www.utrinski.com.mk
23 март 2017 09:22
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 16:18

Протест пред СЈО против притворот на Сеад Кочан



Вработените од „Трансмет“ и други компании на Сеад Кочан денеска го блокираа Специјалното јавно обвинителство. Блокирајќи ги улиците со тешка машинерија тие бараа да се повлече притворот за Сеад Кочан. Минатата недела тие протестираа пред Апелациониот суд, кој во четвртокот побара екстрадиција и спроведување во притвор на бизнисменот, осомничен во случајот „Труст“ на СЈО. Кочан десетина дена е во бегство, откако на 9 март Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор. Одлуката ја потврди Апелациониот суд во чија пресуда беше наведено дека на денот кога му беше одреден притвор, тој со возило ја напуштил земјава. 

Полицијата се` уште по него. Меѓународната потерница е активна, потрагата на МВР продолжува, изјави деновиве министерот за внатрешни, Агим Хухиу. Засега нема нови информации каде се наоѓа Кочан. Во одлуката на Апелациониот суд се наложува на Единицата за извиди и потраги по пронаоѓањето и лишувањето од слобода, Кочан да биде спроведен во истражниот затвор Скопје.

Кочан е првоосомничен во предметот „Труст“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство според кое Кочан заедно со уште две лица формирале конзорциум кој преку учество на тендер со фалсификувани документ добил тендер од државната ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. 

Статијата е прочитана 545 пати.


Испрати коментар
Иконен
Тежок ден за македонската политика
Документ за спас или за подлабока криза
Чавков - Пратениците ќе имаат непречен пристап во парламентот
Иванов во нови избори гледа излез од кризата
Спасовски не добил покана за распит кај Зврлевски
Филип Петровски на обвинителски распит поради „Твитер“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
7°СкопјеВреме
Претежно облачно
Чет22
Пет24
Саб24
Нед22
Пон17
Вто16
Сре20
Чет19
Пет18
Саб16
НајчитаниНајкоментирани

Која загатка ќе ја одгатне денеска СЈО?
Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата
Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ