www.utrinski.com.mk
24 мај 2017 19:56
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 14:09

Бившиот управник на затворот не е виновен за грабнувањето на Милошевиќ

Вдовицата на Милошевиќ, Мира Марковиќ, го тужеше Драгиша Блануша дека го грабнал нејзиниот сопруг при испорачувањето во Хаг

Белградскиот Виш суд го ослободи Драгиша Блануша, некогашен управител на Окружниот затвор во Белград, од обвинението на Мира Марковиќ дека го грабнал нејзиниот сопруг Слободан Милошевиќ при испорачувањето во Хаг.

Според обвинението, Блануша наводно на 28 јуни 2001 година дозволил непознати лица да го одведат Милошевиќ од затворот, а потоа да го префрлат во притвор во затворот во Хаг, каде што и умре на 11 март 2006 година.

Со истата пресуда Блануша поради недостиг од докази е ослободен и од обвинението дека неовластено ја објавил книгата „Го чував Милошевиќ“, која зборува за притворските денови на бившиот претседател на Србија и Југославија Слободан Милошевиќ, пред неговото испорачување на Хаг. Судот поради застареност ја одби тужбата против Блануша и за неовластено објавување фотографии на Милошевиќ направени во притворот.

Пресудата е изречена на обвинението кое Милошевиќ и неговата сопруга Мира Марковиќ во 2005 година преку ополномоштеник го поднесоа против Блануша.

Милошевиќ во меѓувреме умре во притворот во Хашкиот суд, а Марковиќ повеќе од десет години е надвор од Србија, поточно во Русија каде што доби политички азил. Таа има право да вложи жалба против оваа пресуда.

Историјата на овој судски процес, кој влезе во 15. година, тргна со казнена пријава против Блануша, која ја поднесе полномошник на Слободан Милошевиќ, тогаш веќе притворен во Хашкиот суд.

Откако некогашното Петто општинско јавно обвинителство во 2002 година ја отфрли казнената пријава, полномошникот на Милошевиќ на 21 мај истата година поднесе барање за спроведување истрага против Блануша. Во таа казнена постапка против Блануша во 2005 година беше подигнато обвинение од страна на полномошник на оштетените како тужители – Слободан Милошевиќ и неговата правна наследничка Мира Марковиќ.

Со тоа обвинение Блануша се товареше за две казнени дела – злоупотреба на службената положба и неовластено фотографирање и грабнување.

Откако Милошевиќ умре во притворот во Хаг, неговата вдовица преку полномошник го продолжи казнениот прогон на Блануша. Кратко по испорачувањето на Милошевиќ во Хаг, тогашниот министер за правда Владан Батиќ го смени Блануша од местото управител на Окружниот затвор во Белград. (Ал џезира)

Статијата е прочитана 493 пати.


Испрати коментар
Трезор
Последната епизода од сагата за Херцег-Босна во Хаг
Пак протести против полициско насилство во Париз
Свет - Вести
Внуката на Мандела против партијата на дедото
Мартин Шулц ќе ја предизвика Ангела Меркел
Олдтајмерите на колекционерот од Алепо

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
16°СкопјеВреме
Облачно
Сре22
Чет17
Пет16
Саб19
Нед21
Пон23
Вто26
Сре27
Чет28
Пет28
НајчитаниНајкоментирани
 
Путин: Внимателно следиме што се случува во Македонија
Брегзитот е огромно градилиште
Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кина за првпат по 1989 година
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ