www.utrinski.com.mk
23 мај 2017 16:44
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:24

ДУИ тврди дека Заев и Груевски преговараат

Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ ги демантираа тврдењата на пратеникот од ДУИ Реџаил Исмаили дека двајцата лидери имаат средби и повторија дека остануваат на истите позиции

Татјана Поповска

Наспроти најавите од СДСМ дека во брзо време ќе се избере претседател на Собранието и дека новото парламентарно мнозинство ќе формира влада како резултат на декемвриските парламентарни избори, од партијата на Зоран Заев се' уште нема ниту конкретни чекори, ниту пак информации на кој начин ќе го реализираат тоа. И вчера продолжи собраниската седница на која доминираа репликите и контрарепликите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, без никаква најава дека ќе има некакви промени и покрај јасните повици и од САД и од ЕУ дека е неопходно брзо формирање на институциите. Сепак од СДСМ оставаат простор доколку има договор меѓу политичките партии што се дел од новото парламентарно мнозинство да излезат со нова иницијатива којашто ќе значи деблокирање на Собранието. Не е исклучено повторно да го актуализираат прашањето за легитимитетот на претседавачот Трајко Вељаноски, кој претседава со конститутивната седница.

Откако во јавноста имаше низа шпекулации дека лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Никола Груевски имале директни средби, тоа во интервју за телевизијата Алсат-М го тврди и пратеникот од ДУИ Реџаил Исмаили. Тој вели дека имаат информации дека во континуитет двајцата лидери на македонските партии имаат контакти, односно директни средби.

„Сега е јасно дека пропадна целиот систем, дека ништо не функционира. На средбите повеќе гледаме како процес за надминување на кризата. Додека на СДСМ му одговараше беа во таква ситуација како што беше, но бидејќи сега нема рокови за локалните избори изгледа ќе се забрза процесот на конституирање на парламентот“, вели Исмаили.

Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ вчера ги демантираа информациите дека партиските лидери Груевски и Заев имале директни средби, во насока на надминување на политичката криза, особено на собраниската блокада. И во двете партии вчера останаа на истите позиции. СДСМ бара итно формирање на институциите во согласност со новото парламентарно мнозинство, додека од ВМРО-ДПМНЕ повторија дека единствен излез од политичката криза се нови предвремени парламентарни избори.

И од партијата на Али Ахмети вчера по средбата со амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние повторија дека дале поддршка на реформското парламентарно мнозинство за да се формира нова влада која ќе ја спроведува агендата и однапред утврдена програма од страна на меѓународната заедница преку строго спроведување на реформите во судството, заокружување Охридскиот договор, и на евроатлантските интеграции.

Лидерот на ДУИ го информирал Тимоние дека ДУИ продолжила, и покрај сите чекори, со преземање дополнителни напори за решение и ги поканува особено двете македонски политички партии да се вклучат, без одлагање, и да се најде решение за остварување на очекувањата на граѓаните за мир, стабилност и безбедност, се наведува во соопштението.

„Секое доцнење претставува можност за противниците на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ да го прошират своето влијание и да го продлабочат јазот помеѓу граѓаните на нашата земја“, рекол Ахмети.

Статијата е прочитана 3634 пати.

Испрати коментар
Бушати
Иванов не само политички, може да одговара и кривично
Стигна првата закана од меѓународната заедница
Иванов - Иваниќ - Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
грешно читање на пораките, 21.04.2017 00:04:38
дуи сакаше да кажи дека коалицијата никола ахмети функционира секој ден со препораки како да се блокира работата на другите
   18 |   18
bitola-1, 21.04.2017 00:21:27
Neznam kako poslem 26g,, ne znaete sto znaci brzo koga toa go veli sds,{brzo ke go vratime imeto od firom vo RM,brzo ke go fatime oktopodot,,,,}
   17 |   19
EU, 21.04.2017 01:18:57
Se poveke izleguva na videlina deka DUI, sedejki na dve stolcinja, sto e neviden nonsens, stava klipovi vo naporite za formiranje nova, reformska vlada. Dokolku tie treba da se ciniteli vo reformite, vednas da se prostime od idna demokratska, slobodna i pravedna drzava. Nim pametot ocigledno im e vo tendersko vladeenje.
   24 |   20

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Облачно
Вто25
Сре21
Чет16
Пет18
Саб19
Нед21
Пон21
Вто23
Сре24
Чет25
НајчитаниНајкоментирани
 
Рама ја искористи платформата за поени во Албанија
Разочарување во Витлеем: Трамп ја одмина Базиликата на Исусовото раѓање
Балканот- колевка на човештвото?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ