www.utrinski.com.mk
26 јуни 2017 07:34
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 15:45

Иранците се собираат за шопинг и ноќен живот во Ван, Турција

Источната провинција Ван стана централна дестинација за одмор на иранските туристи, при што повеќето од нив го минуваат денот во шопинг, а ноќта во ноќни клубови

ВАН - Иранците кои го слават празникот Невруз, што започнува кон средината на март и трае до почетокот на април, се собираат во источната провинција Ван за ноќен живот и шопинг. Во провинцијата не остануваат слободни соби, а неколку хотели ги претвораат салите за состаноци во соби.

Улиците, трговските центри и рестораните се полни, а дуќанџиите се задоволни од интересот за Ван. Пред продавниците се поставени знаци „Распродажба“ на персиски јазик во едно од најпопуларните места во Ван, улицата „Чумхуријет“, додека вообичаена глетка се луѓе кои носат големи кеси.

Сите хотели во провинцијата, од кои два се со пет ѕвезди, се целосно полни.

„Ние сме изненадени. Не очекувавме таков висок интерес. Има луѓе кои се согласни да престојуваат по осум лица во простории за четворица“, вели генералниот менаџер на хотелот „Мерит Шахмаран“, Ипек Турул, за весникот „Хуриет“.

Значителен дел од Иранците го минуваат денот во шопинг. Вниманието прикажано за турските текстилни брендови во единствениот трговски центар во Ван, кој беше отворен во 2015 година, е многу голем.

„Во Ван има три прослави; Еид ал Фитр, Еид ал Адха и Невруз. Се подготвуваме за тие прослави многу долго време“, вели сопственик на продавница.

Иранците се склони да купуваат повеќе во готовина и за нив цените во Ван се поевтини од оние дома.

„Ова место е поевтино од Иран. Покрај тоа, има голем број на брендови“, рече иранската туристка Бахар Јусуфзаде, која изгледаше исцрпено од носењето кеси, за весникот „Хуриет“, додавајќи дека таа и нејзиниот сопруг доаѓаат во

провинцијата за шопинг.

Друг турист, музичар од Урмија, вели дека го посетуваат Ван за да настапуваат.

„Околу 80 отсто од луѓето наоколу се Иранци. Претходно, се плашевме да го посетиме Ван поради инцидентите. Потоа видовме дека тоа може да се случи во која било земја. Тоа е причината зошто сега сме порелаксирани“, вели музичарот Хејри, мислејќи на неодамнешните напади во Турција извршени или од Исламската држава Ирак и Левант (ИСИС) или забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Кога настапува ноќта, автомобили со ирански регистарски таблички ги исполнуваат улиците на Ван, а луѓето никогаш не се разидуваат. Настани само за Иранците се организираат во ноќните клубови, кои станаа популарни места во провинцијата во последниве години, и места каде што персоналот дистрибуира летоци на персиски јазик.

Ирански пејачи и диџеи ја држат сцената во неколку ноќни клубови, додека туристите претпочитаат да го поминат времето едни со други.

Веселиот ноќен живот е една од причините зошто Иранците го преферираат Ван. Мена Мудережих, иранска келнерка која работи во Ван во последните три години и која, исто така, работи како водич за Иранците, вели дека многу ја сака Турција.

„Во Иран нема музика. Тука, ноќниот живот е неограничен, а Иранците се опуштени“, вели Мудережих.

Подиумот за танцување речиси никогаш не е празен, бидејќи ирански диџеј пушта песни на турски и персиски јазик. Исто така, можат да се видат семејства кои уживаат во ноќта.

Планот за туризам е причината за успехот на Ван во привлекување на Иранците, а организаторот на планот е Индустриската и трговската комора на Ван (ВАТСО).

„Ги утврдивме основните потреби на Иранците; шопинг и забава во модерен град. Со кафулиња, центри за забава, ние станавме центарот на привлечност“, вели претседателот на ВАТСО, Неџдет Таква. (Дејли њуз)

Статијата е прочитана 622 пати.


Испрати коментар
Трезор
Тинк-тенк група блиска до Путин изготвила план за влијание врз изборите во САД
Меѓународната вселенска станица доби ново друштво

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
18°СкопјеВреме
Сончево
Пон32
Вто33
Сре35
Чет37
Пет37
Саб38
Нед30
Пон27
Вто26
Сре27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ