www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 17:45
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 15:40

Изградбата на Демир Капија - Смоквица завршува во мај

Последната автопатска делница на Коридор 10 во Македонија се гради од септември 2012 година

Сања Наумовска



Патниот Коридор 10 во Македонија ќе се комплетира за два месеци. На делницата Демир Капија - Смоквица во моментов се работат завршни работи, а автопатот целосно ќе биде готов во мај. Коридорот 10 е нашата најзначајна конекција со европските држави, но и со Солунското пристаниште, преку кој се одвива над 70 отсто од транспортот во нашата земја. Со Демир Капија- Смоквица, Коридор 10 се подигнува на ниво на автопат, за разлика од Коридорот 8, кој во поголемиот дел не е автопат. Врската на Македонија со источниот и западниот сосед, а преку нив и со Турција, односно со Италија, е едно од најголемите барања на бизнис-заедницата, но и на транспортерите. Во моментов во тек е изградба на автопати од Кичево до Охрид и од Миладиновци до Штип. Минатата година беа најавени и позначајни реконструкции на оштетени делници, меѓу кои се и двата правци Миладиновци - Куманово и Градско - Велес.

Последната автопатска делница на Коридор 10 во Македонија се изгради од излезот на Демир Капија преку селото Миравци, до Смоквица, каде што се врзува со веќе постојниот автопат. Новата делница го скратува патувањето по Коридорот, а минува надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар, низ благи кривини и угорнини.

Според информациите од Агенцијата за државни патишта на Македонија, на новата делница, долга 28 километри, треба да има уште една нова патарина.

„Согласно потпишаниот анекс договор, изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица ќе биде завршена во мај 2017 година. Во моментот се работат завршни работи за докомплетирање на проектот“, информираат од Агенцијата.

Новиот автопат има и две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунели со должина од 1.200 метри, 6 мостови со должина од 100 до 500 метри, исто толку потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк 3 метри. Автопатот од Демир Капија до Смоквица почна да се гради во септември 2012 година и требаше да биде завршен за 4 години, до септември 2016 година. Изградбата доцнеше 9 месеци, заради асфалтирање на одредени делници, поставувањето на банкините, како и електрификацијата на мостовите и тунелите.

Изградбата се финансира со грант од Европската комисија, заем од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, како и со 6 милиони евра од државниот буџет.

Коридорот 10 е долг 1.451 километар и ги поврзува Салцбург и Солун преку Љубљана, Загреб, Белград и Скопје, е автопат со повеќе ленти на 80 проценти од неговата должина.

Статијата е прочитана 922 пати.


Испрати коментар
Децата со дијабетес непожелни во градинките
Кучињата - скитници ги сардисаа граѓаните - дневно и по пет случаи
„Македонка“ и „Астибо“ му оставија траен печат на Штип како град на текстилот
Автомобили

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
33°СкопјеВреме
Делумно облачно
Саб33
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ