www.utrinski.com.mk
23 април 2017 11:56
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:16

Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп

Ќе бидат поместени 30 дела од уметници учесници на ликовната колонија

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, утревечер, од 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од 20. издание на Интернационалната ликовна колонија „Михајлово“ од Кавадарци. Ќе бидат поместени 30 дела од уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Словенија, Романија, Полска, Косово и Турција.

„Делата што ќе ги види публиката сведочат за специфичноста, духовното и културното наследство, а пред се за вклопувањето на различни генерации сликари од различни култури. На колонијата ’Михајлово’ егзистира заедницата на личности и етноси“, ќе забележи историчарот на уметност Јованка Андонова.

Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп укажува дека веќе две децении колонијата, која ја организираат Домот на културата ’Иван Мазов-Климе’ и Ликовниот салон на Кавадарци, се вбројува меѓу најуспешните во земјата и на неа со својата работа се претставија стотици ликовни уметници од целиот свет, меѓу кои и неколкумина прилепски уметници.

Статијата е прочитана 870 пати.


Испрати коментар
Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ