана, била општа, имала недоречености, само нафрлени позиции.

„Ние комплетно стоиме зад интересите на граѓаните, но, во овој случај програмата што ја предлагате е нејасна. Не велам дека таа не чини, но, колку попрецизно и поконкретно ја појасните, толку подобро. Сметаме дека и' недостига дополнување, разработка, а притоа да бидат вклучени и засегнатите страни“, рече Илијоски.

Тој го прозва градоначалникот Андреј Жерновски дека е сомнително на 20 дена пред истекот на мандатот да се заангажира за овој потег, со оглед на тоа што имал на располагање 4 години да го смени предметниот Детален урбанистички план.

„Се' ќе направиме што е во интерес на граѓаните. Убеден сум дека огромен број граѓани се против да се уништи ова шеталиште. А, планот, за жал, не можевме да го смениме, ниту, пак, да отпочнеме постапка, оти најмалку 2,5 години чекавме дозвола од Конзерваторскиот центар. Во меѓувреме, улицата ја ‘браневме‘ со одлука за забранети градежни активности на туристичка зона“, истакна Жерновски.

Инаку, случајот со улицата се актуализираше викендов, откако на потегот започна да се подготвува градилиштето. Од Општината побараа запирање на градежните работи, а притоа обвинија дека Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обиделе да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните.

„За жал, оваа тема веќе подолг период се злоупотребува од страна на одредени институции, политичари и политички партии, кои се обидуваат да ги извртуваат фактите и се обидуваат да ја манипулираат јавноста за дневно-политички цели. Градот сака да ја информира јавноста дека изградбата на оваа пристапна улица со посебен сообраќаен режим е предвидена со ДУП, донесен од Општина Центар, а ја гради приватен инвеститор. Градот Скопје не е институцијата што ја има вцртано оваа улица и улицата нема да ја гради Градот“, стоеше во реакцијата од Град Скопје во која беше наведено дека Градот издал одобрение за градба врз основа на валиден документ, односно, ДУП кој е донесен од Општина Центар.

Сообраќајницата треба да ја гради „Дивелоп груп“, инвеститорот на зградата на „Телеком“, кој оваа обврска ја имаше со договорот за изградба на објектот. Но, во 2012 година со промената на ДУП за Мал Ринг, претходното раководство на Центар од подземна ја направи надземна улица. Во 2015 година Општината ги забрани градежните активности на Кејот, а набргу потоа Градот и' ги одзеде сите надлежности на Општината. Од Градот тогаш информираа дека оваа улица ќе биде само за дотур на стоки во одреден временски интервал, како и за возилата на „Телеком“.

Угостителите од Кеј не сакаат улица

На денешната вонредна седница беа присутни и сопственици, угостители од локалите на Кејот. Дојдоа да дадат поддршка на Општината која е против изградбата на улицата. „Категорично сме против улицата, пред се', заради безбедносни причини, а истовремено со изградба на улицата ќе се доведе во прашање и егзистенцијата на многумина од нас“, кусо изјави Мануел Тасевски, во името на угостителите.

Статијата е прочитана 546 пати.


Испрати коментар
Скопје го доби своето прво зелено пано „City Tree“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Облачно
Саб23
Нед17
Пон22
Вто24
Сре25
Чет23
Пет22
Саб22
Нед23
Пон21
НајчитаниНајкоментирани

ЕУ единствена околу преговорите за разводот од Лондон
Зошто на Македонија, и покрај политичкиот хаос, не ѝ се заканува граѓанска војна
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ