www.utrinski.com.mk
25 мај 2017 08:54
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
23.04.2017, 17:30

Светот се' уште е „гладен за книги“

„Слабовидните лица“ имаат достап до само 10% од севкупниот печатен материјал и од сите книжевни дела што лицата со добар вид можат да ги читаат“ стои во пораката на Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО

„Светскиот ден на книгата и на авторското право е убав повод да се истакне големата моќ на книгите кои ја пренесуваат нашата визија за општество засновано на инклузивно знаење, плуралистичко, праведно и отворено за учество на сите граѓани“ стои во испратената порака до јавноста на генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова во врска со традиционалното одбележување на споменатиот светски ден - 23 април, кој беше вчера одбележуван во различни делови од светот, а денеска со почеток во 11 часот ќе започне и неговото одбележување и во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски во Скопје.

„Се вели дека хуманоста на едно општество се мери со степенот на грижата кон најранливите категории. Ако тоа се однесува за достапноста на книгите за лицата со оштетен вид, на оние со тешкотии во учењето или пак на оние со физички пречки, од различни причини, ќе се соочиме со фактот што слободно може да се нарече „глад за книгите“. Според Светската асоцијација на слепите, секој двестотен жител на Земјината топка, или 39 (триесет и девет) милиони лица што се околу нас, не можат да гледаат. Од друга страна, уште 246 милиони луѓе имаат прилично оштетен вид. Овие „слабовидни лица“ имаат достап до само 10% од севкупниот печатен материјал и од сите книжевни дела што лицата со добар вид можат да ги читаат.Лошо дизајнираните книги, или недостапните, исто така им го ограничуваат читањето и разбирањето на оние кои имаат пречки во учењето. Според Меѓународното здружение за дислексија, од 3 до 5 проценти од учениците имаат потреба од згрижување и посебна нега. Конвенцијата на Обединетите нации за правата на хендикепираните лица и целите за одржлив развој, бележат промени на парадигмата во признавањето на правото на хендикепираните лица за достап до книгите, до знаењето и до културниот живот, со ист третман каков што го имаат и другите луѓе.Во рамки на конвенцијата, УНЕСКО, се залага за промовирање на подобро разбирање на проблемите поврзани со хендикепот, за признавање на достоинството, на правата и на добродетелството на хендикепираните лица како и за придобивките од нивното интегрирање во општеството. Тоа е идејата според која градот Конакри во Гвинеја е назначен за светска престолнина на книгата за 2017 година, како признание за неговата програма за промоција на читањето кај младите лица и кај обесправените групи на население“, е потенцирано во писмото на Бокова.

Со Конакри и со своите партнери како што се Светското здружение на издавачите и Меѓународната федерација на библиотекарските асоцијации и институции - ИФЛА, УНЕСКО се обедини во славењето на книгите со желба да ги сподели идеи и знаења за да го поттикне разбирањето, толеранцијата и инклузивните општества.


Книгата, библиотеката и меморијата


Насловот на македонската порака која по повод 23 април ја испрати филозофот и поет, проф. Иван Џепароски е „Книгата, библиотеката и меморијата“.

„При отворањето на новоизградената Bibliotheca Alexandrina во прочуеното египетско пристаниште Александрија на 1 ноември 2003 година, италијанскиот естетичар, прочуениот „Павароти на семиотиката“, теоретичарот на културата и култниот автор на постмодернистичкиот книжевен бестселер ‘Името на розата‘, славниот Умберто Еко, го одржал своето предавање под сигнификантен наслов: ‘Растителната и минералната меморија: иднината на книгите‘.

Иако во насловот на предавањето фигурираат два вида меморија поврзани со иднината на книгите, сепак, суштинската идеја на Ековиот пристап е дека постојат три вида на помнење: првото е органското, она што го претставува памтењето создадено и оформено од нашето тело и од крвта, а е раководено од нашиот мозок; второто е минералното памтење, при што постојат два вида на минерална меморија: едниот, што постои уште од пред повеќе милениуми а тоа е сеќавањето што се врзува за глинените плочки и за натписите на колосалните обелисци, и другиот вид на минерално сеќавање е она врзано за електронската меморија на денешните компјутери, засновано на ‘песокот‘ од силиконската долина. Сепак, Еко во своето предавање најмногу внимание му посветува на третиот вид на меморија, оној врзан за растителното памтење и заснован на записите врз папирусите а потем и врз книгите направени од хартија, испишани рачно или отпечатени од Гутемберговата преса“, укажува Џепаровски и вели: „И иако Еко во своето предавање најмногу внимание им посветува на минералната и на растителната меморија, што е сосем нормално, зашто се врзува за отворањето на најмодерната библиотека во Египет на просторот на најстарата – онаа на Александар, а предавањето тој го завршува со зборовите на благослов: ‘Нека биде долговечен овој храм на растителната меморија‘, сепак, јас во оваа своја кратка беседа за книгата, библиотеката и меморијата ќе го подвлечам најмногу значењето на органската меморија и ќе се обидам овој делумно подзаборавен вид на меморија да го рехабилитирам, зашто денес малкумина му обрнуваат некое поголемо внимание, а сите метафорично зборуваат за можниот судир помеѓу растителната и минералната цивилизација, отелотворени во можните синтагми за смртта на ‘гутемберговата цивилизација‘ и за раѓањето и развојот на ‘маклуановската цивилизација‘ потпомогната од информационите автостради“.

На планот, пак, на толкувањето и високото вреднување на органската меморија, Џепаровски вели дека се сеќава на својата прва средба за време на студиите по филозофија со две книги на Еко кои врз неговото тело и врз неговите мозочни сиви ќелии оставиле силен печат: книгата од областа на естетиката „Отвореното дело“ и тукушто објавениот прв роман на овој фасцинантен филозоф и писател: „Името на розата“. „Сеќавањето на новите светови што пред мене тогаш се отворија при читањето на овие книги и денес ме заплиснува со својата убавина и затоа укажувам дека, на Светскиот ден на на книгата и на авторското право, е добро да се потсетиме на Умберто Еко (1932-2016), кој почина мината година, а кој постојано, и во своите книжевни и во своите теориски дела, укажуваше на важноста на книгите, на библиотеките, како и на меморијата која во овие светилишта на зборот суверено владее во име на бесмртните автори.

Статијата е прочитана 1311 пати.


Испрати коментар
Џеки Шепард и Коле Ангеловски почесни лауреати на "Астер
Вечерва 36 издание на "Мал Битолски Монмартр"
Хуманитарен концерт место операта "Мадам Батерфлај"
Театар комедија освои две награди на фестивал во БиХ
Македонските продуценти рамо до рамо со светските филмаџии
Шеста премиера на " Грета од Фауст" во Битолскиот театар
Полските издавачи заинтересирани за македонските автори
Во Националната галерија изложба на графики од Иван Мештровиќ
Со есклузивен концерт вечерва ќе биде отворена новата Македонската филхармонија
Македонската поезија и проза на Саемот во Варшава
Промоција на новиот објект на Македонската филхармонија в недела со ексклузивен концерт
Трпчески на примиерната изведба "Македонисимо" во Германија дури запеа
Почнува осмиот фестивал за класична гитара "Тремоло"
Во книжарницата "Бункер" ќе се делат бесплатни стрипови
Премиера на детската оперета "Пролетна приказна" во МОБ
Македонскиот виолинист Иванов ќе ја претставува Европа на светски натпревар
„Атена со пенис“ - премиера на Драмски театар
Изложба на етнолошки предмети подарени на Музејот на Град Скопје
Промоција на монографија за акварелите на Васко Ташковски
По 70-ти ќе биде послан црвениот тепих во Кан
Хуманитарна изведба на мјузиклот "Тајно моја"
Ванеса Меј приреди редок спој на класика, џез и техно
Филмот "Ах, љубов моја" на Коле Ангеловски со кино проекција во Велешкиот театар
На "Про- за Балкан" ќе гостуваат познати издавачи од Франција, Србија и ОАЕ
"Кружно патување на Марето" најдобар фил и на фестивалот "Вилмош Зигмонд"
"Хармс" влезе во главната конкуренција на фестивалот во Шангај
Премиера на Дон Жуан од Молиер во Битолскиот народен театар
Виолинистката Ванеса Меј вечерва со концерт во "Борис Трајковски"
Промовирани 14 нови преводи на стручна и научна литература
Македонскиот Културно-информативен центар во Софија годинава со амбициозна програма
Опера-реквием „Јов“ на Мајски оперски вечери
Операта „Севилскиот бербер“ вечерва на 45. „Мајски оперски вечери“
Во Велес на 9 и 10 јуни 52. „Рацинови средби“
Чествување на Конески и претставување на Османли на Саем во Солун
Модерно издание "Басни од Македонија" на здружението "Браво сине"
Нова книга на Веле Смилевски за поезијата во изминатите 45 години
Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Крива Паланка
Во Торонто промовирана монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин
Панел дискусија за 25 години од првиот договор за соработка меѓу ДПМ и Сојузот на бугарските писатели
Отворена јубилејната 10. Македонска книжевна визита во Софија
Македонска вечер во Париз
Книга на Виктор Габер за Македонија во меѓународните односи
Прва награда во Италија за снимен филм од децата од Домот „11 Октомври“
Турнеја на сплитскиот балет во Македонија
Недела на турскиот филм во Скопје
Со порака во шише се простија од Зоран Маџиров
Отворeни 45. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата „Травијата"
Италијанската награда "Златен грифон" за македонскиот филм "Златна петорка"
Бил Клинтон пишува книга за задкулисните моменти во Белата куќа
Руски воени филмови во Кинотеката по повод Денот на победата
Плакатите од 9. Скопје постер фестивал патуваат за Португалија
Две награди за документарецот „Мојот превртен свет“ на SEEfest во Лос Анџелес
Јубелејни 45-ти Мајски оперски вечери
Монодрами од Холандија, Полска и Израел на фестивалот во Битола
Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Њујорк
Почина актерот Ѓорѓи Бисерков Дампе
Промовирана монографија "Никола Мартиноски до 1945" од Кирил Пенушлиски
Почна "Скопје креатива 2017"
Исландскиот писател Браги Олафсон гостин на „Про-за Балкан"
ТВ серијата "Сенките над Балканот" на Драган Бјелогрлиќ ќе се снима и во Македонија
Изложба Охридски филиграни во Софија
Прва фото изложба на лице со даунов синдром
Мултимедијалниот проект со оган на младиот Јосифов и во Сан Франциско
Театарски перформанс на младата режисерка Нина Николиќ во Битола
Писателите ке го чествуваат делото на Гане Тодоровски
Во Скопје се снима првиот боливудски филм
"Скопје креатива" од утре до 6 мај
Три настани во чест на Никола Мартиноски
„Устата на јавето“ нова поетска книга на Раде Силјан
Во Крива Паланка пролетна школа "Етнографија на социјализмот"
Отворена постхумна изложба на Нове Франговски
Концерти на Миха Погачник за интеграција во ЕУ
Успешна изведба на „Дениција“ во Брисел
Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во НУБ „Св. Климент Охридски“
„Плакати“ од Михајло Арсовски на изложба во МСУ
Харлан - „Кјубрик најмногу се интересираше за политиката“
Фестивалот на монодрама Битола од 5 до 9 мај
И „Лолита“ на Скопje филм фестивал
Екипата на „Ах, љубов моја“ се поклони во „Милениум“
Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов
Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
13°СкопјеВреме
Обилни врнежи
Чет18
Пет15
Саб20
Нед21
Пон23
Вто26
Сре27
Чет27
Пет27
Саб27
НајчитаниНајкоментирани
 
Путин: Внимателно следиме што се случува во Македонија
Брегзитот е огромно градилиште
Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кина за првпат по 1989 година
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ