www.utrinski.com.mk
23 март 2017 09:13
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 15:52

Ангеловски: Формацијата поинаква, пристапот победнички

„Црвено-жолтите“ во петок во Вадуц ќе атакуваат на прва победа во квалификациите за СП 2018

Фудбалската репрезентација на Македонија почна со мини-подготовки за натпреварот со Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство во 2018 година. Националниот тим од вчера е во Скопје со фокус на петочниот предизвик во Вадуц каде што, по поразите во претходни четири средби со Албанија, Италија, Израел и Шпанија, се очекува и првата радост во циклусот.

„Пристапот останува ист - офанзивен и победнички со нешто поинаква формација. Овој состав поседува капацитет за остварување на посакуваната цел. Се чувствува одреден притисок што долг период немаме триумф на гости во квалификации, но има и мотив за уривање на таквата непријатна традиција“, истакна Игор Ангеловски на вчерашната средба со новинарите.

„Црвено-жолтите“ вчера го одработија првиот тренинг во комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија. На репрезентативците се приклучија Илија Несторовски и Александар Трајковски, кои во неделата доцна попладне гостуваа во Удине со екипата на Палермо. Напаѓачот беше стартер и одигра 81 минута во поразот на сицилијанците со 4:1, офанзивниот играч од средниот ред беше меѓу резервите, но остана без минутажа.

Како опција отпаднаа повредените Егзон Бејтулаи и Ферхан Хасани од Шкендија, па дополнително се повикани Стефан Спировски од Вардар и Кристијан Тошевски од Пелистер. Мечот со Лихтенштајн го пропушта и Езџан Алиоски од швајцарски Лугано кој е под суспензија поради жолти картони. Тој е во плановите на Ангеловски за пријателскиот дуел со Белорусија во Скопје на 28 март.



Пандев за Суперкупот: Во Скопје ги сакам Манчестер ј. и Барса или Јуве



Барселона или Јуве преку Лигата на шампиони против Манчестер јунајтед како евентуален освојувач на Лига Европа. Ова е желба за фудбалскиот спектакл на 8 август во Скопје насловен како Суперкуп на УЕФА чиј амбасадор ќе биде Горан Пандев.

„Укажана ми е голема чест да бидам амбасадор на УЕФА на натпревар во кој ќе учествуваат освојувачите на два престижни трофеја. Би сакал тоа да бидат Манчестер јунајтед и Барселона или Јувентус“, изјави капитенот на македонската репрезентација.

Пандев во 2010 година настапи во Суперкуп меч со екипата на Интер. Атлетико Мадрид тогаш ги совлада „нероазурите“ со 2:0 на „Луј Втори“ во Монако.

Стефан Ристовски меѓу

Спортинг Лисабон и Олимпијакос



Стефан Ристовски е многу веројатно дека ќе менува средина во летниот преоден рок ако, се разбира, добие понуда што е поволна за него, но и за хрватскиот прволигаш Риека чиј член е во моментот.

Интерес за македонскиот репрезентативец има од Спортинг Лисабон кој, според португалскиот весник „Бола“, е подготвен да плати 2,5 милиона евра за услугите на офанзивниот десен бек. (С.Ѓ.Д.)

Статијата е прочитана 148 пати.


Испрати коментар
Спорт - Вести

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
7°СкопјеВреме
Претежно облачно
Чет22
Пет24
Саб24
Нед22
Пон17
Вто16
Сре20
Чет19
Пет18
Саб16
НајчитаниНајкоментирани

Која загатка ќе ја одгатне денеска СЈО?
Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата
Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ