www.utrinski.com.mk
23 март 2017 09:13
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:33

Цебит: Иднината е роботизирана и вмрежена

Новите технологии покажуваат дека бизнисот и секојдневното живеење во блиска иднина значајно ќе се изменат

Повеќе од 3.000 излагачи од 70 земји неделава ги презентираат производите и најновите технологии на годинешниот Цебит, најголемиот германски саем на дигитална технологија, кој традиционално се одржува во Хановер. Присутните технолошки новини го преобразуваат бизнисот онаков каков што го знаеме сега, но и секојдневниот живот. Или, како што нагласуваат љубителите на новите технологии, саемските манифестации од типот на Цебит, овозможуваат да се фрли поглед кон иднината и како таа ќе изгледа. Годинава на Цебит се очекуваат над 200.000 посетители.

„Иднината е тука“, пишуваат германските медиуми по разгледувањето на штандовите на саемот, еден од најголемите од овој вид во светот. Меѓу другите производи, вниманието го привлекуваат самостојни возила, беспилотни летала, очила за виртуелна реалност, хуманоидни роботи кои се подготвени да работат на хотелска рецепција, дронови за доставување пошта... Сепак, како новина на годинешнава манифестација се издвојува вмрежувањето, односно се поголемата меѓусебна поврзаност на новите технологии, интернетот на нештата и низа проекти кои ги промовираат големите компании. Така Дојче телеком, годинава ќе почне со проект за паметен паркинг во Хамбург, и предвидува сите јавни места за паркирање да бидат опремени со сензор кој препознава дали просторот е на располагање. Ваквите информации ќе може да се проверат во реално време преку апликација на паметните мобилни телефони, со што како што се претпоставува, наоѓањето на слободно паркинг-место ќе биде побрзо и полесно.

Вештачката интелигенција исто така е се' поприсутна, а линијата што ги дели луѓето и роботите незапирливо се намалува. Машините, како што пишува Дојче веле, со помош на вештачка интелигенција, се се' поспособни за самостојна интеракција со луѓето, а наскоро би можеле да заменат многу работни места. Но, не само тоа - тие можат да работат и заедно со луѓето.

„Ние сме изложени на технологија која ја олеснува интеракцијата меѓу роботите и луѓето, толку многу што тоа е речиси исто како двајца луѓето да комуницираат“, вели Мохамад Мехди Монири од германскиот Истражувачки центар за вештачка интелигенција. Со очила за виртуелна реалност, тој единствено треба да ги движи прстите низ воздухот пред него за роботот кој се наоѓа во близина да се движи соодветно.

Овој вид на тимска работа може да помогне при извршување на опасни задачи, како деактивирање на бомба или работа во простори со штетни хемикалии. „Можете да испратите робот каде што не можете да испратите луѓе, а потоа да ја контролирате целата работа од тука“, објасни Монири.

Меѓу новините е и таканаречениот ексоскелет, којшто го развија американската „Ексо бионик“ и „Водафон“. Станува збор за структура слична на робот кој парализираните лица можат да го носат на себе и им помага да одат. Виртуелниот нервен систем реагира на движењата на горниот дел од телото и согласно тоа ја придвижува едната нога пред другата. Овој производ засега се користи само во болниците, а еден од ограничувачките фактори е и неговата цена - чини околу 120 илјади евра. Иако крајната цел е овој робот да биде подготвен за секојдневна употреба, засега потребно е користење патерици и помош од уште едно лице.

Статијата е прочитана 138 пати.


Испрати коментар
ЕСС - Политичката криза да не влијае на договорените економски и социјални политики
Бензините и дизелот поевтинуваат за два денара
Бизнисмените не сакаат брзо менување на законите

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
7°СкопјеВреме
Претежно облачно
Чет22
Пет24
Саб24
Нед22
Пон17
Вто16
Сре20
Чет19
Пет18
Саб16
НајчитаниНајкоментирани

Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата
Републиканците, интересите на Русија и нападите врз Сорос во Македонија
Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ