www.utrinski.com.mk
23 мај 2017 16:47
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.08.2016, 18:07

Струмичани ќе го градат Луна паркот за 1,6 милиони евра

Во меѓувреме е распишан оглас за набавка на реквизити. Проценето е дека тие ќе чинат околу 1,7 милиони евра

Деспина Трајковска-Димова

По неколкугодишни најави, одлагања, промени во плановите, Град Скопје конечно одлучи кој ќе го гради новиот Луна парк. Минатата недела градските власти потпишаа договор со струмичката фирма „Жикол“. Според објавениот договор, изградбата ќе чини околу 1,6 милиони евра, а во документот е наведено дека изведувачот има обврска да ги заврши градежните зафати во рок од 22 месеци.

Во меѓувреме, надлежните распишаа нов тендер за купување на потребните реквизити. Иако пред неколку месеци имаше идентичен оглас, тој не заврши успешно. Во случајов е проценето дека за реквизитите ќе се потрошат околу 1,7 милиони евра. Градот бара да купи два адреналински реквизита, шест парчиња семејни и 18 детски реквизити.

По последните случувања, извесно е дека паркот ќе почне да се гради до крајот на годинава, евентуално на почетокот од идната градежна сезона. Готовиот проект предвидува новиот Луна парк да се простира на површина од околу 40.000 квадратни метри. Освен на постојниот простор, за новото забавно катче е предвиден и просторот во насока на каналите и езерцето во Градски парк. Паркот ќе го сочинуваат административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг... Проценето е дека новиот Луна парк годишно ќе има 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години.

Засега е сигурно дека за новиот парк ќе се трошат пари само од градскиот буџет. Сепак, не е исклучена можноста изведбата на проектот да го помогне и Владата.

„Средствата за изградба на забавниот парк ќе се обезбедат од буџетот. Од причини што проценетата вкупна вредност не може да биде обезбедена во текот на една година, изведбата ќе се одвива во фази, при што и финансиските средства за изградбата на паркот се планира да бидат обезбедени од буџетите на Град Скопје во текот на 2016, 2017 и 2018 година“, стоеше во одлуката за изградба на Луна паркот, што неодамна ја донесе Советот на Град Скопје.

Инаку, во изминативе речиси пет години, колку што се најавува проектот, беше планирано Градот да најде фирма која ќе го финансира, дизајнира и изгради паркот, а за возврат требаше да добие можност да стопанисува со него 35 години. Но, надлежните се откажаа од тоа, бидејќи немаше заинтересирани и по неколкуте повици. Се потроши време и на измена на првичниот проект, како и на неколку неуспешни тендери, како за изработка на проектот, така и за избор на изведувач.

Статијата е прочитана 2706 пати.


Испрати коментар
Карпошовци уште еднаш ги избркаа багерите од „Букурешка“
Координативен состанок на градоначалниците од Скопскиот регион за санирање на штетите
Igor, 12.08.2016 07:45:45
Eeej Luna Parkot ke cini 1,6 milioni evra. Zamislete kakov prk bi imale da se prenamenat sredstvata za panoramskoto trkalo vredno 18 milioni evra. Ke go imvme noviot Prater (Viena). Matematikata veli edno trkalo = 12 luna parkovi. C, c, c ...
   48 |   40
Dejan, 12.08.2016 15:27:57
Pa dali ste normalni ke izgine narod, proverete gi site bulevari sto gi rabotese zikol se propadnati ili raskopani, ne postoi firma so polos kvalitet na rabota a vie im dadovte da gradat nesto sto treba da go koristat deca. Samo profitot li e biten??
   40 |   37

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Облачно
Вто25
Сре21
Чет16
Пет18
Саб19
Нед21
Пон21
Вто23
Сре24
Чет25
НајчитаниНајкоментирани
 
Рама ја искористи платформата за поени во Албанија
Разочарување во Витлеем: Трамп ја одмина Базиликата на Исусовото раѓање
Балканот- колевка на човештвото?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ