www.utrinski.com.mk
29 април 2017 21:31
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 15:33

Концерти, предавања и франкофонски средби за Меѓународниот ден на франкофонијата

„Францускиот јазик е нешто што ги соединува и приближува луѓето на сите континенти“, рече амбасадорот на Франција во нашата земја, Кристијан Тимоние

Недела на француски филм и кујна, предавања и концерти од француски изведувачи, франкофонски средби и регионален форум за француски јазик се дел од активностите кои ќе се реализираат по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на франкофонијата - 20 март, а кои денеска на прес-конференција беа најавени од Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.

„Сакаме да ја одбележиме франкофонијата во Македонија во сите свои богати димензии, посебно преку двојазичните паралелки во средните училишта, професионалната пракса во компаниите преку универзитетската агенција за франкофонија и на полето на културата, чии корени особено на Балканот се многу длабоки“, изјави амбасадорот на Франција во нашата земја, Кристијан Тимоние, кој посочи дека „францускиот јазик е нешто што ги соединува и приближува луѓето на сите континенти, а Меѓународната организација на франкофонијата е едно големо семејство на разновидност на пракси и повод за нови размени“.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на франкофонијата в петок ќе се одржи регионален форум „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“ и ќе бидат доделени наградите од фото натпреварот „Зборувам француски“. Концерти ќе одржат и францускиот поп-изведувач Шарл Батист, како и пијанистот Ришар Клајдерман, а во Македонската академија на науките и уметностите свое предавање ќе има математичарот Седрик Вилани.

Инаку, Македонија во Меѓународната организација на франкофонијата членува од 2006 година и денес во нашата земја има повеќе од 50.000 активни говорители на францускиот јазик во најразлични општествени сектори.

Статијата е прочитана 795 пати.


Испрати коментар
„Плати со поезија“ во Скопје и во Велес
Одбележан Светскиот ден на раскажувањето
Големи и мали
Нови автори од „Апсолутно модерен“ во Скопје

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Облачно
Саб23
Нед17
Пон22
Вто24
Сре25
Чет23
Пет22
Саб22
Нед23
Пон21
НајчитаниНајкоментирани

ЕУ единствена околу преговорите за разводот од Лондон
Зошто на Македонија, и покрај политичкиот хаос, не ѝ се заканува граѓанска војна
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ