www.utrinski.com.mk
26 јуни 2017 07:33
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
10.01.2017, 18:08

Толкувањето за мандатите светски преседан

Во сите нормални демократии се овозможува што повеќе простор да се формира влада, а кај нас се тврди само првата партија има право да добие мандат

Слободанка Јовановска



Тврдењата дека нашиот Устав не остава простор никој друг освен победничката партија да добие мандат за да формира влада на Македонија вчера беа доживеани како најава за удар врз уставот. Овие тврдења што ги прошири професорката по уставно право Тања Каракамишева се протолкуваа како обид по истекот на дваесетте дена, ако ВМРО-ДПМНЕ не успее да формира влада, претседателот повторно да и' го даде мандатот да го стори тоа, а бидејќи Уставот не регулира колкупати може да има пропаднати обиди, слободно кажано може да ни се случи преговорите да траат до недоглед.

Ваквото проблематизирање на можноста и опозициската партија СДСМ да добие мандат да формира влада е уникатна позиција, бидејќи прегледот на искуствата во сите земји во Европа и пошироко што имале избори со изборни победници без мнозинство во парламентот покажуваат дека има разни начини за справување со ситуацијата, но никаде нема процедури кои место да помогнат - спречуваат да се формира влада во земјата.

Во Македонија се' уште се свежи искуствата од последните избори во Грција и делумно во Хрватска каде што гласањето мораше да се повтори двапати бидејќи не успеаја да се формираат парламентарни мнозинства. Во Грција можноста да формираат влада ја добија првата, втората, па и третата партија, а Уставот таму предвидува и последна шанса - претседателот на државата да се обиде да ги собере партиите и во неутрално својство да ги охрабри да состават коалиција. Во Хрватска шанса да добијат мандат имаа социјалдемократите, но владата ја формираа ХДЗ.

Во Италија, која има големо искуство со паѓање влади и нестабилни мнозинства, претседателот не е ни обврзан да го исполни барањето на премиерот, кој и да е, да го распушти парламент и да свика избори ако мисли дека внатре во законодавното тело може да се создаде ново мнозинство.

Најсвеж пример како функционираат нормални парламентарни демократии е Шпанија каде што по изборите во 2015 година мораше да се организираат избори во 2016 бидејќи ниту една од партиите не успеа да формира мнозинство, т.е. влада. Во оваа земја Уставот предвидува ако за два месеци ниту една партија не успее да обезбеди мнозинска доверба во Конгресот, се организираат нови избори, па така по серијата меѓупартиски паралелни договарања и серијата неуспеси, Маријано Рахој стана премиер со малцинска влада - бидејќи опозициските социјалисти се воздржаа да гласаат против.

Во Шведска се организираат избори ако ниту една од партиите не успее да обезбеди парламентарно мнозинство, а обидите траат четирипати, по што се свикуваат нови избори.

Како се прави тоа во нормални парламентарни демократии покажа Велика Британија каде што по изборите во 2010 година за првпат по 30 години земјата доби коалициска влада и ниту една партија од двете водечки не обезбеди мнозинство во парламентот. Веднаш по овие избори беше формирана експертска група да ги најде слабите точки во ваквите ситуации и да изработи регулатива која ќе ги превенира евентуалните проблеми. Во Данска постојат дури и два термини - информатори (тие што велат формално дека можат да формираат влада) и форматори (тие што зад кулисите можат навистина да ја договорат). И таму се овозможува шансата да пробаат да формираат влада да ја добијат вторите и третите партии.

Во САД важи принципот дека интерпретацијата за мандатот е исто толку важна како исходот од изборите. Таму дури се дебатира дали само фактот дека некој освоил повеќе гласови е доволен да тврди дека го добил мандатот од народот, бидејќи можно е да бил резултат на избор од две лоши опции или да добил помала доверба од претходните избори.

Затоа се прави разлика меѓу легитимитет да се владее и мандат, при што таму проблем за расправа не е кој го добил, туку како да се осигури дека тој мандат што го добил со пораките што ги добил од гласачите навистина го остварува. Единствен куриозитет е британскиот модел каде што, ако ниту една партија нема доволно мнозинство во парламентот, мандатот да формира влада формално го добива партијата што веќе е на власт, но паралелно течат преговорите и на сите други меѓусебно.

Професорот за политички системи Денко Малески не можеше вчера да се сети на земја каде има правило за мандат како тоа што го промовира Каракамишева, бидејќи тоа според него се коси со принципите на плурална демократија. Притоа го спомена примерот со Италија каде што со години Комунистичката партија добивала најмногу гласови на изборите, а никогаш не успеала да формира влада бидејќи никој не сакал таква коалиција.

Провладините медиуми вчера давањето мандат на втората партија го нарекоа „резервен“, тврдејќи дека во нашиот Устав таква можност нема и дека претседателот може, откако Никола Груевски ќе му го врати евентуално мандатот бидејќи не успеал да формира влада, пак да го врати назад - нему или на ВМРО-ДПМНЕ, толку пати колку што му треба време да успее.

Притоа намерно не се прави разлика меѓу партиско и парламентарно мнозинство кога се чита Уставот, во кој јасно стои дека мандат добиваат партијата или партиите што ќе го обезбедат ова второто.

Уште повеќе, се драматизира и процесот, со оцената дека Уставот не дозволува да се изигра волјата на гласачите, без да се напомне притоа дека таа волја е толку „јака“ што брои само два пратеника. Гледано од оваа призма испаѓа дека низ светот каде што формираат влади од партии што биле втори или трети или што се малцински масовно се изигрува волјата на граѓаните, а кај нас како најперфектна демократија Уставот не дозволува такво нешто.

Испаѓа дека за провладините медиуми партискиот мајски договор на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се промовира како модел за целиот политички систем во државата, во стилот само тие што „победиле“ имаат право да формираат влада, имале мнозинство или не. Ова само покажува колку Македонија не е зрела за повеќепартиска демократија и дека реално има силни тенденции да се врати во еднопартизмот, бидејќи и модел копиран од светот и испробан стотици години овде кај нас добива уникатна интерпретација, и тоа од правник.

Статијата е прочитана 3960 пати.


Испрати коментар
Продолжува битката за ССМ
Влада до март или нови избори во мај
СДСМ - чека сигнал од преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
(ФОТО) Парнерите на Груевски незадоволни од платформата на Албанците
Ахмети - Ако никој не ја прифати платформата, можни се и нови избори
Вајгл - Не е прифатлива изјавата на Дачиќ за Македонија
Mitko Talev, 11.01.2017 00:25:57
Analizata e pristrasna i netocna. Vo RM treba da se pocituva Ustavot na RM, a site drugi drzavi si imaat razlicni ustavi i zakoni, taka da se se avtomatski primenlivi kaj nas. VMRO-DPMNE i Ahmeti imaat realna moznost da formiraat vlada, ako ne se formira vlada, moze da se odi na povtorni izbori, top predviduva ustavot.
   64 |   93
se tece se se menuva,sdsm spie vo 90-ta, 11.01.2017 01:18:38
Do takva tragikomicna situacija vo Makedonija se doaga zatoa sto cl.90 od ustavot e praven po terk na edna partija so ambicii za monopl na vlasta-sdsm. Clen potkrepen so diktatot vo sekoja vlada da ima albanska partija, kako i so potpaluvanje etnicka konfrontacija i radikalizacija za diskreditacija makedonskata nacionalna partija i nejzino isfrlanje od konkurencija i moznost da formira vlada. sdsm 25 godini vo kontinuitet vrsi kolektivno kodosenje na DPMNE i mak.nacionalna svest. Sega sdsm ne uspea ov potpaluvanje na nacionalizam i diskreditacija na DPMNE, bidejki DPMNE se reformira i pod takviot pritisok evoluira do toj stepen da e poveke lev a ne desen centar i duri poveke frakcija na sdsm. No toa e povolnost za malcinska vlada. Nepravedno e vtoriot da ne dobie moznost. Loso za sdsm e sto sam se diskvalifikuva kako mandator zatoa sto so takvi antiustavni, antidrzavni i antinarodni dejstva i ambicii na linija na alb.platforma, pretstavuva realna opasnost od graganska vojna.
   101 |   116
Vlado, 11.01.2017 08:44:32
Ima li nacin ovaa profesorka da se trgne od predavanjata na studentite a potoa da i se iskine diplomata. Ne e samo ova kolku li biseri dosega ima naredeno.
   93 |   81
Oskar, 11.01.2017 10:36:16
Различните ставови за доделување на мандат за состав на влада на РМ на г-ѓа Каракамишева, д-р професор по уставно право и нејзиниот професор д-р Шкариќ кој е и автор на Уставот на РМ, за нас граѓаните е благо речено збунувачки и неприфатлив. Затоа е потребно под итно да се разјасни оваа дилема. Се прашувам како граѓаните да имаат доверба во правниот систем кога двајца врвни професори по право имаат толку спротивни ставови за нај високиот државен акт. Прашање за Каракамишева, ако ДПМНЕ со своите 25 коалициски партии и 51 мандат, може да биде мандатор со обезбедување на уште мин. 10 мандати, зашто би било не уставно втората по ред партија која би обезбедила мин. 61 мандат да може да формира влада?
   72 |   79
devicanecot, 11.01.2017 14:39:06
Почитуваната Слободанка, повторно си ја врти водата на својата воденица. А Денко, секако е птица песнопејка, која се знае за светот.(По се изгледа и преселница од својата држава).Зарем сама не гледа дека ова е чисто Украинско сценарио...И Партијата на регионите таму имаше мнозинство во парламентот, а БЈУТ со коаилицаија направи влада.(Јулија Тимошенко беше премиер). А после тоа сите знаеме што следува....убивање на своите граѓани од страна на владините (нацистички) сили.
   74 |   67

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
18°СкопјеВреме
Сончево
Пон32
Вто33
Сре35
Чет37
Пет37
Саб38
Нед30
Пон27
Вто26
Сре27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ