www.utrinski.com.mk
23 мај 2017 16:42
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 17:20

Северниот Леден Океан стана ќор-сокак за пливачки отпад

Големи количества на пластични предмети се наоѓаат во водите источно од Гренланд и северно од Скандинавија

Северниот Леден Океан стана ќор-сокак за пластичен отпад што плови во северниот дел на Атлантскиот Океан, наведуваат научниците и предупредуваат на ризикот што го претставува тоа загадување за еден уникатен екосистем.

Големи количества на пластични предмети се наоѓаат во водите источно од Гренланд и северно од Скандинавија, иако тие области се ретко населени, па тука би се очекувало помалку отпад.

Овие наоди укажуваат на тоа колку е важно добро да се управува со собирањето на пластичниот отпад на изворот, бидејќи кога ќе стигне во океанот неговата дестинација може да биде непредвидлива, велат научниците. Полузатворените мориња како што е Средоземното Море, чиј брег е густо населен, се многу загадени со пластика. Меѓутоа, голема акумулација на пластика не се очекуваше во помалку населените поларни региони. Членови на експедицијата „Тара оушнс“, која беше спроведена во 2013 година, со помош на мрежи го собираа пластичниот отпад. Најголемиот дел од Северниот Леден Океан беше малку загаден со парчиња од пластика, се наведува во студијата. Сепак, таков отпад има многу во водите кај Гренланд и во Баренцово Море, во северниот дел на Норвешка и кај западна Русија.

Според истражувачите, стотици тони отпад и парчиња од пластика пливаат на површината, не сметајќи што е можно да се најде на дното на морето.

Собраните примероци од отпад укажуваат дека отпадот доаѓа од далеку, од брегот на северна Европа, Велика Британија или од истокот на САД. Дел од отпадот, исто така, можеби доаѓа од бродовите кои сообраќаат во локалните води, наведуваат истражувачите.

Тие го следеа движењето на пластичниот отпад во северниот дел на Атлантскиот Океан со 17.000 пловки со сателитски предавател. Набљудувањето потврди дека загадувањето кон поларните области следи струја наречена термохалинска циркулација.

Пластичниот отпад што плови по Северниот Леден Океан сега претставува помалку од три отсто од вкупниот отпад во светот, но би можел да се зголеми со таа морска струја. (Н1 инфо)

Статијата е прочитана 455 пати.


Испрати коментар
Фор сизонс“ гради хотел на Хвар во вредност од милијарда куни
ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Париз
На што ќе потроши 7 милиони куни канцеларијата на претседателката?
Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Трезор
Французин со полициско досие го извршил нападот во Париз
Уапсен бомбашот од Дортмунд

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Облачно
Вто25
Сре21
Чет16
Пет18
Саб19
Нед21
Пон21
Вто23
Сре24
Чет25
НајчитаниНајкоментирани
 
Рама ја искористи платформата за поени во Албанија
Разочарување во Витлеем: Трамп ја одмина Базиликата на Исусовото раѓање
Балканот- колевка на човештвото?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ