www.utrinski.com.mk
30 април 2017 13:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 15:32

ФОТО: Концерт на Влатко Стефановски и Биг бендот на оркестарот на словенечката армија - Музичко обединување на два темпераменти

Мајсторската инструментална вештина на Влатко Стефановски, со динамичната оркестарска изведба на словенечкиот Биг бенд создадоа една весела и „питка“ како „бистра вода“ музичка приказна

ФОТО: Киро Попов

Колку и да е познат, колку и да сте го слушале концертниот репертоар на Влатко Стефановски, тој на секој свој нов настап успева да создаде ново доживување на музиката што ја изведува, а во која неговата посветена публиката очигледно го препознава и својот емотивен код. На најновото концертно случување во средата, на 19 март, Влатко Стефановски пред скопската публика во Метрополис арена, својата музика ја претстави во „биг бенд варијанта“ и тоа благодарение на соработката со Биг бендот на оркестарот на словенечката армија. Поврзувањето на двата музички темперамента - македонскиот и словенечкиот, како и спојувањето на индивидуалната мајсторска инструментална вештина на Влатко Стефановски, со динамичната оркестарска изведба на словенечкиот Биг бенд, во средата, создаде една весела и „питка“ како „бистра вода“ музичка приказна, која ексклузивно се доживува.

Уште на почетокот на концертот, во „Не си го продавај Кољо чифликот“, се чувствуваше дека гитарата на Влатко има создадено одлична комуникација со словенечкиот Биг бенд. Во „Џипси сонг“ (песна која често се нарекува „Шутка и Топана“) публиката веќе беше соживеана со единствениот звук и музичката енергија што зрачеше од сцената. Секоја нова песна, како: „Као какао“, „Јовано, Јованке“, „Успаванка за Радмила М.“ (песна од албум на „Бијело дугме“ на која Влатко гостувал со гитарски делници на снимањето), „Бистра вода“ (од времето на „Леб и сол“- песна која ретко ја изведува на концерти), но и „Свита квазибалканика“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Пајдушко“, „Чукни во дрво“... звучеше како бродење по познати води, но со возбуда на нови бранувања.

Но музичката приказна на Влатко Стефановски и словенечкиот армиски Биг бенд продолжи со изведби и од концертниот репертоар на гостите од Словенија, кога диригентот на бендот се „трансформираше“ во вокален солист. Влатко несебично го поддржа Биг бендот во изведбата на нивниот репертоар, со свои гитарски делници, кога прозвучеа навистина единствено. Сите што беа во „Метрополис арена“ во средата на 19 април, добија вистинско ексклузивно концертно доживување. (Ј.П.)

Статијата е прочитана 1319 пати.


Испрати коментар
Намалете со благо и бидете позитивни
Хуманитарниот семеен базар не' сплотува сите
Меган Маркл - Услов за присуство на свадбата на Пипа Мидлтон
Џулија Робертс - Најубава жена на светот по петти пат
Што прават
Австрискиот канцелар разнесуваше пици
(ВИДЕО) Грчки „летачки поп“ стана хит на интернет

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
11°СкопјеВреме
Облачно
Нед17
Пон20
Вто25
Сре25
Чет22
Пет21
Саб23
Нед25
Пон25
Вто23
НајчитаниНајкоментирани

Луначек: Курц ги дискредитира Австрија и ЕУ со поддршката за Груевски
ЕУ единствена околу преговорите за разводот од Лондон
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ