www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 17:37
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 17:55

Кинески хороскоп - Што ни носи годината на огнениот Петел?

Годините на петелот - 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993 и 2005 Креативно размислување, необичен пристап при решавање комплексни проблеми и лесен поглед кон животот се дел од одликите на Петелот

Според кинескиот хороскоп, 2017 е година на огнениот Петел, кој ќе го заземе местото на Мајмунот. Петелот е симбол на Сонцето бидејќи од раноутро, со неговото кукурикање започнува денот. Кинезите во него гледаат симбол на пет доблести: храброст, добрина, верност, достоинството и добра волја. Петелот се одликува со креативно размислување, необичен пристап при решавање на комплексни проблеми, подвижност, контактност и лесен поглед кон животот. Еве што ни носи годината на Петелот.



Овен. Двете претходни тешки години кои поминаа под мотото „Целиот живот е борба“ се зад вас. На родените во овој знак им дојде време за собирање на плодовите од напорната работа, иако не може да се каже дека се' ќе падне само пред вашите нозе. За да добиете нешто, потребно е да вложите помал напор.



Бик. Годината на Мајмун е зад вас, а тоа значи минато за неуспесите и поразите, постојаното брзање и напнатост. Конечно, дојде време да се смирите, да се релаксирате и да добиете задоволство од животот. Ѕвездите не гарантираат дека се' ќе оди без проблеми, но може да сметате на добра компензација за емоционални и материјални загуби.



Близнаци. Годината на Петел е за вас полна со радосни искуства и успешни почетоци. Ова е позитивно време за Близнаците кога ќе го чувствуваат присуството на магијата во воздухот.



Рак. Среќата ќе ве поврзе со најинтересните луѓе кои ќе станат ваши лојални пријатели, способни да влијаат на растот и развојот на Раковите како личности. Дел од вас ќе се соочат со потребата да се ослободат од тежок товар кој веќе долго време го влечете со себе и кој влијае на вашиот живот.



Лав. Вие практично нема да имате потреба да влегувате во борба за профит. Претставниците на овој знак се навикнати се да постигнуваат сами. Затоа, ваквата ситуација, кога се' ќе ви оди од рака, малку ќе ве збуни. Судбината ќе им дарува на Лавовите многу непредвидени ситуации, кои на крајот ќе имаат многу поволен исход за нив.

Девица. Од самиот почеток на оваа година треба да бидете поодлучни. Оваа одлучност ќе ви помогне да се изборите со недоумиците кои Петелот ги подготвил за вас. Најдобро е да изберете една мудра тактика и да го користите развојот на настани во своја корист.



ТерезиJа. Судбината ќе им понуди на Терезиите многу нови можности да ја подобрат сопствената благосостојба, но не смеете да ги пропуштите вашите шанси. Прифаќањето на каков било вид на работа бара вложување на сета своја сила за нејзина реализација, треба да покажете решителност и самостојност.



СкорпиJа. Скорпиите ќе се најдат на прагот на големи промени. Понесени од ветрот на промени, во минатото ќе ги оставите своите стари колеги, досадна работа и ќе пуштите во својот живот бран од трансформации. Промените во својот живот ќе го променат и вашиот поглед на светот.



Стрелец. Оптимистичката природа на претставниците на овој знак и моќна енергија ќе им отворат пред нив многу перспективи. Тие ќе бидат во можност да ги согледаат проблемите површно, без да се задлабочуваат во нив, што ќе им помогне лесно да ги решат, зачувувајќи притоа и време и нерви.



Јарец. Ѕвездите ви препорачуваат правилно да ги поставите приоритетите. Во прво време обратете внимание на себе, одвојте време за себе, почнете да работите на сопствениот развој. Новиот поглед на светот ќе ве воодушеви и вас и сите околу вас, и се ќе почне да се менува. Проблемите веќе нема да изгледаат толку големи и Јарците ќе почнат да наоѓаат радост во едноставните нешта.



ВодолиJа. 2017 е година на Водолијата. Претставниците на овој знак и Петелот како доминантен симбол на годината се многу блиски по дух. Ќе имаат многу можности да ја покажат вистинитоста на своето расудување.



Риби. Во вашиот живот ќе заврши периодот на стагнација кој долго трае. Како да ќе излезете од долг сон, ќе го тргнете од себе товарот на неактивност и ќе почувствувате неверојатен прилив на енергија.

Статијата е прочитана 1240 пати.


Испрати коментар
Возење на снег - Без нагло забрзување и сопирање
Елена Велевска се пробива во Бугарија
Холивудски двојки на кои не им пречи разликата во години - Помладо е послатко
Проектите за екологија ги работиме во континуитет
Што прават
Бебе во новата година
Холивудските актерки ќе протестираат против Трамп
Мис на Хелсинки ги налути Финците
Адријана Лима на пат до смирување со бившиот сопруг

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
33°СкопјеВреме
Ведро
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ