www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:02
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
13.05.2017, 09:35

Шесто издание на „Мариово офф роуд искуство“

Прилеп - Во Мариово денеска по 6. пат почнува аутдор фестивал „Мариово офф роуд искуство“, во организација на здружението „Вело Европа“ од Скопје и општина Прилеп.

Активностите и кампот годинава ќе бидат сместени во манастирот „Свети Илија“ во село Мелница.

Фестивалот, како што информираат од општина Прилеп, освен турите со планински велосипедизам годинава ќе понуди и други новитети како влегување во пештери, искачување на неколку планински врвови и концерт на чалгискиот оркестар при МРТ.

Организаторот на аутдор фестивалот Слободан Трајковски, изјави дека покрај планинскиот велосипедизам, годинава ќе има и планинско трчање, аеробик, болдеринг и спелеологија.
- Целта и мотото на годинашното издание на фестивалот е „Уживаме во Мариово“. Со текот на годините го поставивме Мариово во календарот на аутдор активностите на спортистите во Македонија и веќе се дефинираше групата на луѓе кои се искрени љубители на овие спортови, љубители на престојот во природа и конкретно љубители на Мариово. Оваа година очекуваме да има околу 300 гости кои ќе практикуваат еден од овие спортови. Една од најубавите промени кои ќе ги воведеме е музичкиот дел кој ќе се одржи во сабота. Преку денот ќе има диџеј кој ќе пушта тивка музика, а вечерта во 20 часот ќе се одржи концерт на чалгискиот оркестар при МРТ, изјави Трајковски.

Главни активности, како и претходните години, ќе бидат планинските велосипедски тури. Ќе има две тури едната долга 50, а другата 30 километри. Учесниците на подолгата тура стартуваат во 10 часот од манастирот Свети Илија во Мелница, а ќе продолжат кон Бешиште, Сатока, Градешница и преку Зовиќ и селото Манастир повторно завршуваат во манастирот Свети Илија во Мелница. Малата тура ги посетува селата Витолиште, Полчиште, Бешиште и повторно се враќа во Мелница.

Марио Шарески, од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје, рече дека ова е негово трето учество на фестивалот.

- Годинава една од поглавните промени ќе биде и воведувањето на планинарската патека која ние уште пред еден месец ја обележавме и пробивавме. Таа е во должина од 15 километри. Ќе стартуваме од манастирот „Св. Илија“ и ќе искачиме три врвови : Мала скрка, Панделе и Пасково ќуле и потоа ќе се спуштиме во селото Полчиште за на сите посетители и учесници на турата им претставиме како изгледа едно типично мариовско село со својата архитектура. Потоа се враќаме назад во манастирот, рече Шарески.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ги повика сите љубители на природата од цела Македонија да присуствуваат на овој несекојдневен и единствен од ваков тип аутдор фестивал во регионов.

- „Мариово офф роуд искуство“ е еден од најважните настани кои се случуваат во текот на годината во Прилеп и Македонија. Ова е едно навистина одлично одбележување на пролетта и промоција на овој преубав крај. Благодарност до организаторите кои по 6. пат го организираат настанот и ги повикувам сите ентузијасти, љубители на природата и традиционална музика, овој викенд да дојдат во Мариово. Овој крај е еден најживописните и најеколошките предели на Балканот, изјави Ристески.

Статијата е прочитана 706 пати.


Испрати коментар
Научниците конечно открија што ја уништило древната цивилизација Астеките?
Марк Цукерберг конечно дипломира на Харвард
ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ СО ВИШНИ
Том Круз најави втор дел на "Топ Ган"
Таен инвеститор „освојува“ парцели во Црниче
Дрејк со најмногу награди на Billboard Music Awards
Кои ке го наследи Богаството на Принс
Драма на филмскиoт фестивал во Кан
Музичкиот талент Дамјан Димевски освои Гран при на фестивал во Турција
Најбогатите луѓе загубија 35 милијарди долари за еден ден
Кан 2017: Гламурот на црвениот тепих
Антонио Бандерас ќе го глуми ликот на Ламборгини
По трет пат ќе се доделат алтернативни награди за музика
Милион Македонци "висат" на Фејсбук
Синот на легендарниот Војо Стојаноски - Дамјан, го сними првиот видеоспот
Славните U2 со јубилејна турнеја во Америка
необјавните скапи филмови на "Волт Дизни" на удра на хакери
Ѕирнете во најскапата куќа во Беверли Хилс
Младата Мартија со нова песна
Македонката убавина триумфира на Изборот за убавина на Кипар
Пол Макартни ќе глуми во "Пиратите од Карибите"
„Скопје сака птици“ - по повод Светскиот ден на птиците преселници
Португалија надмоќно победи на Евросонгот, Бугарија втора
Британка ќе добие 583 милиони долари од разводот со нафтен магнат
Отворен ден на Машинскиот факултет во Скопје
Италијанците се најздрава нација на светот, Македонците на 44 место
ри корпорејшн во Скопје на 20 јуни
Се снимаат последните кадри од филмот "Дедо и внук" на Пиперкоски
Јана Бурческа остана без Евровизиско финале, но доби венчален прстен
Јана Бурчевска со „Dance alone" настапува вечерва на Евровизија
Почина познатиот ДЈ Роберт Мајлс
Принцот Хари и неговата идна принцеза веќе не се кријат
Се снима втора сезона на тв серијалот Преспав
Паднаа првите прогнози за Евросонг 2017, Бурчевска настапува в чевтрток
Шпанија најдобрата туристичка дестинација за 2017
Авантуристи се венчаа на Монт Еверест
Дејвид Линч веќе никогаш нема да снима филмови
Легенарниот Ален Делон се збогува од филмот
Адел најплатена британска пејачка
Каролина Гочева судбоносно да кажа во романтичниот Париз
Италијанец се "ожени" сам со себе
Рекорден број алпинисти годинава ќе го освојуваат Монт Еверест
Хотелот „Калифорнија“ од легендарната песна навистина постои, но го чека тужба од „Иглс“
Во Перу 1.459 лица носат имиња од серијалот "Војна на ѕвездите"
Јана Бурческа ја снима разгледницата за Македонија на Евровизија!
Телохранителот на Дијана ја обвинува кралицата Елизабета за нејзината смрт
Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета се повлекува
Еве што прават денес девојките од Тату
Откриен ветувачки лек за ХИВ
Актерите на "Кум" се собра по 45 години
Северина ја освои американската публика
Почина најстариот човек на светот на 146 години
Бред Пит со прва фотосесија по разводот
Јана Бурческа преставничаката на Евровизија задоволна од првата проба
Моника Белучи - Нов доказ за сексапил
Жизел Бундшен - Враќање на огнената Бразилка
„Демофест 2017“ со богата програма и ѕвезди
Кире Лазаров и Пере - „Нокаут“ на ручек во Барселона
Фолк-фест „Филиграни“ се сели во лето
Елтон Џон во болница поради инфекција
(ФОТО) Концерт - Кога Наум пее, нема одење рано
Џек Николсон го прослави 80. роденден
Ерин Моран почина на 57 години
Македонија влезе во Гинис со шопска салата
Централното греење многу ќе го намали загадувањето во Скопје
„Не за селфи на воз - вреди да живееш“
Околу 800 ученици „Возеа кон иднината“
(ФОТО) Концерт на Влатко Стефановски и Биг бендот на оркестарот на словенечката армија - Музичко обединување на два темпераменти
Серена Вилијамс по породувањето ќе се врати на теренот
Австрискиот канцелар разнесуваше пици
(ВИДЕО) Грчки „летачки поп“ стана хит на интернет

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ