www.utrinski.com.mk
23 април 2017 12:04
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 14:08

„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје



Претставата во сабота ќе се одигра во Центарот за култура „Иљо Антевски- Смок“, а на 24 април во Драмски театар

Исмејување на балканскиот и македонскиот менталитет преку драма, хумор, сатира, смеа и солзи е кусата содржина на комедијата „Европејци“ што во сабота претпремиерно ќе се прикаже во Центарот за култура „Иљо Антевски–Смок“ во Тетово, а на 24 април на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Авторот на комедијата е современиот српски драмски автор Мирољуб Недовиќ–Рики, а драматизацијата ја подготвија Мирко Видоевски и Игор Бачоски, двајцата познати актери на Драмското студио во Тетово. Според нив, ова е современа општествено-политичка и социјално актуелна, динамична претстава, во која настапуваат и веќе познатите актери – аматери Гордана Георгијадис и Глигорие Стојановски.

„Ова е прва претстава што ја подготвуваме годинава. Авторот многу вешто обработува период од настани во последните 25 години на Балканот, во чии рамки се и случувањата во Македонија. Претставува вистинска политичка сатира, актуелна во времето. Содржи многу хумор, сатира и размислувања, актуелни во времето во кое живееме. Правиме обид да се надраснат разликите, видливи за споменатиот период. Се подготвувавме четири месеци и сметам дека успеавме“, ни рече Мирко Видоески. „Тетовската публика знае да награди, но и да искритикува. Се надевам дека ќе биде задоволна“, додава Гордана Георгијадис. Игор Бачоски смета дека се работи за фантастичен текст, за настани од нашето поднебје и опкружувањето. Глигорие Стојановски, пак, истакнува дека на сите проби имало одредени додавки од актерите, што сето тоа ја збогатува и онака богатата содржина на комедијата.

Во првите денови на јуни, на покана на Здружението на Македонци од Краљево, „Европејци“ ќе биде прикажана и на Меѓународниот фестивал на детски претстави во Јабука (Србија).

Драмското студио во Тетово годинава одбележува 120 години постоење, како продолжувач на театарот во овој град формиран во 1896 година. Самото студио како што сега функционира е формирано во 1946 година, а неговата екипа е во истиот состав веќе 15 години. За овој период има подготвено 34 премиери, настапувале во сите поголеми места во нашата земја, а гостувале и во српските градови Белград, Зрењанин, Лесковац, Врање, Панчево, Велика Плана и на други места.(Г.Е.)

Статијата е прочитана 1820 пати.


Испрати коментар
Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов
Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ