www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:14
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
18.04.2017, 17:12

Најактуелните модни додатоци - Задолжителнo: чокер на врат

Ленти за врат, асиметрични детали, огромни обетки..., тоа се најтрендовските асесоари за оваа пролет


Тенки марами

Главната намена на шалови и марами е да држат топло, но во топлите месеци немаме потреба од тоа. Затоа дизајнерите нашле друга апликација и ги претворија тенките марами во шик додаток. Подолгите варијанти можете да завиткате околу вратот, а со кратките - да направите панделка или јазол.



Колани: од корсети до јазли

За трендовски ремени дизајнерите направија два главни тренда. Едниот е појас, од типот на корсет, невообичаен и, дефинитивно не за секој, бидејќи тешко се комбинира во секојдневната гардероба. Вториот е модерен ремен од мека кожа, врзан во панделка или јазол.



Црна лента или чокер

Чокерот (ѓердан-лента) е актуелен веќе неколку сезони по ред и ужива голема популарност како меѓу дизајнерите така и меѓу жените. Чокер-лентата може да е истовремено и секојдневна и елегантна.

Чокер-ѓерданите оваа сезона се толку разновидни што можете да ги носите во најразновидни и најлуди варијанти.



Огромни обетки

Без разлика дали зборуваме за должина, или за волумен, обетките оваа пролет мора да се забележителни. Дизајнерите се залагаа за разнобојни варијанти од најразлични материјали.



Асиметрични облици

Асиметрија кај обетките е тренд кој често го гледаме во модните трендови. За оваа пролет се предлагаат или две различни или една подолга, а друга покуса варијанта, што можете да ја усогласите со должината на косата.



Ѓердани со огромни медалјони

Ѓердани со огромни приврзоци и медалјони се исто така еден од најжешките трендови за пролет/лето 2017. Најдобар начин за експонирање е да не ги комбинирате со друг накит. Тие се доволни сами за себе.



Алки над лактите

Одличен тренд за оваа сезона се алки над лактот. Можете да ги носите во класични варијанти, но тие можат да се од ткаенина, кожа, со реси или етноелементи.

Статијата е прочитана 190 пати.


Испрати коментар
Вкусен Салата од пилешко и печурки
„Златно славејче“ бара нови членови
Кајли Миног - Tајна врска со принцот Ендрју
Кејт Мидлтон - Вегетаријанско мени еднаш неделно
Што прават
Фотографијата е трага во вечноста
Концертот на Милан Завков како пролетен фестивал
Ричард Гир, по два брака, изгуби глава по Алехандра
Анџелина Џоли има нов партнер и ќе се мажи?
„Гус Гус“ на 22 април на Скопски саем

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ