www.utrinski.com.mk
29 јуни 2017 07:25
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 14:44

На што ќе потроши 7 милиони куни канцеларијата на претседателката?

Канцеларијата на претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ оваа година за јавни набавки ќе потроши повеќе од седум милиони куни (940.000 евра), пари на даночните обврзници. За свежа риба од прва класа ќе бидат потрошени 200 илјади куни (27.000 евра). Толку е планирано да се набави.

Канцеларијата на претседателката лани поништи еден тендер, кој беше токму за риба. Тогаш таа рече дека не се занимава со јавните набавки. Но не е само риба на менито. Како и минатата година, ќе потроши за сирење 25 илјади (3.400 евра) а за кафе и чај 50 илјади куни (6.800 евра).

За 160 илјади куни (21.500 евра) се планира набавка на алкохолни и безалкохолни пијалаци. А ќе има и месо и месни производи.

Покрај канцелариски материјал, нешто мебел, тонери и мастило, на Пантовчак треба да се поправи и терасата, што ќе чини 49 илјади куни (6.500 евра). Треба да се сервисираат и косилките и градинарската опрема и да се одржуваат уредите за разладување.

Им требаат и нови знамиња за 80 илјади куни (11.000 евра). Исто колку и лани. На службени патувања, како што стои во јавните набавки, ќе бидат потрошени 890 илјади куни (120.000 евра). Тука спаѓаат авионските карти, хотелско сместување. Сите износи се без ДДВ. (Н1инфо)



Статијата е прочитана 272 пати.


Испрати коментар
Фор сизонс“ гради хотел на Хвар во вредност од милијарда куни
Северниот Леден Океан стана ќор-сокак за пливачки отпад
ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Париз
Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Трезор
Французин со полициско досие го извршил нападот во Париз
Уапсен бомбашот од Дортмунд

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Сончево
Чет37
Пет37
Саб38
Нед31
Пон23
Вто26
Сре30
Чет30
Пет30
Саб30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ