www.utrinski.com.mk
23 мај 2017 16:48
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:42

Едиторијал

Старата власт со план за спас

Александра М. Митевска

Јоханес Хан доаѓа повторно во Скопје за да се соочи и со застрашувачките предупредувања на Груевски дека Македонија е нападната

Минатиот месец, еврокомесарот Јоханес Хан отпатува од Скопје со оптимизам дека во скоро време ќе се формира нова влада во Македонија, базирана на принципите на договорот од Пржино и дека партиите ќе покажат демократска зрелост. Денеска, комесарот за проширување ќе слета повторно во македонската престолнина за, меѓу другото, да се соочи и со застрашувачките предвидувања на поранешниот и долгогодишен премиер, а сега лидер на најбројната парламентарна партија Никола Груевски дека можеме да останеме без држава, ако народот не ја одбрани, но од кого?

Четириесетина дена по последната посета на Хан, Македонија функционира се' уште без легитимна влада и во атмосфера која јасно го изразува ниското ниво на демократска зрелост на дел од носителите на високи државни и политички функции. Тие, и покрај јасно изразената намера на четири партии за формирање ново парламентарно мнозинство, продолжуваат да ги користат сите можни инсталации во системот за да оневозможат смена на власта. И притоа несмасно ги прекршуваат уставните принципи, повикувајќи се константно на народот – кој, нели, наместо да седи дома во „папучи“, треба да ја брани досегашната власт од досегашната опозиција, но и од довчерашните партнери на ВМРО-ДПМНЕ!

Сепак, и досегашната власт има(ла) свој план за спас – на државата која, според алармантните процени на Груевски, е нападната. Тој план не предвидува засега излегување на ВМРО-ДПМНЕ на улиците, кои веќе се зафатени од „народот без папучи“, туку станува збор за политичка платформа за излез од кризата која нема да ја наруши унитарноста на државата. Можеби, нешто како контраплатформа на платформата на партиите на Албанците, пред чие појавување, впрочем, и кризата имаше друга димензија, така што причините за неа се бараа кај оние кои сега повикуваат на одбрана на земјата.

А, пред само три месеци, на се' уште незавршени избори, Груевски му порача на народот кој се собра на протести пред ДИК дека ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори и странски посредници. Оттогаш, дејствувањето на досегашната владејачка партија и на нејзините поддржувачи помина низ повеќе метаморфози: од обиди за обновување на коалицијата со ДУИ (врз основа на истата платформа за која сега се бара да биде отфрлена од СДСМ) до идеи за изолирање на интегративците преку учество на ВМРО-ДПМНЕ во влада на СДСМ; од повици за чиста, а потоа за заедничка Македонија; од инсистирање на принципот „победник со победник“, до барања за нови избори...

Што е следното – ќе се знае веројатно вечерва, по средбата на Хан со Груевски, која, можеби, не случајно е ставена последна во агендата на еврокомесарот. Дали Хан ќе ги сфати сериозно предупредувањата на Груевски дека Македонија е нападната, како што експремиерот сосема сериозен и' го соопшти тоа на јавноста спроти најавената нова посета на претставникот на ЕК и на тројца европарламентарци? И дали тие ќе понудат своја идеја за одбрана на институциите на државата кои се заробени во овој момент – до степен кога е невозможно да се избере влада?

Статијата е прочитана 3811 пати.


Испрати коментар
Корејски рулет
ВМРО-ДПМНЕ пикира влада на широка коалиција
bitola-1, 21.03.2017 00:53:11
Kakov toa arshin ima grujo za toa koga e RM napadnata,RM e napadnata samo togas koga ke bide i toj licno napadnat {so pravo ili ne-istragata ke dokaze},a ne e napadnata koga se stavashe orelot i se krshese krstot vo Butel,a i Todor go izboksovaja vo srede Skopje,togas ne beshe napadnata RM,nebeshe ni koga bezakonski menuvaja iminja na ulici i shkoli,koga raselenite ne mozat da se vratat doma,koga poshtenite braniteli se ostaveni na marginite na izolacija i ponizuvanje,a uckite se vrabotuvaat vo administracija a nekoj i ne odat na rabota i zemaat plata i shto ne,tuku samo sega e napadnata,koga na grujo mu e tesno okolu vratot.Ti grujo i site dosega{1992-2017} kriminalizirani politicari,koj osven kriminalna strategija,dosega ne napravivte nacionalna strategija,site ste predavnici, kriminalci i zlo za RM
   88 |   45
jovan, 21.03.2017 00:53:11
Ovaa predavnicka bagra kupuva vreme za spas. Ke se obidat i parlamentot da go sabotiraat za da nema sednici, za da ostane onoj fikusot edinstvena institucija vo drzavava. Se ke pravat, i drzavava ke ja rasturat samo za da se spasat. Spas im nema, no sakaat i drzavata da ja povlecat vo propast.
   93 |   32
Ivan, 21.03.2017 04:26:41
Starata vlast mozebi dishe so poslednite sili i doaga so nekakov spas na RM od KRLEZITE odsem da cicate krv ne znaete nishto drugo. Koj znae shto vi imaat obekano, pa ste se zapnale da ni dokazite deka *megunarodnite* gi sakaat decata nashi/tvoj (ako gi imash) mnogu poveke od familijata nasha/tvoja zaedno so soprugot (ako postoi-go zalam). Svati ednash za sekogash deka site alb politichari a tuka e ovoj natrten i crpnat od (S)Murtino ne gi interesira voopshto RM, ne gi pochituvaat ustanovite i duri otidoa do toj stepen da ni se kazhe vlice deka nema Makedonci (a shto si ti) i se perdashat so znaminjata i jazikot. Skokni do Gostivar , Tetovo, Debar ili nis cela zapadna MKD pa pogledaj shto se sluchuva ako imash ochi da vidish ili ushi da slusnish a za glavata veruvam deka ti e polna so pilevina. Posle sve ova, se gleda navistina koj e gladen za vlast-slast
   38 |   97
GOCE SHESHKO, 21.03.2017 07:26:36
Gluposti !! kako mozi gruevski da bidi zastrasuvacki, koga eden Zaev nanese steta sto nikogas nema da bidi Makedonija na Makedoncite. Posle site ovie Zaevi Bombi nemozam nisto da vidam deka edna od niv explodira.
   45 |   102
прашање, 21.03.2017 08:28:10
Одличен текст.
   70 |   35
od ostrijot, 21.03.2017 09:18:28
preopreduvanjata na gruevski se realni samo pogresno svateni .ako narodot drzavata nea odbrani od nego NIKOLA GRUEVSKI togas stvarno keja snema.znaci narodot nema druga mogucnost osven da zeme stap vo raka i dagi izbrka site nasilnici na celo so gruevski od drzavata.
   79 |   39

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Облачно
Вто25
Сре21
Чет16
Пет18
Саб19
Нед21
Пон21
Вто23
Сре24
Чет25
НајчитаниНајкоментирани
 
Рама ја искористи платформата за поени во Албанија
Разочарување во Витлеем: Трамп ја одмина Базиликата на Исусовото раѓање
Балканот- колевка на човештвото?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ