www.utrinski.com.mk
23 април 2017 12:01
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 15:45

Меѓународната вселенска станица доби ново друштво

Сојузна вселенска ракета со специјална капсула вчера беше лансирана кон Меѓународната вселенска станица, а нејзини патници беа еден американски астронаут на кого тоа му е прва вселенска мисија и еден руски космонаутски ветеран.

Времетраењето на летот на астронаутот Џек Фишер од НАСА и Русинот Фјодор Јурчихин изнесуваше шест часа и десет минути. Вселенската станица се наоѓа на околу 400 километри над Земјата. Девет минути по лансирањето ракетата веќе можеше да се види во орбитата, а астронаутите пуштија да плута мало полнето бело куче закачено на јаже, во знак на успешното лансирање.

Фишер и Јурчихин ќе се придружат таму на тимот кој се состои од Пеги Вајтсон од НАСА, Русинот Олег Новицкај и Французинот Томас Писке.

Двајцата американски астронаути в понеделник имаат закажано разговор со претседателот Доналд Трамп. Тој ден Вајтсон, која е прва жена командант на Меѓународна вселенска станица, навршува 535 дена престој во вселената, што е најдолго време досега што го поминал таму еден американски астронаут. Досега рекордот го држеше Џефри Вилијамс. Вајтсон која има 57 години е исто така најстара жена во вселената. Таа треба да се врати на Земјата во септември.

Фишер и Јурчихин, на кого ова му е петти вселенски лет, ќе поминат повеќе од четири месеци на кружечката вселенска станица пред и тие да се вратат во септември. (АП)

Статијата е прочитана 284 пати.


Испрати коментар
Трезор
Тинк-тенк група блиска до Путин изготвила план за влијание врз изборите во САД
Иранците се собираат за шопинг и ноќен живот во Ван, Турција

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ