www.utrinski.com.mk
27 април 2017 03:20
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
19.04.2017, 16:55
Гонзалес: Одиме на победа уште на првиот дуел со Флензбург



Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, на денешната прес-конференцијата пред заминувањето за Германија на дуелот со Флензбург рече дека неговите избраници се подготвени и ќе одат на победа и на првиот дуел.

- Треба да играме повторно четвртфинале во Лигата на шампионите. Ние сме подготвени, иако Игор Карачиќ цела недела не тренираше, бидејќи беше болен и не знаеме дали ќе игра во Германија, но сите други тренираа 100 отсто. Ако сакаме да успееме не треба да го чекаме дуелот во Скопје туку треба и таму да бидеме добри. Ние треба да се обидеме да победиме таму, иако тие имаат добра одбрана и напад. Треба да играме како на Ф4 во СЕХА лигата. Очекувам дека ќе биде тешко но имам доверба. Сакам да играме на Ф4, но треба да знаеме дека треба да го искористиме натпреварот таму, нагласи Гонзалес.

Вардар по четврти пат по ред ќе игра во четвртфиналето, разликата е што сезонава македонскиот првак влезе како тим што ги прескокна осминафиналните натпревари бидејќи во групната фаза заврши како првопласиран. Тоа досега го нема постигнато ниту една македонска екипа, ниту пак некоја македонска екипа четири сезони е меѓу осумте најдобри тимови.

Останува да се направи чекорот напред што сите го очекуваат исто како и Едуард Кокшаров, спортски директор на Вардар.

- Екипата на Флензбург е добра и се бори за првак на Германија и има добри резултати зад себе. Нас не очекуваат два тешки натпревари, нема да ни биде лесно. Ако гледаме што беше направено досега, ние заслуживме да го добиеме резултатот што ни треба. Кога дознавме дека ќе играме со Флензбург, моите ракометни пријатели ми велеа дека нема да ни биде лесно. Јас имам желба овие два дена кога ќе играме со Флензбург, главен да биде ракометот, а не некои други игри, потенцира Кокшарев.

Голманот Штербик очекува два тешки натпревара.

- Тука сме онаму каде што сакавме и каде ни е местото. Со Флензбург ќе се бориме да стигнеме до тој Ф4 во Келн. Имаме еден противник што многу го почитувам, последниве сезони ја освојуваа и ЛШ и во Германија нешто значат. Мислам дека имаме екипа, и ако ги гледаме резултатите преку сезоната треба да ја бараме шансата, а таа шанса е добра да го минеме Флензбург. Нема да биде лесно, но уверен сум во екипата, во публиката и во цела Македонија. Тој еден чекор напред го заслужува и Вардар и македонскиот народ кои со години е со нас и го чекаат овој резултат, рече Штербик.

Натпреварот Флензбург – Вардар се игра в сабота во Германија.
Статијата е прочитана 1067 пати.


Испрати коментар
Наградниот фонд за „Ролан Гарос“ зголемен на 36 милиони евра
НБА плеј-оф - Хјустон ја елиминира Оклахома, трети победи за Сан Антонио и Јута
Челзи се приближува кон трофејот
Шкендија шест натпревари домаќин без публика
Финале за ЖРК Вардар во регионалната лига
Шарапова доби специјална покана за Ролан Гарос
Гонзалез - Подготвени сме за пласман на фајнал фор
Голден Стејт избори конференциско полуфинале
Штербик во тимот на колото, Дибиров со најубав гол
Бостон и Јута изедначија, Кливленд прв четвртфиналист во НБА плеј-офот
Меси донесе победа за Барселона на „Ел Класико“ во Мадрид
Вардар го порази Шкупи во Чаир
Надал до 10.титула во Монте Карло
Мемфис по продолжение го совлада Сан Антонио
Челзи прв финалист во ФА купот
МЗТ поразен од Работнички во Супер лигата
Работнички и Македонија ЃП одиграа нерешено
Вардар го совлада Флензбург
Вестбрук ја донесе првата плеј оф победа сезонава за Оклахома
Гофан преку Ѓоковиќ до полуфиналето во Монте Карло
Крај на сезоната за Ибрахимовиќ
Македонија во група со Србија и Шведска за квалификациите за ЕП 2018
Поранешниот англиски репрезентативец Ехиогу почина на тренинг
Лига Европа - Јунајтед ја доби Селта, Ајакс против Олимпик Лион
Реал против Атлетико, Монако со Јувентус во полуфиналето на ЛШ
Мурињо - Повредата на Ибрахимовиќ изгледа сериозно
Леброн го предводеше Кливленд до најголемиот пресврт во историјата на НБА плеј-офот
Јунајтед и Ајакс по продолженија, Лион на пенали до полуфиналето во ЛЕ
Гонзалез ги врати во репрезентацијата Ристовски, Јоновски и Прибак
Ниту 51 поен на Вестбрук не беа доволни Оклахома да го избегне поразот од Хјустон
Вардар првпат во ТОП 3 во рангирањето на ЕХФ
Јувентус и Монако полуфиналисти
Пелистер против Шкендија во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија
Капитенска вербална, па физичка пресметка го прекина мечот Шкендија – Вардар
Самсоненко - Ако има судиска неправда ќе се повлечам
Инцидент во Мадрид - Полицијата отстранила тројца фудбалери на Баерн од соблекувалната на судијата
Роналдо стигна до 100 гола во Лигата на шампионите
Чикаго поведе со 2-0 против Бостон
Анчелоти го впери прстот во судиите

Денот низ фотографии

Најнови вести
10°СкопјеВреме
Делумно облачно
Чет26
Пет26
Саб22
Нед15
Пон20
Вто22
Сре22
Чет20
Пет20
Саб18
НајчитаниНајкоментирани

Илјадници ѓуленисти уапсени во Турција
Наместо демократијата, Иванов „го јакнел православието“
Победниците на најголемиот светски натпревар на фотографии
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ