www.utrinski.com.mk
30 април 2017 12:54
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:19

Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов



На манифестацијата „Во чест на поетот“, по повод 35-годишнината од неговата смрт, се одржаа неколку културни настани

Со положување цвеќе и беседа пред неговата биста во дворот на Домот на културата, со промоција на книга, изложба на цртежи и со премиерна проекција на филм, вчера се чествуваше големиот македонски поет и еден од основоположниците на современата македонска книжевност Ацо Шопов (1923-1982) во неговиот роден град Штип. Организатор на традиционалната манифестација „Во чест на поетот“ и годинава, на 35-годишнината од смртта на поетот, беше штипскиот Центар за култура што го носи името на Шопов.

„Секоја година редовно ги одбележуваме денот на раѓањето, 20 декември, и денот 20 април, кога физички се разделивме од бардот на современата македонска поезија. Тие два датума не' обврзуваат на чествување на ликот и делото на Шопов. Во програмата на ‘Во чест на поетот‘, манифестација што се одржува уште од 1983 година, редовно имаме содржини од повеќе сфери на културата и уметноста“, истакнува Трајче Кацаров, уметнички раководител на Центарот за култура „Ацо Шопов“.

По чествувањето пред спомен-бистата на Шопов, денеска се одржа промоција на најновата стихозбирка „Непроѕирна светлина“ од писателот Благој Самоников, па изложба на цртежи од Драган Ристов во фоајето на Домот на културата, а за синоќа на „Сцена 100“ во Домот беше закажана премиерна проекција на филмот „Малиот гангстер“.

„Горд сум што бев еден од првите организатори на ‘Во чест на поетот‘ што годинава се одржува по 34. пат и среќен сум што мојата седумнаесетта книга се промовира токму на денот кога го чествуваме големиот Шопов. Насловот на стихозбирката ‘Непроѕирна светлина’ ја крие тајната на светлината од другата страна на мракот, каде што егзактно не може да се продре, па тој простор се исполнува преку интуицијата. Целта на авторот е да го разбуди љубопитството кај читателот да продре во тајните што го преокупирале при пишувањето на песната“, нагласува поетот Благој Самоников.

Драган Ристов, новинар по професија, денеска ја имаше третата самостојна изложба на цртежи.

„Првите две изложби ми беа цртежи со молив на луѓе, портрети, а сега изложувам дваесеттина цртежи работени со мастило, туш, некаде и со по малку боја, на тема стара архитектура и воопшто архитектура“, вели Ристов.

Ацо Шопов во родниот Штип завршил основно и средно образование, кога и првпат почнува да пишува поезија, а по ослободувањето дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Активен учесник во НОБ бил од 1941 година. Неговата прва збирка „Песни“ од 1944 година е прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Бил претседател и член на Друштвото на писателите на Македонија од неговото основање во 1947 година, прв претседател на Советот на „Струшки вечери на поезијата“, член на Македонската академија на науките и уметностите од нејзиното основање пред половина век, бил и претседател на Сојузот на книжевни преведувачи на СФРЈ и претседател на Сојузот на писатели на Југославија, директор на неколку издавачки куќи и главен уредник на повеќе македонски списанија... (Љ.Ш.)

Статијата е прочитана 1035 пати.


Испрати коментар
„Травијата“ со Ана Дурловски за отворање на 45. Мајски оперски вечери
Отворена постхумна изложба на Нове Франговски
Концерти на Миха Погачник за интеграција во ЕУ
Успешна изведба на „Дениција“ во Брисел
Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во НУБ „Св. Климент Охридски“
„Плакати“ од Михајло Арсовски на изложба во МСУ
Харлан - „Кјубрик најмногу се интересираше за политиката“
Фестивалот на монодрама Битола од 5 до 9 мај
И „Лолита“ на Скопje филм фестивал
Екипата на „Ах, љубов моја“ се поклони во „Милениум“
Светот се' уште е „гладен за книги“
Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
11°СкопјеВреме
Облачно
Нед17
Пон20
Вто25
Сре25
Чет22
Пет21
Саб23
Нед25
Пон25
Вто23
НајчитаниНајкоментирани

Луначек: Курц ги дискредитира Австрија и ЕУ со поддршката за Груевски
ЕУ единствена околу преговорите за разводот од Лондон
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ