www.utrinski.com.mk
27 јуни 2017 18:08
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
10.05.2017, 00:38

Отворeни 45. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата „Травијата"

Претставата, со извонредната режија и сценографија, како и настапот на солистите, хорот и оркестарот, ги одушеви присутните во полниот салон на Македонската опера и балет

Со премиера на "Травијата" од Верди, нова постановка во режија на Верена Штојбер од Германија и со сопранистката Ана Дурловски во насловната улога вечерва беа отворени 45. Мајски оперски вечери. Претставата ќе биде репризирана на 11 мај.

Претставата, со извонредната режија и сценографија, како и настапот на солистите, пред се на Дурловски, хорот и оркестарот, ги одушеви присутните во полниот салон на Македонската опера и балет.

Фестивалскиот оган на 45. Мајски оперски вечери го запали првенецот-тенор Ѓорѓи Цуцковски.

На фестивалската програма годинава се пет оперски и три балетски претстави, два солистички рецитали и две изведби на мјузиклот "Тајно моја", а покрај македонски изведувачи, ќе настапат и гости од повеќе земји.

"Травијата" беше најавена како ново читање на најпопуларната и најизведувана опера во МОБ. Овојпат е во режија на Верена Штојбер од Германија, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер, кореограф е Саша Евтимова, а диригент Џанлука Мартиненги од Италија.

Режисерката Штојбер на прес-конференција по повод премиерата рече дека идејата и била на сцената да прикаже "нормални" луѓе, не кралеви и бајковни ликови, и да ги пренесе нивните емоции и вистинската приказна.

Според неа, Ведри е еден од најголемите раскажувачи на сите времиња кој со "Травијата" ги крши табуата и дозволува главниот карактер во операта да биде жена со низок морал, љубовница.

- Јас не го оправдувам лицемерието на патријархалното општество во кое не е проблем мажите да имаат жени и девојки на страна, но е проблем кога некој, а во случајот на "Травијата" тоа е Алфредо, ги прекршува правилата и се вљубува во една од љубовниците, и дури и полошо - решава да живее со неа, смета Штојбер, која приказната ја осовременува затоа што, како што рече, таа соодветстува и денес, на пример во политиката, каде некои мажи имаат семејства, но и ескорт дами.

Сценографката и костимографка Шнајдер додаде дека направила сцена која би била актуелна и денес, иако операта е од средината на 19 век. - Сцената се врти и се прикажуваат разни простори кои отсликуваат различни аспекти на општеството, рече Шнајдер.

Сопранот Ана Дурловски истакна дека со новата "Травијата" публиката во Скопје ќе може да види повисока оперска класа и театар каков што се прави во Германија, каде ликовите и нивните релации се подлабоки. Таа соработувала со режисерката Штојбер во ист ансамбл во Германија, меѓу другите и за операта "Травијата".

- Посебно ме радува што во лет го фативме тимот на Штојбер која е добитник на "Ring Award" - една од најголемите награди за режија во светот. Ме радува и тоа што во кастингот се македонски солисти, рече Дурловски која ќе го игра ликот на Виолета Валери.

Покрај неа настапија и: Дарко Нешовски (Алфред Жермон), Борис Трајанов (Жорж Жермон - во оваа улога во репризата на 11 мај ќе настапи Марјан Јованоски), Николина Јаневска (Флора), Александра Лазаровска-Василевски (Анина), Владимир Саздовски (Барон Дуфол), Драган Ампов (Маркиз Д'Обињи), Дамјан Попоски (Гастон), Борко Биџовски (Гренвил), Игор Гиновски (Џузепе), Ернес Ибраимовски (Комесарио), како и оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

По репризата на "Травијата" на 11 мај, следен фестивалски термин е 13 мај и операта "Севилскиот бербер" на Росини во изведба на Српско народно позориште од Нови Сад, а следниот ден (14 мај) ќе гостува Опера Нова од Киев со операта "Јов".

На 28 мај е "Мадам Батерфлај" од Пучини во изведба на Националниот театар на операта и балетот од Тирана и на 31 мај Мајските оперски вечери традиционално ќе завршат со Вердиевата "Аида", а оваа година во главните улоги ќе бидат солисти од Турската државна опера од Истанбул.

Балетските изведби ќе почнат на 10 мај со претставата "На пат" на Хрватско народно казалиште од Сплит, по музика на Јохан Себастијан Бах на македонскиот кореограф Игор Киров. На 20 мај е балетот "Лебедово езеро" на музика на Чајковски, на кој со солистите и балетскиот ансамбл на МОБ ќе настапи Оркестарот на Државната опера од Пловдив, а на 26 мај ќе биде изведен балетот "Клеопатра".

По шесте прикажувања на "Тајно моја", во март и во април, мјузиклот посветен на Тоше ќе има две изведби и во рамки на Мајските оперски вечери - на 16-ти и на 17 мај.

На фестивалот ќе бидат одржани и два солистички рецитала со првенци на МОБ - на 18 мај е сопранот Весна Ѓиновска-Илкова во придружба на пијанистката Кристина Светиева, и на 23 мај - басот Игор Дурловски придружен од пијанистот Дино Имери. Од МОБ најавија и настан за најмладите - претставата "Пролетна приказна" на музика од Стојан Стојков и настап на детскиот хор "Фалсето".

Статијата е прочитана 983 пати.


Испрати коментар
Рациновото признание" за 2017-та врачено на Ана Стојаноска
МНТ со претставата „Копање“ го затвори Dramatikerinnenfestival во Грац, Австрија
Започна Преспанско културно лето
Рациново признание постхумно за хрватскиот професор Предраг Матвеевиќ
Археолошкиот музеј првпат ќе учествува на изложба во Обединетото Кралство
Филмот "Кога денот немаше име" на фестивали во Сиднеј и Ерусалим
Меѓународен хорски фестивал Техо во Тетово
Трибина - "Rocken'roll-от како soundtrack за новото Министерство за култура"
Кумановскиот тетар премиерно со претствата "Интрига и љубов"
Шангај подготвува циклус проекции, изложба, книга и предавање на Милчо Манчевски
Позната деталната програма за годинашниот Скопје Синема Сити
Златна камера 300 за животно дело за италијанскиот великан Џузепе Ротуно
Изложба на Мирко и Лидија Вујисиќ
Специјална проекција на победничкиот филм на 7. Филозофски филмски фестивал
Триумф на „Златната петорка“ на фестивалот на Југоисточна Европа во Париз
Ликовна изложба по повод 20 години јубилеј на училиштето "Нова"
Од утре конкурс за државната награда "Св.Климент Охридски"
„Аида“ со солисти од Турција за крај на Мајските оперски вечери
Почнува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија
Симон Трпчески со нов албум и серија настапи
Кан: Златната палма за шведскиот филм „Плоштадот“ на Рубен Остлунд
Успешно гостување на Битолскиот театар во Торонто
Оскаровската „Ничија земја“ на сцената на Македонскиот народен театар
Битолскиот театар гостува во Канада
За Музеј на годината избрана НУ Музеј и завод Битола за "Спомен куќа на Татарчеви" во Ресен
Џеки Шепард и Коле Ангеловски почесни лауреати на "Астер
Вечерва 36 издание на "Мал Битолски Монмартр"
Хуманитарен концерт место операта "Мадам Батерфлај"
Театар комедија освои две награди на фестивал во БиХ
Македонските продуценти рамо до рамо со светските филмаџии
Шеста премиера на " Грета од Фауст" во Битолскиот театар
Полските издавачи заинтересирани за македонските автори
Во Националната галерија изложба на графики од Иван Мештровиќ
Со есклузивен концерт вечерва ќе биде отворена новата Македонската филхармонија
Македонската поезија и проза на Саемот во Варшава
Промоција на новиот објект на Македонската филхармонија в недела со ексклузивен концерт
Трпчески на примиерната изведба "Македонисимо" во Германија дури запеа
Почнува осмиот фестивал за класична гитара "Тремоло"
Во книжарницата "Бункер" ќе се делат бесплатни стрипови
Премиера на детската оперета "Пролетна приказна" во МОБ
Македонскиот виолинист Иванов ќе ја претставува Европа на светски натпревар
„Атена со пенис“ - премиера на Драмски театар
Изложба на етнолошки предмети подарени на Музејот на Град Скопје
Промоција на монографија за акварелите на Васко Ташковски
По 70-ти ќе биде послан црвениот тепих во Кан
Хуманитарна изведба на мјузиклот "Тајно моја"
Ванеса Меј приреди редок спој на класика, џез и техно
Филмот "Ах, љубов моја" на Коле Ангеловски со кино проекција во Велешкиот театар
На "Про- за Балкан" ќе гостуваат познати издавачи од Франција, Србија и ОАЕ
"Кружно патување на Марето" најдобар фил и на фестивалот "Вилмош Зигмонд"
"Хармс" влезе во главната конкуренција на фестивалот во Шангај
Премиера на Дон Жуан од Молиер во Битолскиот народен театар
Виолинистката Ванеса Меј вечерва со концерт во "Борис Трајковски"
Промовирани 14 нови преводи на стручна и научна литература
Македонскиот Културно-информативен центар во Софија годинава со амбициозна програма
Опера-реквием „Јов“ на Мајски оперски вечери
Операта „Севилскиот бербер“ вечерва на 45. „Мајски оперски вечери“
Во Велес на 9 и 10 јуни 52. „Рацинови средби“
Чествување на Конески и претставување на Османли на Саем во Солун
Модерно издание "Басни од Македонија" на здружението "Браво сине"
Нова книга на Веле Смилевски за поезијата во изминатите 45 години
Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Крива Паланка
Во Торонто промовирана монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин
Панел дискусија за 25 години од првиот договор за соработка меѓу ДПМ и Сојузот на бугарските писатели
Отворена јубилејната 10. Македонска книжевна визита во Софија
Македонска вечер во Париз
Книга на Виктор Габер за Македонија во меѓународните односи
Прва награда во Италија за снимен филм од децата од Домот „11 Октомври“
Турнеја на сплитскиот балет во Македонија
Недела на турскиот филм во Скопје
Со порака во шише се простија од Зоран Маџиров
Италијанската награда "Златен грифон" за македонскиот филм "Златна петорка"
Бил Клинтон пишува книга за задкулисните моменти во Белата куќа
Руски воени филмови во Кинотеката по повод Денот на победата
Плакатите од 9. Скопје постер фестивал патуваат за Португалија
Две награди за документарецот „Мојот превртен свет“ на SEEfest во Лос Анџелес
Јубелејни 45-ти Мајски оперски вечери
Монодрами од Холандија, Полска и Израел на фестивалот во Битола
Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Њујорк
Почина актерот Ѓорѓи Бисерков Дампе
Промовирана монографија "Никола Мартиноски до 1945" од Кирил Пенушлиски
Почна "Скопје креатива 2017"
Исландскиот писател Браги Олафсон гостин на „Про-за Балкан"
ТВ серијата "Сенките над Балканот" на Драган Бјелогрлиќ ќе се снима и во Македонија
Изложба Охридски филиграни во Софија
Прва фото изложба на лице со даунов синдром
Мултимедијалниот проект со оган на младиот Јосифов и во Сан Франциско
Театарски перформанс на младата режисерка Нина Николиќ во Битола
Писателите ке го чествуваат делото на Гане Тодоровски
Во Скопје се снима првиот боливудски филм
"Скопје креатива" од утре до 6 мај
Три настани во чест на Никола Мартиноски
„Устата на јавето“ нова поетска книга на Раде Силјан
Во Крива Паланка пролетна школа "Етнографија на социјализмот"
Отворена постхумна изложба на Нове Франговски
Концерти на Миха Погачник за интеграција во ЕУ
Успешна изведба на „Дениција“ во Брисел
Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во НУБ „Св. Климент Охридски“
„Плакати“ од Михајло Арсовски на изложба во МСУ
Харлан - „Кјубрик најмногу се интересираше за политиката“
Фестивалот на монодрама Битола од 5 до 9 мај
И „Лолита“ на Скопje филм фестивал
Екипата на „Ах, љубов моја“ се поклони во „Милениум“
Светот се' уште е „гладен за книги“
Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов
Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
29°СкопјеВреме
Претежно облачно
Вто31
Сре35
Чет36
Пет37
Саб38
Нед31
Пон25
Вто26
Сре29
Чет31
НајчитаниНајкоментирани
 
ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување
Меркел најави признавање на истополните бракови во Германија
Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ