www.utrinski.com.mk
22 јануари 2017 09:33
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 18:38

Едиторијал

Мајтап со Уставот

Слободанка Јовановска

Македонија станува уникатен пример на светска повеќепартиска демократија каде што само еден има право да дојде на власт

По стотици години практицирање повеќепартиска демократија во светот, каде што се' е измислено, шефот на државата Ѓорге Иванов ја злоупотреби довербата на граѓаните и, наместо така како што пишува во Уставот, му додели мандат за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ без да обезбеди мнозинство. И тоа никој не ќе го спореше бидејќи ВМРО-ДПМНЕ доби најмногу гласови на изборите, ако дел од медиумите деновиве не ги шират тезите дека Уставот не предвидува воопшто некоја друга освен оваа партија да добие шанса да формира парламентарно мнозинство. Ваков начин на формирање влада светот не познава воопшто, а спротивен пример имаше дури и во Македонија, кога екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, а потоа и Петар Гошев добија мандат и го вратија, за да третиот, Бранко Црвенковски, формира влада. Уставот од тогаш е истиот, се изменија многу влади и многу мандатари, а само Иванов не знае како да го применува и што пишува во него. Несфатливи се и дебатите овие два дена дека Уставот не предвидувал дали може да се врати мандатот, дали се дава или не на втора, трета партија, колкупати може да и' се даде на една партија, па и кој сега може воопшто да распише избори... Испаѓа дека во нашата „оаза“ на правно самоволие само устав во кој ќе го пишува и бројот на чевли на победникот нема да биде погрешно протолкуван, применет или злоупотребуван. Од оваа перспектива може само да се тешиме што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на крајот не завршија со ист број гласови, бидејќи дури тогаш не ќе можеа да ни помогнат сите светски искуства и домашни експертски процени.

Реалноста е дека нашиот Устав прецизно предвидува партијата или партиите што ќе покажат дека можат да направат парламентарно мнозинство да добијат мандат за формирање влада. Такво нешто се случуваше во Хрватска, каде што тамошната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ја разреши нејаснотијата повикувајќи ги лидерите на консултација и давајќи им на сите рок да формираат влада, па кој успеа доби мандат. Така е во сите нормални држави во Европа, а така треба да биде и во Македонија во која ваквата уставна одредба е намерно оставена толку широка, за да може да отвори поголем простор за формирање влада. Во некои земји се редат три партиски мандатари само за да не се повторат избори, бидејќи ја чинат скапо земјата, а на краток рок нема да го сменат исходот. Иако можноста актуелната владејачка партија да формира влада не е исцрпена, обидот да се испровоцира уставна криза, а со тоа и нови избори ќе не донесе до нов безизлез, со повторно отворање на целиот циклус на преговори, бомби, националистички испади и реална можност тие да бидат масовно бојкотирани, бидејќи на сите им е јасно дека целта е развластените партии да си го вратат рејтингот без „Прибе“ да им дише во вратот.

 

НАПОМЕНА: Преземањето на текстот или делови од него, како и преземање на фотографија е дозволено само со одобрение од "Утрински весник" или според правилата на МПМ. За правилата на МПМ за преземање авторска содржина кликнете тука

Статијата е прочитана 2757 пати.


Испрати коментар
Геноцид, комити и качаци
20 години подоцна - што се случи во Албанија во 1997
Шуги
Marioec od Azija, 12.01.2017 00:39:16
Каде е грешката на претседателот?Мандатот го доби партијата со највише освоени гласови,ако сме за демократија така е редот,сето друго напишано е за партиски цели и нема врска со независно новинарство.
   32 |   59
euro, 12.01.2017 01:21:19
Joci ma, kazi kade bese koga se krsese Ustavot so przino ?
   35 |   52
razmo, 12.01.2017 02:43:18
Ova ne e Majtap Ustav , ova e DZAVOLSKI USTAV , Sto bi rekle na turski jazik , SEJTAN USTAV . Za toa gjavolot vo pekolot e pozitivna licnost kako nasiot presedatel Ivanov . Pozdrav .
   41 |   31
riki, 12.01.2017 03:03:43
г.Јовановска,председателот многу добро го знае уставот,исто така добро знае дека има очигледни афери со невидени демензии.Криминал,узурпирање и злоупотребување на институциите,но тој ниту еден пат не интервенира,туку се однесува како член на ик на дпмне.И сега што треба да очекуваме од него,да го почитува уставот?Во никој случај.Доделува мандат на човек кој е главен предмет на истрагите на СЈО,и што понатаму да коментираме?Се знае епилогот,маратонски цик цак политики,ќе се бара дупка во вода,се додека Груевски не успее да политички ги терминира сите противници.Играат поново на национална карта.Дали имаат Макед,Албан,Ромите,Власите,Србите, некоји политички калкулации како нив?Немаат.Нив ги врзува едно единствено,подобро утре и кора леб в раце.Тоа им е заедничката платформа.П.С.Заев беше и остана нивниот адут.Сплотеност,подобар стандард,мир.Без апаши и Моноплурализам.
   51 |   26
aj pak jas, 12.01.2017 04:07:35
Pa Nikola G. I Gjorge I rabotat tocno na toa. Da se raznebiti i toa sto uste malku ostana vo Makedonija za da mozat da ja izbrisat od kartata na svetot. Zasto samo na toj nacin kriminalnata grupa od vmro ke gi izbegne zasluzenite kazni.
   47 |   25
meksikanec, 12.01.2017 08:04:15
Мене не ме чуди што Председателот на државата постапи вака,пошто сум свесен на кој начин е избран и поставен на тоа место за да им служи трајно.А гафофите што ги прави играјки се во таа улога ќе останат вечно,за да се страмиме ние,наместо Тој.Мене ме изненадува толкувањето на таа одлука од страна на професорката Каракамишева која сеуште има доблест да ја врши таа хумана професија,со интелегентни млади луѓе,поумни од неа.Луѓе кои во повеќе наврати јавно ја критикуваа и осудиа за нејзини ставови и мислења,а сепак приморани се сеуште да ја трпат.Тоа пак што само еден има право да дојде на власт е дамнешна желба и одлука на ДПМНЕ уште од времето на Љубчо и Ѓорѓи Наумов,кој кога дојдоа на власт тврдеше дека ќе останат цели сто години,се разбира милом или...Не случајно свесно се менуваше поновата историја од НОБ и по НОБ,за да со бројни лустрации,барокни градби и дивоградби да заборавиме кои сме,што сме и колку сме.Од буништето на историјата го ивадоа цел шлам за да ги рехабилитираат своите.
   45 |   25
bitola-1, 12.01.2017 09:02:58
Ne znam sto pisuva vo Ustavot{i koj go pocituva-sekoj go tumaci kako mu odgovara},ama realno e presedatelot da go dade mandatot na toj sto ke donese dovolno mnozinstvo za sostav na vlada. Tuka potpolno se slozuvam so kolumnistot Slobodanka.Sto ke mu e mandatot na grujo koga nema obezbedeno mnozinstvo,ili pak se prodolzuva so igri bez granici,odlaganja i sto ne.
   40 |   26
devicanecot, 12.01.2017 09:51:58
Штета и тоа голема штета што почитуваната Слободанка не си дозволи во оваа колумна да го консултира еден од пишувачите на нашиот Устав, Г-динит Љ.Д.Фрчковски. Кој знае каква глупост ќе истресеше тој, исто како онаа глупост што ја истресе како министер завнатрешни и тоа дека само една запирка фалела во Уставот, за МВР успешно дасе борело со криминалот и криминалците.
   38 |   54
Oskar, 12.01.2017 10:58:21
Баравме спас во изборите, за излез од тешката политичка криза, а по нив паднавме во уште по длабока. А зошто, затоа што имаме политикари на кои грижата за граѓаните им е сосема споредна работа. Ако, бар малку имаше вистина во зборовите на водството на ДПМНЕ, дека нивната главна цел е интересот на сите граѓани, тогаш тие немаше да бидат генератор на кризата и незадоволството. Напротив тие и по изборите продолжија со својата реторика на исклучивост и дека само тие се господари на вистината и делење на правдата. Сите други се предавници и шпиуни, не достојни да се сослушаат.
   35 |   22

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
НајчитаниНајкоментирани

Во долината на приврзениците на Трамп
„America first", што ли значи тоа?
Кога родителите мора да се плашат од своето дете
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ