www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:16
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 13:54

Мартин Шулц ќе ја предизвика Ангела Меркел

Испитувањето на јавното мислење во Германија покажува дека Шулц е речиси изедначен според популарноста со Меркел кај гласачите

Кандидатот именуван од германската Социјалдемократска партија (СПД) за да ja предизвикa канцеларката Ангела Меркел, Мартин Шулц, вети дека ќе се бори против популизмот доколку неговата партија победи на изборите во септември. Тој ги критикуваше европските скептици, но и „расистичката“ реторика на Трамп.

На партискиот состанок на СПД во Берлин едногласно беше потврдено Шулц да биде кандидат кој ќе ги води социјалдемократите на изборите.

СПД е помалиот партнер во „големата коалиција“ на Германија од 2013 година.

Партијата се надева дека Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент, ќе ги зголеми шансите за владеење без партијата ЦДУ на Меркел.

Анкетите покажуваат дека социјалдемократите им дишат во врат на демохристијаните од ЦДУ, а личниот рејтинг на Шулц се споредува со оној на Меркел, која планира да се кандидира за нов мандат. Испитувањето на јавното мислење во Германија покажува дека Шулц е речиси изедначен според популарноста со Меркел кај гласачите, но ЦДУ и натаму има предност пред социјалдемократите.

„ Како претседател на Европскиот парламент, секогаш бев против сите обиди да се попречуваат процесите за европското интегрирање и за уништување на проектот за европското единство“, рече Шулц во Берлин.

Во својот говор во неделата, тој го обвини растечкиот јаз меѓу просечните работници и богатите.

Шулц (61) ги нападна плановите на демохристијаните да се намалат даноците и да се зголемат трошоците за одбрана на сметка на социјални програми.

Во пресрет на конвенцијата во неделата, генералниот секретар на СПД, Катарина Барли, рече дека партијата добила 13.000 нови членови само оваа година.

Мартин Шулц беше единствениот кандидат за функцијата претседател на партијата. Тој доби 100 отсто од гласовите на делегатите - невиден резултат во повоената историја на СПД.

Тој доаѓа на местото на Зигмар Габриел, кој се повлече од функцијата претседател во јануари, во обид да ги подобри шансите на партијата.

Поранешниот продавач на книги кој не завршил ни средно образование, доаѓа од мало место во близина на холандската граница и некогаш размислувал да стане професионален фудбалер. (Би-би-си)

Статијата е прочитана 161 пати.


Испрати коментар
Трезор
Последната епизода од сагата за Херцег-Босна во Хаг
Пак протести против полициско насилство во Париз
Бившиот управник на затворот не е виновен за грабнувањето на Милошевиќ
Свет - Вести
Внуката на Мандела против партијата на дедото
Олдтајмерите на колекционерот од Алепо

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ