www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:07
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.04.2017, 16:56

ДУИ сака да се амнестира од својата улога во кризата

Али Ахмети вели дека излезот е кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, иако неговата партија е се' уште во владата, а сака да биде дел од новото мнозинство

Татјана Поповска



Може ли ДУИ да се амнестира од одговорноста што ја има за состојбите во државата и за политичката криза со оглед на тоа што речиси десет години во континуитет се дел од владејачката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ? Ова е дилемата што се наметна во јавноста откако партискиот лидер Али Ахмети изјави дека одговорноста за решавање на политичките проблеми во земјава е кај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Тој по средбата со поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија Карл Билд изјави дека ДУИ досега направила се' и вложила многу напори за да се формира парламентарно мнозинство, но сега одлуката за излез од оваа ситуација и за продолжување на понатамошниот процес е кај големите македонски политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е тежок процес и треба внимателно да се однесуваме. ДУИ ги направи сите свои обврски од формирањето на новото мнозинство, ја дадовме нашата поддршка, но секако дека е потребно олеснување од нашите пријатели“, изјави Ахмети.

Ваквата позиција на Ахмети во политичките кругови беше протолкувана како обид на ДУИ да се амнестира за досегашното владеење со ВМРО-ДПМНЕ. Според поранешната пратеничка Ермира Мехмети, која долги години беше дел од раководството на ДУИ, очигледна е тенденцијата на партијата да се дистанцира од проблемите во државата што произлегоа како резултат на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Таа оценува дека ДУИ, уште на самиот почеток, кога излегоа прислушуваните материјали се поставила погрешно и на некој начин го легитимирала тоа владеење, со тоа што не ја напуштила владината коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Таа е децидна дека кај ДУИ лежи значаен дел од одговорноста за состојбите во државата, поради што не може сега одговорноста за излез од кризата да ја лоцира само кај ВМРО-ДПМНЕ и кај СДСМ.

„На пример ДУИ не може да тврди дека не беше дел од настаните на 24 декември, кога кандидатот за сегашен спикер ја координираше седницата со партнерите од владејачкото мнозинство. Кога се вели ’договор за коалиција‘ тоа подразбира заеднички привилегии, но и заедничка одговорност. Сега ДУИ сака да не' убеди дека, всушност, била англиска кралица во владеењето со ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа не проаѓа повеќе во јавноста и меѓу гласачите. И предолгото тактизирање на ДУИ наречено ’анализирање на петте опции‘ беше само показател колку е длабока зависноста помеѓу партнерите (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ н.з.), но и потребата за меѓусебно штитење“, додава таа.

Сличен е и ставот на академикот Абдулменаф Беџети, кој смета дека ДУИ ги мати сите работи затоа што не е искрена. Тој неодамна оцени дека решението треба да се бара во ДУИ и во притисокот кон неа од страна на меѓународната заедница за да дојде до деблокада на системот.

До тоа, според него, може да се дојде доколку ДУИ ги повлече своите луѓе од институциите, но не само министрите во владата, туку и директорите на институции, или „буквално, сите свои луѓе“.

За дел од политичките аналитичари во земјава интересна е тенденцијата на ДУИ, која секогаш се наметнувала како важен фактор во земјата, па дури и побара да биде дел од преговорите за решавање на проблемот со името, сега решението да го препушта на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на тенденцијата да се амнестира од одговорноста, во неформален разговор дел од нив дури прашуваат што била ДУИ досега - владејачка партија или невладина организација.

Во ВМРО-ДПМНЕ и вчера останаа на ставот дека за нив единствено решение за излез од кризата е организирање на нови предвремени парламентарни избори. За разлика од ДУИ во СДСМ се децидни дека проблемот во Македонија не може да се гледа како проблем меѓу само две партии, односно меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од партијата на Зоран Заев нагласуваат дека проблемот е во уривањето на уставниот поредок што го врши претседателот на Собранието, како и во спречувањето на демократските процеси со однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Статијата е прочитана 3307 пати.


Испрати коментар
Амбасадорска четворка на средба во СДСМ
Иванов не се чувствува одговорен за кризата
ВМРО-ДПМНЕ отвори фронт со Рама
od dedo dimo, 20.04.2017 00:36:16
Eh kolku bi bilo ubavo za DUI ( Ali) da moze so retusiranje da se izbrise od SLIKATA 10 -et godisnoto koaliciranje na DUI so DPMNE.
   15 |   9
bitola-1, 20.04.2017 06:52:19
Dui {uck}se amnistirala i za poteshki zlostorstva i kriminali,pa zoshto i za ova da ne se amnistira,iako e glaven igrac vo site politicko-kriminalni-zlostornicki nastani na shteta na RM i narodot.
   17 |   8
Bisera, 20.04.2017 07:03:29
Не ми се верува. Ермира Мехмети беше во собранијската сала кога се исфрлија пратениците и притоа се смееше. Додека беше пратеничка не изусти еден единствен збор на осуда на Вељаноски, Груевски или Али. Додека беше пратеничка еднаш не истапи на говорница со најмала критика за ВМРО. Додека беше пратеничка гласаше за именување на Тони Науноски во Комисија за Меѓуетнички односи. Со вакви Ермири и Љиљани Попоски СДСМ не ни заслужува подршка ни шанса за власт. За вакви лицемерки не смее да има толеранција.
   28 |   15
Oskar, 20.04.2017 08:28:02
Неприфатливо е дистанцирањето на ДУИ од настанатите проблеми кои тие ги предизвикаа со предолгото такризирање и размислување за своите услови за влез во коалиција со СДСМ, предвидувајќи дека тоа може да трае и 4-ри години, како и платформата која ја поставиа на прво место, како услов за коалицирање. За хаосот која оваа платформа ја предизвика во собранието и надвор од неа, по улиците на градовите ширум Македонија, ДУИ не само што не превзема никаков чекор за ублажуавање и смирување на ситуацијата, туку и се обидува да се дистанцира. Работата на пратениците е под нивото на сите можни критериуми за нивна нормална и ефективна работа, со кавгаџиски приземен говор на омраза кои води кон поделби и разгорување на и онака запалената ситуација. Должност на парламентарците е да ги решаваат проблемите а не да ги создаваат. Срамна и разочарувачка е сликата во собранието.
   24 |   11
Ј.М., 20.04.2017 09:53:01
Право збори Бисера. Ермирчето се освести откога остана надвор од листите. Таа беше нем сведок на 24 декември, така да е навистина подло и невкусно да го обвинува Али за нешто во што и таа самата има учествувано.
   21 |   11

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ