www.utrinski.com.mk
28 март 2017 17:46
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 17:53

Холивудски двојки на кои не им пречи разликата во години - Помладо е послатко

Кога е во прашање љубовта годините се само бројка

Кога е во прашање љубовта годините навистина се само бројка, која не претставува никаква пречка. Кога ќе се пронајдат две сродни души, ништо повеќе не е битно. Еве дел од славните двојки на кои не им пречи разликата во години.

Стивен Тајлер и Ејми Ен Престон

Рокерот и пејач на „Аеросмит“, Стивен Тајлер, е во врска со својата лична асистентка Ејми Ен, која е 39 години помлада од него. Стивен има 68, а Ејми 29 (додека ќерките на Стивен - Лив и Миа имаат 39 и 37 години). Двојката криеше дека е заедно се' додека не беа видени како се држат за раце во февруари 2016 година. Ејми претходно беше асистентка во Трамп организацијата, а почна да работи за Тајлер во 2012 година. Нивни блиски пријатели велат: „Луѓето одамна претпоставуваа дека се заедно, а сега тоа излезе на виделина. Тоа е сосема во ред, затоа што таа живее и работи со него. Постојано се заедно и никогаш не го остава сам“.

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс

Оваа двојка имаше подеми и падови, но кој ги нема. Сепак, нивната врска зајакна откако се изборија со борбата со ракот на Мајкл и манично-депресивната психоза на Кетрин во 2010 година. Се запознаа на филмски фестивал во 1998 година, а се венчаа две години подоцна. Денес Даглас има 72 години, а Зета-Џонс 47, разликата меѓу нив е 25 години. Тие имаат две деца, Дилан (16) и Карис (13). Актерот изјави: „Кетрин е неверојатна. Таа навистина знае како да се избори со работите, со сета почит, нешто што не е секогаш точно кога се работи за Британците. На крајот успеавме да се избориме и да тргнеме напред. Сега сме поблиски од кога било“.

Мик Џегер и Мелани Хамрик

Рокенролот е познат по старите рокери, кои се во врска со млади девојки, а истото важи и за коосновачот на групата „Ролинг стоунс“. Мик Џегер имаше 70 години кога ја запозна 27-годишната балерина Мелани со која започна врска во 2014 година. Во 2016 година објавија дека Мелани е бремена, а бебето се роди во декември минатата година. Разликата меѓу нив е 43 години, а синот е осмо дете за Џегер.

Вуди Ален и Сун Ји Превин

Оваа голема разлика во години е особено во центарот на вниманието, бидејќи Вуди своевремено беше очув на Сун. Таа е ќерка на поранешната девојка на Вуди- Миа Фероу (која Миа ја посвои). Миа се разведе од Ален во 1992 година, откако пронајде голи фотографии од нејзината ќерка, кои ги фотографираше нејзиниот тогашен сопруг. Разликата меѓу нив е 35 години, а двојката се венчаше во 1997 година. Три години подоцна посвоија две ќерки. И покрај контроверзноста околу една од неговите ќерки, Ален и понатаму има успешна кариера. Кога го прашале како го променила врската со Сун, тој одговорил: „Ме променила?! Не можам да кажам дека ме променила, бидејќи јас сум истата личност која бев и кога имав 20 години“.

Доналд Трамп и Меланија Трамп

Разликата меѓу претседателот на САД и неговата сопруга Меланија е 24 години. Меланија е поранешен модел, а сега дизајнер на часовници и накит. Го запозна Трамп на Модната недела во Њујорк во 1998 година и во почетокот се двоумеше дали да му го даде телефонскиот број. Врската ја почнаа во 2005 година, а се венчаа на Флорида. На свадбата присуствуваа и Хилари и Бил Клинтон. Во 2006 година Меланија го роди синот Барон Вилијам Трамп, кој го вика „Мини Доналд“. Тој сега има свој кат во апартманот на Менхетн и ужива да игра голф со својот татко.

Елен Деџенерис и Порша ди Роси

Двете се запознаа преку заеднички пријатели во 2001 година, но тоа не беше љубов на прв поглед. Неколку години подоцна, во 2004 година, Порша се сретна со Елен за време на фотосесија и тогаш се појавија првите симпатии. Започнаа врска во 2004 година, а во 2008 година се венчаа на интимна церемонија на која присуствуваа 19 пријатели и членови на семејството. Магазинот Пипл напиша: „Навистина се прекрасен пар, иако разликата во години е 15: Елен има 58, а Порша 43“. Последните информации говорат дека Елен и Порша имаат сериозна криза во бракот.

Анет Бенинг и Ворен Бити

Двојката се запозна на снимањето на „Багзи“ во 1991 година, а тогаш Ворен имаше 54, а Анет 33 години. Заедно се веќе 25 години. Ворен некогаш беше познат како женкар, а имаше гласини дека бил со 13.000 жени, меѓу кои се и Џоан Колинс, Мадона и Карли Симон, за која се верува дека му посветила една песна. Се венчаа во 1992 година и имаат четири деца.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Во брак се од 2012 година, а се венчаа без голема најава во круг на семејството и најблиските пријатели. За русокосата убавица ова е прв брак, додека актерот веќе беше во брак со Скарлет Јохансон. Иако се зборуваше дека љубомората им е сериозна закана на нивната врска, бидејќи 11 години постариот Рајан се обидуваше да ја контролира својата жена, тие се се' уште заедно. Двојката ја има ќерката Џејмс, кој дојде на светот во декември 2014 година, а актерката се породи по втор пат во септември минатата година.

Џорџ и Амал Клуни

Веста дека вечниот ерген Џорџ Клуни и' кажал „да“ на убавата адвокатка ја дозна целиот свет. Двојката се венчаше во луксузен хотел во Венеција, далеку од очите на јавноста. „Веднаш знаев дека Амал е жената со која сакам да го поминам животот“, изјави познатиот актер, додавајќи дека е многу посреќен откако е во брак. Разликата меѓу нив е 16 години. Актерот не пропушта можност да истакне колку е горд на неговата сопруга поради работата со која се занимава. Неодамна се појавија гласишта дека очекуваат принова.

Владимир Кличко и Хајден Пенетиер

Познатиот украински боксер и актерката се запознаа во 2009 година преку заеднички пријател. Владимир Кличко и Хајден ја добија ќерката Каја во декември 2015 година, а актерката потоа имаше проблем со постпородилна депресија, во чие надминување и помагаше сопругот. Разликата меѓу нив е 13 години.

Алек Болдвин и Хиларија Томас

Актерот кој е на прагот на седмата деценија ја пронајде среќата со 25 години помлада од него јога-инструкторка. Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија добија трето дете во септември минатата година. Двојката ја има ќерката Кармен Кармен и синот Рафаел Во брак се од 2012 година, а 58-годишниот актер за американските медиуми изјави дека никогаш не бил посреќен.

Џеј Зи и Бијонсе

Познатиот пар е заедно веќе 14 години, а разликата од 12 години за нив не претставува пречка за среќа. Тие ја имаат четиригодишната ќерка Блу Ајви, а пред некое време беа во центарот на вниманието поради приказните дека нивниот брак е во криза, но сепак, останаа заедно.

Хју Хефнер и Кристал Харис

Легендарниот плејбој Хју Хефнер заведуваше многу дами во текот на изминатите децении. Тој го издаде првото издание на „Плејбој“ во 1953 година, со Мерлин Монро на насловната страница. За време на повеќе од 90-годишниот живот беше во брак три пати, а моментално е во брак со 60 години помладата Кристал Харис. Двајцата се свршија во 2011 година, а се венчаа една година подоцна во вилата на Плејбој. Хефнер има четири деца од претходните бракови, а најмалото дете е родено во 1991 година и е само пет години помладо од неговата маќеа.

Џејсон Статам и Рози Хантингтон

Рози е модел и има 29 години, а Џејсон 49. Таа му припаѓа на аристократско семејство и имала среќа лесно да се пронајде во својата работа. Џејсон во 80-те години се занимавал со нуркање, а во меѓувреме почна да се занимава со фитнес мода. Дури и покрај различните хобија и години, оваа двојка има неколку тајни на успехот. Џејсон вели: „Понекогаш ќе се напиеме и ќе се опуштиме во базенот“, додека таа додава: „Ние сме најдобри пријатели. Ме засмејува секој ден и речиси се чувствувам како никогаш порано да сум немала момче кое толку ми одговара“. Откако ја почнаа врската во 2010 година важат за една од најубавите двојки на Холивуд. Се свршија во јануари 2015 година.

Статијата е прочитана 311 пати.


Испрати коментар
Возење на снег - Без нагло забрзување и сопирање
Елена Велевска се пробива во Бугарија
Кинески хороскоп - Што ни носи годината на огнениот Петел?
Проектите за екологија ги работиме во континуитет
Што прават
Бебе во новата година
Холивудските актерки ќе протестираат против Трамп
Мис на Хелсинки ги налути Финците
Адријана Лима на пат до смирување со бившиот сопруг

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
18°СкопјеВреме
Сончево
Вто18
Сре21
Чет20
Пет21
Саб22
Нед22
Пон23
Вто22
Сре21
Чет20
НајчитаниНајкоментирани

Седница за Македонија во Бундестагот
„Здравството е добро, но штедете за приватниците“
Невремето „Деби“ беснее во Австралија
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ