www.utrinski.com.mk
23 мај 2017 16:43
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 17:20

„Фор сизонс“ гради хотел на Хвар во вредност од милијарда куни

Синџирот на луксузни хотели „Фор сизонс“ планира до крајот на годината да започне изградба на луксузен туристички комплекс во заливот Бризеница, кај Стари Град на островот Хвар, а инвестицијата во вредност од околу милијарда куни (134 милиони евра) ќе донесе околу 320 нови работни места, беше соопштено во четвртокот, во пресрет на состанокот на министерот за туризам Гари Капели со претставниците на синџирот хотели.

Во тој туристички комплекс на островот Хвар, „Фор сизонс“ би изградил 240 единици за сместување, со приближно 800 легла, и тоа во хотел со 120 соби и 70-ина луксузни вили и апартмани.

„Се надеваме дека изградбата на тој луксузен туристички комплекс би можела да започне кон крајот на годината, а се очекува да заврши до 2019 година“, вели Денис Вијсмилер, извршен директор на „Аркаам капитал“, компанија која е главен инвеститор во проектот.

Бојан Батиниќ од Агенцијата за инвестиции и конкурентност (АИК) истакна дека тој проект минатата година беше додаден на списокот на стратешки проекти и во оперативна смисла со висок степен на готовност. Тој додаде дека се очекува добивање на дозвола за локација, со што ќе се дефинира опсегот на проектот и бројот на градежни дозволи.

Министерот Капели, кој се наоѓа во официјална посета на Велика Британија, рече дека таа инвестиција претставува и нови барања за локалната заедница и туристички работници во однос на управување со дестинацијата и во смисла на понуда на нови културни, забавни, угостителски и други содржини.

Претставниците на „Фор сизонс“ истакнаа дека Хрватска е еден од водечките туристички пазари во Европа и популарна дестинација за одмор за патници од висока класа низ целиот свет, како и дека нивниот претстоен проект на островот Хвар претставува „возбудлива можност за натамошно зајакнување на нашето присуство во Европа, што ќе и' донесе на Хрватска исклучителен квалитет и услуга по кои ’Фор сизонс’ е познат во целиот свет“. (Н1 инфо)

Статијата е прочитана 256 пати.


Испрати коментар
Северниот Леден Океан стана ќор-сокак за пливачки отпад
ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Париз
На што ќе потроши 7 милиони куни канцеларијата на претседателката?
Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Трезор
Французин со полициско досие го извршил нападот во Париз
Уапсен бомбашот од Дортмунд

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Облачно
Вто25
Сре21
Чет16
Пет18
Саб19
Нед21
Пон21
Вто23
Сре24
Чет25
НајчитаниНајкоментирани
 
Рама ја искористи платформата за поени во Албанија
Разочарување во Витлеем: Трамп ја одмина Базиликата на Исусовото раѓање
Балканот- колевка на човештвото?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ