www.utrinski.com.mk
22 јули 2014 09:19
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
09.09.2013, 18:03

Антипод

Злосторство и казна

Димитар Чулев

„Доказите треба да и' претходaт на одлукатa, а не одлуката да им претходи на доказите“ - Ед Милибанд

Тешко е да се поверува дека некој воопшто помни како почна „ситуацијата“ во Сирија, која денес се заканува да прерасне во најсериозен воен судир во 21 век ако навистина се покаже дека воена завршница е неизбежниот „лек“ за ликвидирање на режимот на Башар ел Асад.

Памети ли некој воопшто како тоа „Арапската пролет“, која почна во 2010 година во Тунис и по принцип на домино-ефект преку Либија, Јемен(?), Египет се прошири во арапскиот свет, прескокна две држави – Јордан и Либан - и најде погодна почва во Сирија.

Памети ли некој како граѓанскиот протест за поголема демократија во еден момент ја смени физиономијата, а твитерџиите и „Фејсбук“-фановите станаа бунтовници кои вооружено почнаа бунт спрема актуелниот режим.

Знае ли некој што значи флоскулата „претставници на здружената опозиција во Сирија“ кога и американскиот шеф на Стејт департментот (по објавувањето на видеото од страна на „Њујорк тајмс“ каде што се гледа како исламисти ладнокрвно ликвидираат претставници на легитимните воени сили – војници и нивните тела ги фрлаат во бунар) изјавува дека „знаеме дека има околу 11 навистина лоши опозициски групи, кои не се дел од опозициската група која ние ја поддржуваме“. Ако во овие 11 групи има „лоши момци“, тогаш кој е идентитетот (националноста, идеологијата, мотивите, целите, мандатот и легитимноста) на останатите кои, наводно, се единствено задолжени да се грижат за интересите на Сирија и на сирискиот народ. И кој гарантира дека дека тоа нема да биде некое ново „братство“ кое победата ќе ја искористи за пресметка со различните.

Со платениците е полесно: првите од 40 Австријци, кои според сознанијата на разузнавачките служби се бореле во Сирија, се враќаат во Австрија и со тоа задаваат грижи на австриските власти. Како што тврди виенскиот весник „Пресе“, тие се обучувани да војуваат и се индоктринирани со идеологијата на Ал Каеда.

Инаку, повратниците не се само австриски проблем, бидејќи, според процените, досега над 1.000 Европејци (тројца Албанци од Македонија) учествувале во војната во Сирија против Башар ал Асад, кој, како и алавитите, поддржан од шиитите, според идеологијата на Ал Каеда важи за внатрешен непријател на исламот.

Пред хаосот ситуацијата беше релативно јасна: земјата, која по статусот на француска и британска колонија во минатиот век успеа да се стабилизира како држава во која малцинските алавитски владеат над мнозинството сунити и останатите.

Можеби оваа формула не оди според демократската равенка „еден човек - еден глас“, но се покажа релативно успешна. Системот на владеење на малцинството врз мнозинското население сигурно има своја подлога која успеа да обезбеди наметнат мир во етнички и конфесионално различните средини. Методот на авторитарна власт воопшто не е нешто што е несвојствено за арапскиот свет каде што класното и кастинското уредување во старт го определува местото на индивидуите во општествениот систем на вредности..

Никој нема ништо против примопредавањето на власта на султаните од Брунеи, Саудиска Арабија, власта на властодршците во Емиратите каде што постојат три касти: владејачка, плебс и – увезени работници со никаков граѓански статус.

Ако се спореди кланицата од 2003 година до јули годинава кога само за еден месец во секташки насилства загинаа меѓу 800 и 1.000 луѓе, авторитарната „малцинска власт“ на Садам Хусеин беше успешна во Ирак каде што малцинските сунити на Садам Хусеин владееја со мнозинските шиити. Сега таму се случува ослободена секташка одмазда во која секој е против секого. Или во Либија, каде што малцинското племе на Гадафи се наметна како обединител на пустинските бедуински племиња.

Сега е извесно дека по ликвидацијата на Асад, алавитите како шиитско малцинство ќе бидат збришани во сунитското соседство, уште повеќе што таа смена на власта во Сирија ја сака и Египет и богатите Саудиска Арабија и емиратите.

Никој паметен веќе и не се занимава со прогнози до кога Башар ел Асад ќе издржи на чело на Сирија и кога каков-таквиот легитимен режим ќе мора да му отстапи место на некои нови бунтовнички настроени „нови клинци“ кои најавија (и добиваат поддршка за тоа) до конечно ликвидирање на Асад, со што ќе биде дадено „зелено светло“ за демократска разврска во земјата со методи кои веќе беа видени во Ирак, Либија, Египет, Тунис...

Во случајот со Сирија, дури и поранешниот ген-сек на НАТО, Хавиер Солана, и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, мораше да признае дека „има се' поголема опасност од сунитска одмазда врз алавитското малцинство, што сочинува 12 отсто од населението, но ја има контролата врз владата, економијата и војската. Алавитите, кои престанаа да бидат граѓани од втор ред дури кога Баат партијата на Асад дојде на власт во 1963 година, сега веруваат дека нивното постоење е поврзано со опстанокот на овој режим“ .

На глобален план, паѓањето на Дамаск ќе значи и уште еден конечен удар за дисциплинирање на шиитскиот Иран и озлогласената либанска Хезболах – засега единствените што го поддржуваат Асад.

Но, никој не може да предвиди како долгорочно овие промени ќе се одразат на менувањето на етничко-конфесионалната карта во арапскиот свет: по демократската експлозија на Египет, десет милионите Копти христијани се цел на забегани демократи кои го слават устоличувањето на Муслиманското братство и воспоставувањето на Куранот како врховен закон.

Во Либан, стравуваат од извоз на револуција и нови судири на шиити – сунити и христијани, во Ирак сунитите на Садам кои десет години беа прогонувани се надеваат на враќање на сцена, во Турција ослободувањето на Сирија ги потхранува соништата за конечно обединување на 200.000 Курди со своите 22 милиона собраќа во Турција, Иран, Ирак, Либан...

Така приближно се состојбите на теренот и на американскиот претседател, кој од денес влегува во финална битка за придобивање на конгресмените и американската јавност за добивање мандат за напад на Сирија и ќе му треба многу енергија и вештина да добие право САД да ја преземе улогата на водечка нација која ќе го казни злосторството на Башар ел Асад. Дури 217 членови на Претставничкиот дом најавуваат дека ќе гласаат против, што е доволно резолуцијата да биде одбиена. Но... Се работи за политичка процена и одлука, а фотките за „гасифицирани“ деца, податоците за 1.000 тони хемиско оружје, за сличностите меѓу Косово и Сирија (интервенцијата во 1999 беше врз Србија) се дел од амбиентот што води во само еден правец – интервенција мора да има.

Поддршка во светот за уште еден Авганистан, Ирак, Либија, Египет нема, а еден од многумината кој се спротивстави, но во една реченица ја кажа вистината, денес е ставен на столб на срамот во својата земја. Без разлика дали критики ќе дојдат од „независните медиуми“, од политичките опоненти, од сопартијците, од прекуокеанскиот сојузник, па дури и од родениот брат Дејвид, Ед Милибанд, лидер на британските лабуристи, со само една реченица го измести британскиот Долен дом да не се согласи со интервенција во Сирија.

„Доказите треба да и' претходaт на одлуката, а не одлуката да им претходи на доказите“, рече тој.

Дури потоа може да се говори за „злосторство и казна“, како што пред две недели напиша „Гардијан“.

Статијата е прочитана 2303 пати.


Испрати коментар
Празни(чни) повици за единство
Беди во Чифте-амам
Македонија - малку комунизам, малку Европа
jovan, 10.09.2013 00:28:28
Expres lonecot narecen Syria zovriva se poveke, i na sekogo mu se brza da stavi po nekoja svoja mirudija. Sto ke ispadne, veke nikoj ne znae, mozni se 1000scenarija, a davanje analizi od ovaa vremenska tocka, e gubenje vreme. Samo se znae deka Americancite tuka igraat na nesto mnogu mnogu pogolemo otkolku koridor do Iran, ili za nafta. Vo pozadina se trkala nesto mnogu golemo koe ke donesi golemi promeni, no nie obicnite toa tesko deka ke mozeme sega da go uvidime. Naskoro ke se pojavat novi uslovi i okolnosti, pa mozebi togas i ke stanuva se pojasno sto e sto.
Bilo koj, 10.09.2013 07:07:47
Za da se napise edna vakva analiza za nastani koi se za nas MKcite malce nedostapni,e malce iritiracko.Zosto???E pa pred se nie pravime ,odnosno prepisuvame analizi od drugi mediumi koi za nas se prifatlivi od prosta pricina sto smezavisniod nivnite bozem demokratski sogleduvanja.Nesto bitno g-ne Chulev ,tesko moze nekoj da zaboravi kako nesto zapocnalo koga e neposredno povrzano so negoviot zivot.I toa klincitevo navodnici,ne samo sto ne treba da go nosat toj nov epitet ili pak buntovnici,za niv ne bi mozela da pronajdam ime so koe bi se imenuvale ovie teroristi koi ama bas nemaat nikakva povrzanost so verite koi Vie tolku mnogu se zadrzavte vo Vasata analiza.Ne stanuva zbor tuka niti za suniti,alaviti,a uste pomalce za hristijani.Ovie klinci ne se opijanetiod verski pricini,no direktni platenici na tie sto vsusnost se i naracateli na ZLOSTORSTVOTO za potoa istite tie da izvrsat i KAZNA...SAD,Turcija,Saudiska,najveke Izrael.
Brian, canada, 10.09.2013 17:22:23
Covek da se zasrami od napisanoto od drugiot (Bilo koj) poradi elementarnata neukost i neinformiranost. Jasno e deka vo analizata na Culev ima copy, paste od renomirani analiticari sirum svetot, no faktite se tie. neprijatelstvoto, potocno enpodnoslivosta megju sunitte i siitite e od smrtta na Mohamed, i tuk anem apomiruvanje. Sostjbata na hristianite e poveke od alarmantna , no gluvosta ma mediumite e poveke zagrizuvacka. A za glupostite napisani od bilo koj ovde vokanada prasuvaat; Koja treva pusis za da zboruvas takvi gluposti?

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
22°СкопјеВреме
Грмотевици
Вто30
Сре29
Чет29
Пет31
Саб31
НајчитаниНајкоментирани

Македонската дипломатија како проточен бојлер
Почина косопственикот на „Алди“
И медиумите во Израел водат војна
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ