www.utrinski.com.mk
23 април 2017 12:03
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 15:42

Новиот Луна-парк ќе биде отворен наредното лето

Седум реквизити ќе бидат пуштени во употреба до август идната година, како дел од првата фаза од проектот. Луна-паркот комплетно треба да биде готов до крајот на 2018 година

Деспина Трајковска-Димова

Новиот Луна-парк ќе ги отвори вратите во август наредното лето. Тогаш ќе бидат пуштени во употреба 7 реквизити, како дел од првата фаза од новиот забавен парк кој почна да се гради неодамна. Градоначалникот Коце Трајановски вчера направи обиколка на стариот забавен парк на чие место практично почна да се гради новото катче. Градежните работи и' се доверени на струмичката фирма „Жикол“, која за сработеното ќе добие околу 1,6 милиони евра. Предвидено е новиот Луна-парк да биде комплетно готов до крајот на 2018 година.

„Изминатиов период започна реализацијата на капиталниот проект за изградба на нов забавен парк, со што скопјани, по 44 години ќе добијат нов, модерен луна парк. Тој ќе се гради на истата локација како стариот, ќе биде на површина од околу 25.000 квадратни метри и со изградбата нема да се зема од зеленилото од Градскиот парк. Новиот забавен парк ќе се гради фазно, во повеќе години. Изградбата, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе чини околу 400 милиони денари, или околу 6,5 милиони евра“, посочи денеска Трајановски.

Тој појасни дека изведбата на првата фаза од паркот значи изградба на нова инфраструктура и објекти кои се неопходни за функционирањето на забавниот парк, како што се влезно излезна партија, објект за администрација, тоалети и други придружни објекти, партерно и хортикултурно уредување, за што се издвоени околу 101 милион денари.

Како дел од оваа прва фаза е и поставување на седум реквизити, еден адреналински, еден воз на шини, два полуадреналински реквизита и три детски. За нив ќе се потрошат околу 130 милиони денари.

„Во рамки на целиот проект за изградба на новиот забавен парк во Скопје ќе бидат набавени и поставени вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини“, рече Трајановски.



Тој напомена дека Луна-паркот веќе е затворен за посетители. Дел од реквизитите се во употреба и префрлени на градскиот плоштад, а дел се демонтирани и се наоѓаат во складот на ЈП „Паркови и зеленило“, кој практично стопанисува со Луна-паркот. „Дискотеките коишто се лоцирани во постојаниот парк, ќе работат и оваа сезона“, додаде градоначалникот.

Засега е сигурно дека за новиот парк ќе се трошат пари само од градскиот буџет. Иако се најавуваше, Владата не даде свој финансиски придонес за реализација на проектот. Градските власти неодамна посочија дека изведбата ќе се одвива во фази, при што и финансиските средства за изградбата на паркот се планира да бидат обезбедени од буџетите на Град Скопје во текот на 2016, 2017 и 2018 година.

Инаку, во изминативе речиси пет години, колку што се најавува проектот, беше планирано Градот да најде фирма која ќе го финансира, дизајнира и изгради паркот, а за возврат требаше да добие можност да стопанисува со него 35 години. Но, надлежните се откажаа од тоа, бидејќи немаше заинтересирани и по неколкуте повици. Се потроши време и на измена на првичниот проект, како и на неколку неуспешни тендери, како за изработка на проектот, така и за избор на изведувач.

Статијата е прочитана 467 пати.


Испрати коментар
(ФОТО) Принцезата од Тајланд во посета на Македонија
Протест во Париз пред првиот круг од изборите
Миноски - Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
ЕЛЕМ нема да бара поскапување на струјата
Референдум во Гевгелија за рудниците за злато
Франција на претседателски избори од кои зависи иднината на ЕУ
Комисии ќе ги испитуваат штетите кај овошните и лозовите насади
Вонредна владина седница за штетите од ниските температури
Македонија дел од одбележувањето на Светски ден на планетата Земја
СДСМ - Трајановски веднаш да го смени директорот на Водовод
Повредени двајца полицајци при претрес на осомничен нарко дилер
Тодоров - Вакцините се безбедни, родителите да не го одложуваат вакцинирањето
Пациенти во поликлиниката „Ѓорче Петров“ нападнале полицаец
Брисел препорачува реформи и соработка во Западен Балкан, наместо опасни изјави
СДСМ - Спречувањето на мирен трансфер на власта значи блокада на државниот систем
ВМРО-ДПМНЕ - Нема да се реализира тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат
ММФ и Светска банка - Македонската економија е стабилна и покрај политичката криза
Прва средба на Трамп и Гутереш во „добра дискусија“
Дванаесет лица загинаа во насилства и грабежи во Каракас, 1.500 уапсени од почетокот на протестите
Најмалку 140 авганистански војници убиени во напад на талибанците
Јужна Африка - Во сообраќајна несреќа загинаа 20 деца
„За заедничка Македонија“ бара избори за излез од кризата
Собранието во понеделник ќе ја продолжи конститутивната седница
Џорџ Сорос следната недела во посета на седиштето на ЕУ
Дипломатите бараат да запре незаконското пополнување на амбасадите
Кукан гледа сериозна политичка криза во Македонија
И Тиквешијата е против отворање рудници под Кожуф
(ФОТО) Оган проголта три бараки на „Партизански одреди“ во Скопје
По булеварите ќе „никнат“ 4.000 заштитни столпчиња
Крадци на акумулатори нападнале полицаец во Прилеп
Ограбен манастирот „Света Богородива Балаклија“ во Делчево
Нигерија - Електричен кабел усмрти 30 навивачи на Манчестер јунајтед
Горат бараките карши Педагошка
Ученик нападнал наставник во училиште во Гостиварско
Французин со полициско досие го извршил нападот во Париз
„Џудишал воч“ со тужба на Стејт департментот бара одговори за тоа како се трошеле парите во Македонија
ВМРО-ДПМНЕ - Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава
СДСМ - Со блокадата на Парламентот се загрозуваат државните интереси
Вашингтон се подготвува за формално обвинение и апсење на Џулијан Асанж
Ахмадинеџад дисквалификуван од претседателската трка
Уапсен бомбашот од Дортмунд
Инвеститорот тврди дека рудникот во Казандол нема да ја загрози животната средина
Студено утро со негативни температури, снег во Маврово и Крушево
Албанската опозиција најави радикализација на протестите
Продолжува конститутивната седница на Собранието
Трамп се премисли и за ЕУ, сега ја сака силна

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ