www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:07
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 15:46

Тинк-тенк група блиска до Путин изготвила план за влијание врз изборите во САД

Вашингтон - Руска владина тинк-тенк група, контролирана од Владимир Путин изработила план за влијание врз претседателските избори во САД во 2016 година во корист на Доналд Трамп, како и за поткопување на довербата на избирачите во американскиот изборен систем, изјавија за Ројтерс американски актуелни и поранешни официјални претставници, јави БТА.

Американските претставници се повикуваат на два доверливи документа на тинк-тенк групата, кои според нив биле рамката и основата за интензивни активности од страна на Русија во мешање на изборите на 8 ноември.

Американските служби ги добиле по изборите документите, кои биле изготвени од Институтот за стратешки истражувања во Москва.

Првиот од документите е стратешки и е напишан во јуни и тој циркулирал на највисоко ниво во руската влада, но не бил адресиран до конкретни личности.

Во него се препорачува Кремљ да почне пропагандна кампања на социјалните мрежи и во руските глобални медиуми за да се избере претседател кој би имал помек однос кон Русија, отколку администрацијата на тогашниот претседател Барак Обама, изјавија американските претставници.

Во вториот документ на Институтот, изготвен во октомври и дистрибуиран на истиот начин, се предупредува дека кандидатот на демократите Хилари Клинтон најверојатно ќе победи на изборите. Поради таа причина би било подобро Русија да ја стопира пропагандата за поддршка на Трамп и да ги интензивира пораките за изборни измами, за да ја поткопа легитимноста на американскиот изборен систем и да и' наштети на репутацијата на Клинтон.

Овие активности имале цел да го поткопаат евентуалното претседателско управување, изјавија седуммина претставници на американските власти.

Тие побарале анонимност, поради доверливиот карактер на руските документи. Изворите, исто така, одбија да кажат како САД ги добиле тие документи.

Американските разузнавачки служби не ја коментираат оваа информација.

Документите се од суштинска важност за тврдењата на администрацијата на Обама, дека Русија водела кампања на „лажни вести“ и извршувала кибернапади врз Демократската партија и штабот на Клинтон, изјавија изворите.

„Путин цело време ја имал во главата таа цел и побарал од Институтот да му изработи патоказ“, изјави еден од изворите, кој е поранешен висок функционер во американското разузнавање.

Четворица од изворите изјавија дека мерките, кои се содржани во стратешкиот документ од јуни, се проширување на активностите на владата на Путин од март 2016 година. Според нив Кремљ тогаш ги инструирал државните медиуми, меѓу кои и меѓународните „Раша тудеј“ и агенцијата Спутник да објавуваат позитивни вести за Трамп.

„Раша тудеј“ не даде коментар на овие тврдења. Портпаролот на Спутник го оцени тврдењата за учество в кампањата на Кремљ како „апсолутна лага“.

Во ниту еден од документите на рускиот Институт не се споменува за ширењето на хакираните мејлови на Демократската партија со цел мешање во американските избори, изјавија изворите. Според нив хакирањето било тајна операција, која била спроведена одвоено од Кремљ. (МИА)

Статијата е прочитана 380 пати.


Испрати коментар
Трезор
Меѓународната вселенска станица доби ново друштво
Иранците се собираат за шопинг и ноќен живот во Ван, Турција

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ