www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:12
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 12:56
Миша Бартон: Моите најголеми стравови се остварија



Неколку дена откако американските таблоиди објавија дека сопствениците на порно-сајтови се интересираат за купување на нејзиното домашно видео, се огласила и Миша Бартон (31).

Имено, актерката одржала конференција за медиумите на која ја известила јавноста дека успеала на издејствува привремена забрана за прикажување и продажба на какви било фотографии и снимки со нејзиниот лик, но не ги објавила имињата на оние на кои забраната се однесува. Меѓутоа, Бартон барала забрана за двајца нејзини бивши момци, за кои се сомнева дека ја злоупотребиле нејзината доверба.

„Само сакам да кажам дека целава оваа приказна тешко ми паѓа. Моите најголеми стравови се остварија, зашто некој што го сакав и му верував, снимал во најинтимниот миг, без моја волја и знаење. А тогаш се случи нешто уште полошо од тоа. Сега некој се обидува да ги продаде тие снимки и фотографии“, рекла актерката и додала дека ниту една жена не би смеела да минува низ такво нешто.

Од друга страна, Миша поднела и пријава против двајца бивши момци, за кои се сомнева дека ја нарушиле нејзината приватност. Освен забрана за дистрибуција на материјалот, актерката побарала од судот и забрана за приод за бившите момци, а во изјавата што му ја дала на судијата рекла дека е сигурна дека нејзиното бившо момче Џон Закариас снимил видео во кое водат љубов и тоа без нејзина согласноста, а во време кога биле заедно.

По раскинувањето со Џон, актерката започнала врска со Адам Шау, но и со него имала многу проблеми, поради што и двајцата ги сомничи за обид за продажба на споменатата видеоснимка.



















































Статијата е прочитана 1062 пати.


Испрати коментар
Што прават денеска
Вкусен агол
Вкусен агол
Во Македонија не постои естрада
„Несериозна“ пунџичка и патец на страна
Концерт на Влатко Стефановски и „Биг бенд оркестар“ на словенечката војска
Шон Пен со ултиматум го спасил синот од зависност

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ