www.utrinski.com.mk
23 март 2017 09:24
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 15:38

„Македонка“ и „Астибо“ му оставија траен печат на Штип како град на текстилот

Во двата гиганта кои годинава ќе славеа јубилеи доколку не пропаднеа, пред три децении работеа 10.000 луѓе


Љупчо Шатевски

Штип - Градот на текстилот или „македонскиот Манчестер“, како што некогаш го викаа Штип, бидејќи во двата текстилни гиганти „Македонка“ и „Астибо“ работеа 10 илјади луѓе и денес главно си остана град на текстилот, само што сега, наместо гигантите, работат 70-ина приватни конфекции. Ако не пропаднеа пред петнаесетина години, оваа година „Македонка“ ќе славеше 65, а „Астибо“ 55 години од основањето. Јубилеи што веќе не се слават во градот, иако некогашните вработени се' уште се сеќаваат на годините поминати во нив, кога со текстилните плати не се живееше така лошо.

„Македонка“ почнала да се гради во 1950, а со работа стартувала во април 1952 година како предилница со 500 вработени, чиј број во 1989 стигна до 6.000 кои работеа во фабричките хали на 120.000 квадратни метри. Годишно произведувала по 20 милиони метри сурови и исто толку доработени ткаенини и беше водечки производител на текстил во СФРЈ. Пред 30-ина години производството го комплетираше и со погони за деним и џинс, но набрзо потоа колата тргна надолу. Во 2000 година отиде во стечај, стечајните работници добија околу 500 милиони денари од Владата, а фабричкиот комплекс, во кој денес со истата дејност работат само погоните за деним и џинс, се распродаваше од 2003 до 2006 година. Причините за пропаѓањето упатените главно ги гледаат во пропаѓањето на големиот југословенски пазар по распадот на СФРЈ, во престанокот на производството на памук во Македонија...

„Влијаеја и застарениот машински марк и непродуктивните вработувања. Во штрајковите и протестите пред 15-ина години кога комбинатот се затвораше, беа пропуштени две убави можности за продажба. За купување на ’Македонка‘ тогаш беа заинтересирани италијанските гиганти ’Зуки‘ и ’Мирољо‘“, вели Димитар Аџиев, некогашен раководител во „Македонка“, подоцна и стечаен управник за два нејзини големи погони.

„Астибо“, пак, почнал со работа во 1962 година, а негова основа бил погонот за конфекција на „Македонка“. Стартувал со околу 300 вработени, а во следните две-три децении стигнал до околу 4.500, од кои две третини во Штип, а другите во дислоцирани погони во шест други македонски градови. „Астибо“ беше меѓу водечките југословенски производители на лесна и полутешка конфекција, со 70 отсто од производството наменето за извоз, а остатокот се пласирал на југословенскиот пазар. Во 2001 година отиде во стечај и ликвидација, а потоа беше купен од конзорциум од десетина штипски приватни конфекции.

„’Астибо‘ направи невиден развој. Од обична работилница стана водечка модна куќа во СФРЈ. Беше одлично организиран колектив, во кој многу се водеше сметка за вработените. Покрај солидните плати, имаше модерен ресторан за исхрана за вработените, детска градинка покрај фабриката, весник, своја радиостаница што преку целиот работен ден во халите емитуваше програма и музика... За жал, пропаѓањето се случи многу брзо“, вели Стојан Троицки, тогашен директор на центарот за информации и култура во „Астибо“, потоа познат и како долгогодишен директор на фестивалот „Макфест“.

И Кирил Петров, директор за развој на „Астибо“ до 1988 година, жали што пропаднал така успешен колектив, за што една од главните причини гледа во тоа што државата своевремено не нашла клуч како да го спаси општествениот капитал со посоодветен начин на трансформација. Истакнува дека некогаш било престиж да се носат производи на „Астибо“ и во Југославија и надвор од неа.

„Астибова вратоврска носеше и тогашниот американски претседател Џими Картер, а често, со наши кошули и вратоврски беше и Тито. Се сеќавам посебно на еден случај, кога нашиот моделар Кирил Бреслиски замина во Белград да му земе мера за кошули пред еден роденден. Вечерта Тито и Јованка го задржале на вечера со нив, а следниот ден во Штип се врати со цела корпа портокали набрани на Бриони, што Јованка и Тито му ги дале како поздрав за семејството“, раскажува Петров.

„Македонка“ и „Астибо“, иако во последно време почнува блага промена на структурата, му ставија траен печат на Штип како град на текстилот. Во многуте конфекции, формирани главно од стручен кадар на двата некогашни колектива, особено од „Астибо“, денес работат повеќе од 7.000 луѓе, односно околу 20 отсто од вкупно вработените во македонската текстилна индустрија.

Статијата е прочитана 536 пати.


Испрати коментар
Децата со дијабетес непожелни во градинките
Кучињата - скитници ги сардисаа граѓаните - дневно и по пет случаи
Изградбата на Демир Капија - Смоквица завршува во мај
Автомобили

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
7°СкопјеВреме
Претежно облачно
Чет22
Пет24
Саб24
Нед22
Пон17
Вто16
Сре20
Чет19
Пет18
Саб16
НајчитаниНајкоментирани

Која загатка ќе ја одгатне денеска СЈО?
Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата
Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ