www.utrinski.com.mk
23 јануари 2017 07:28
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 15:53

Неделкова без право јавно да се пожали на вонредното бодување

Првиот човек на Судскиот совет Караџовски не беше прецизен ниту кога ќе биде извршен конечниот избор, но се надева дека тоа ќе се случи до крајот на месецот

Судскиот совет денеска не и' дозволи на поранешната претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, на јавна седница да ги образложи своите забелешки изнесени во приговорот за начинот на бодување при вонредното оценување на кандидатите за претседатели на судови. Советот смета дека тоа е во спротивност со деловникот и со досегашната пракса и на тој начин се нарушува принципот на тајност во постапката, која е од доверлив карактер.

Во изјава за медиумите, пак, Неделкова оцени дека и' е скратено правото јавно да биде разгледан нејзиниот приговор и да биде образложено зошто при вонредното оценување не и' биле прифатени научните трудови кои ги објавила.

„Кога веќе почнуваме транспарентно да се надмудруваме, требаше да ми дозволат да присуствувам на седницата, само на оној дел во кој се зборува за мене. Сакам да слушнам зошто не ми ги дале сите бодови на вонредното оценување. Сметам дека во вакви ситуации, особено кога самата ќе побарам треба да е јавно, треба да биде дозволено“, изјави Неделкова за медиумите.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по завршувањето на седницата во изјава за медиумите рече дека на Неделкова не и' е ускратено правото за јавност.

„На Неделкова не и' прекршено уставното право. Доколку смета дека треба да ги обелодени информациите, тоа е нејзино право“, рече тој и додаде дека „откако постои овој формат на Судски совет, такво барање околу оценувањето немало и тоа не е дозволено, бидејќи не постои деловничка и законска можност“. Тој не сакаше да каже ниту дали е прифатен нејзиниот приговор, ниту пак, дали приговор на оценувањето има поднесено поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Сепак, Караџовски информираше дека пристигнале приговори од повеќе кандидати за претседатели на судови, освен за огласот за Основниот суд во Тетово.

„Дел од приговорите за повторното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и Кривичниот суд се прифатени, а дел се отфрлени. Приговорите се однесуваат во поглед на бодувањето што значи дека на дел од кандидатите, чии приговори се прифатени им е зголемен бројот на бодовите“, изјави Караџовски, но не сакаше да каже кои приговори се прифатени.

Првиот совет на Судскиот совет не беше прецизен ниту кога ќе биде извршен конечниот избор, но се надева дека тоа ќе се случи до крајот на месецот.

На вчерашната седница беше донесена одлука да се распише оглас за избор на претседател на Основниот суд Гевгелија. Донесена е одлука за избор на судии-поротници во Основен суд Скопје 2 и во Радовиш, поради престанок на мандатот на досегашните поротници. На барање на претседателот на Основниот суд Скопје 2, делегирани се на шест месеци и двајца судии од други судови. Со одлука на Советот, ново продолжување доби судијата Благица Ѓошева од Основниот суд во Крива Паланка, како и тетовскиот судија Ивица Николовски.(Г.Д)

Статијата е прочитана 761 пати.


Испрати коментар
Формирањето влада во 1992 и во 2017 – тешка равенка
Попоски до Бушати - Погледај го својот двор
Ахмети растргнат меѓу партиското членство и Груевски
За СДСМ - Груевски е минато, за ВМРО-ДПМНЕ - Заев е историја
(ФОТО) Протести за поддршка на Харадинај пред француската амбасада
Скопскиот кривичен суд се' уште без термин за судење за „Пуч“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
-6°СкопјеВреме
Ведро
Пон-2
Вто0
Сре0
Чет-1
Пет-2
Саб0
Нед0
Пон-1
Вто-2
Сре0
НајчитаниНајкоментирани

Во долината на приврзениците на Трамп
„America first", што ли значи тоа?
Кога родителите мора да се плашат од своето дете
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ