www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:13
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 14:26

Нови автори од „Апсолутно модерен“ во Скопје

На резиденцијалната програма ќе гостуваат Наида Мујкиќ, Антон Баев, Мухамед Баздуљ, Елифе Красники, Неџат Ибрахимовиќ и Ренато Баретиќ

На резиденцијалната програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“ во Скопје ќе престојуваат нови шест автори: Наида Мујкиќ (Босна и Херцеговина) – поетеса и филмска критичарка, Антон Баев (Бугарија) – писател и колумнист; основач на неколку онлајн-весници и други иновативни книжевни содржини, Мухамед Баздуљ (Србија/Босна и Херцеговина) - писател и новинар истакнат по своите храбри политички ставови, Елифе Красники (Косово/Австрија) – писателка, феминистичка активистка и истражувачка од областа на општествените науки, Неџат Ибрахимовиќ (Босна и Херцеговина) – писател, книжевен и филмски критичар, сценарист и автор на документарни филмови и Ренато Баретиќ (Хрватска) – писател и новинар, основач на култниот фестивал „Причигин“ од Сплит. „Меѓународното жири избра оваа година да престојуваат истакнати автори од регионот со богати резимеа, за чие гостување во македонскиот културен живот постои силен интерес кај читателската публика“, информира деновиве издавачката куќа „Готен“ која неколку години ја организира резиденцијата под покровителство на Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Секој од авторите во Скопје ќе престојува по еден месец во текот на годинава. Тие ќе работат на своите дела и ќе се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена градејќи контакти и развивајќи ја соработката со македонската книжевност и култура, а ќе дадат и свој активен придонес во културниот живот и во други градови од Македонија преку јавни настапи и учество во културни настани со што ќе и' бидат поблиску претставени на домашната читателска публика. Од „Готен“ посочуваат дека силниот интерес кој бил пројавен со преку 50 пријави на автори годинава „укажува за одличното реноме на проектот и е доказ дека Македонија е привлечна земја за авторите од регионот што уште еднаш ја потврдува потребата од постоење на ваква резиденцијална програма“.

Статијата е прочитана 718 пати.


Испрати коментар
Концерти, предавања и франкофонски средби за Меѓународниот ден на франкофонијата
„Плати со поезија“ во Скопје и во Велес
Одбележан Светскиот ден на раскажувањето
Големи и мали

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ