www.utrinski.com.mk
22 февруари 2017 16:21
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
15.02.2017, 18:07

Скапи влезници за мјузиклот „Тајно моја“ - 1.200 денари во чест на Тоше Проески

На социјалните мрежи веќе се води полемика околу износот од 1.200 денари, кој според многумина е висок за нашиот стандард

Илјада и двесте денари треба да одвојат почитувачите на ликот и делото на Тоше Проески ако сакаат да го погледнат мјузиклот во негова чест „Тајно моја“, чија премиера е закажана за 10 март во Македонската опера и балет.

Пробите за мјузиклот се во тек, а билетите за премиерната изведба на „Тајно моја“ се веќе распродадени, информираа деновиве од МОБ, која стои зад продукција на настанот. Веќе е закажана и втора изведба која ќе се одржи на 21 март со почеток во 20 часот.

Во долгоочекуваниот мјузикл во кој главните улоги се доверени на Антонија Гиговска и Денис Димоски, победници на првото македонско „Кастинг талент шоу“, публиката ќе може да слушне дваесетина песни од Тоше, како „Немаш ни благодарам“, „Тајно моја“, „Полско цвеќе“, „Усни на усни“..., но во ново аранжманско руво, дело на композиторите Кокан Димушевски и Сони Петровски. „Тајно моја“ е љубовна приказна за двајца млади кои живеат во времето на Тоше Проески, кога тој ги прави најголемите успеси, концерти, албуми.

Несомнено станува збор за амбициозен проект во кој се вклучени голем број учесници: диригент, режисер, костимограф, сценограф, актери, солисти, Оркестарот, Хорот, Балетскиот ансамбл на МОБ... Идејата е одлична, но цената на влезниците дискутабилна. На социјалните мрежи веќе се води полемика околу износот од 1.200 денари, кој според многумина е висок за нашиот стандард. Сепак, останува фактот дека премиерната изведба е распродадена, а во тек е продажба на билетите за втората изведба на „Тајно моја“. По цена од 1.200 денари, се разбира.

Да потсетиме дека мјузиклот е дел од Годишната програма на Министерството за култура што значи и дека финансиски е поткрепен. Оттука и апел да се намали цената на билетите се' со цел што повеќе публика да добие можност да го погледне шоуто во чест на Тоше Проески. Или еден дел од средствата од билетите да се донираат во хумани цели со што на најубав начин ќе се продолжи делото на Тоше Проески.

Начин секогаш постои, но дали има волја? (К.Ш.)

Статијата е прочитана 2383 пати.


Испрати коментар
„Фејсбук“ ќе пушта видеа со вклучен звук
Парис Хилтон има ново „луксузно“ момче
„Најк“ заработил 500 милиони долари од Роналдо
(ФОТО) Специјално забавно обединителство
Анџелина Џоли првпат проговорила за разводот
(ВИДЕО) Црн или бел бумбар - Од утре почнува нова емисија на ТВ Нова
Масимо Савиќ, евергрин музички блесок
По разводот, Марк Антони вљубен во уште помлада девојка
Лиза Мари Присли пронашла педофилски снимки кај сопругот
Амал и Џорџ Клуни очекуваат момче и девојче
Елена Реи за „Ел мериџ“
Џамбо Агушев го претстави новиот проект „Таксим дрим“
Бившиот свршеник на Софија Вергара ги бара замрзнатите ембриони
Морскиот лав починал од голтнат камен
Харисон Форд со својот авион речиси се судрил со „боинг“
Енија побогата од Адел, а живее со мачки
Ричард Гир горд на својата млада девојка
(ФОТО) Концерт на Калиопи во „Фабрика на култура“ во Загреб
„Вог“ и дава поддршка на првата дама
Невестинска модна вечер - Радоста на невестинскиот избор
Том Хојвирт сака да ја „убие“ Кончита
Златна бубамара - Награда за животно дело за ансамблот „Мањифико“
(ФОТО) Греми - Џенифер Лопез, Адел и Ријана – вистински диви на црвениот тепих
Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ освои пет БАФТА награди

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
16°СкопјеВреме
Претежно облачно
Сре12
Чет13
Пет13
Саб8
Нед11
Пон13
Вто14
Сре13
Чет13
Пет12
НајчитаниНајкоментирани

Јанева за ДВ: Доста е, време е јавноста да знае што се случува!
Популизам: анализа на еден феномен
Нема бесплатно полнење на мобилните апарати
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ