www.utrinski.com.mk
23 април 2017 12:00
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 17:18

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Париз

Исламска држава ја презеде одговорноста за пукањето и го идентификуваше напаѓачот како Абу Јусиф ал Белгики - „Белгиецот“ на арапски јазик

ПАРИЗ - Франција целосно ги мобилизираше своите сили за безбедност, вклучувајќи и елитни единици, заради заштита на граѓаните за време на претседателските избори, по синоќешниот напад во центарот на Париз, изјави вчера премиерот Бернар Казнев. Во меѓувреме, на белгиската полиција и' се предаде човекот осомничен за вмешаност во нападот.

Говорејќи по итниот состанок со највисоките претставници за безбедност, Казнев рече дека сите единици се во состојба на максимална готовност пред изборите, на кои ќе им пружат сигурност на граѓаните, заедно со 50.000 полицајци.

„Владата е целосно мобилизирана. Не смееме да дозволиме ништо да го спречи основниот демократски процес во нашата земја. Ние треба да се спротивставиме на заплашувањето и манипулациите со цел тоа да не го искористат нашите непријатели“, изјави премиерот.

Човекот за кој белгиските власти ги предупредија нивните француски колеги, поради можна вмешаност во нападот во Париз, се предаде на полицијата во северниот белгиски град Антверпен, јави вчера новинската агенција „Белга“.

Француската полиција уапси тројца членови на семејството на напаѓачот, кој беше убиен во престрелката со полицијата во Париз, јавија судски извори.

Белгискиот министер за внатрешни работи, Јан Јамбон, изјави за телевизија ВРТ дека убиениот напаѓач бил француски државјанин.

Исламска држава ја презеде одговорноста за пукањето и го идентификуваше напаѓачот како Абу Јусиф ал Белгики - „Белгиецот“ на арапски јазик. Тие јавија, преку нивната агенција „Амак“, дека станува збор за нивен џихадистички „борец“, кој и' припаѓа на фракцијата „Абу Јусеф“, интерно наречена „Белгијци“.

„Истрагата продолжува. Можеме да потврдиме дека сторителот бил француски државјанин“, изјави Јамбон за ВРТ.

Во ноември 2015 година, кога Париз беше погоден од серија на вооружени и бомбашки напади, двајца од 10-те познати напаѓачи беа белгиски граѓани, а другите живееја во Белгија.

Напаѓачот кој завчера ноќта пукаше врз полицијата во Париз, при што еден полицаец загина, а двајца беа повредени, е идентификуван врз основа на документите што се пронајдени во неговиот автомобил. Француските официјални претставници се' уште не го објавија неговото име.

Локалните медиуми јавија дека станува збор за лице на 39 години, кое живеело во предградие на Париз, и дека се „сметало за потенцијален радикален исламист“.

Претседателот Франсоа Оланд, исто така, изјави дека е убеден оти нападот бил терористички.

Како што пренесува Си-ен-ен, безбедноста деновиве е подигната на повисоко ниво, во пресрет на изборите, но ниту 50.000 полицајци на улиците на главниот град на Франција не беа доволни за да не дојде до нападот.

Покрај двајца полицајци, беше повреден и еден турист, пренесува Си-ен-ен.

Повредените полицајци не се во животна опасност, ги пренесува „Гардијан“ изјавите на официјалните претставници.

Како што јавува медиумот, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, напаѓачот имал криминално досие и бил „на радар“ на француската безбедносна служба ДГСИ. Тој се наоѓал во т.н. „Фише С“ досие на француските безбедносни агенции.

Како што се додава, во 2001 година полицијата го уапсила и додека бил испрашуван, успеал да го зграби пиштолот на друг полицаец и да истрела три куршуми во него. Тој беше осуден за нападот, а во своето досие има и насилни грабежи, пренесе изворот за Си-ен-ен.

Напаѓачот излезе од неговото возило кај бројот 102 на „Елисејските полиња“ и пукаше од автоматско оружје врз полициски автомобил, при што уби еден полицаец на самото место. Потоа напаѓачот почна да бега, и при тоа повреди уште двајца полицајци. Потоа друг полицаец, кој учествувал во престрелката, го уби напаѓачот. (Н1 инфо)

Статијата е прочитана 202 пати.


Испрати коментар
Фор сизонс“ гради хотел на Хвар во вредност од милијарда куни
Северниот Леден Океан стана ќор-сокак за пливачки отпад
На што ќе потроши 7 милиони куни канцеларијата на претседателката?
Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Трезор
Французин со полициско досие го извршил нападот во Париз
Уапсен бомбашот од Дортмунд

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ