www.utrinski.com.mk
25 мај 2017 08:57
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
26.04.2017, 16:43
Концерти на Миха Погачник за интеграција во ЕУ



Освен во Скопје, словенечкиот виолинист ќе настапи и во Тирана, Приштина, Љубљана, Подгорица, Белград, Сараево и Брисел

Наташа Илиевска-Таневски

Во НЛБ галеријата, денеска беше претставен проектот „Европа – недовршено ремек-дело“, кој ќе вклучува концерт со настап на словенечкиот виолинист Миха Погачник што ќе се одржи во соработка со Македонската филхармонија, во Македонската опера и балет на 4 мај во 18 часот, со поддршка на Делегацијата на ЕУ во земјава.

„Проектот е комбинација на реинтерпретација на класичната музика, на големи дипломатски напори и на напорите на бизнис-заедницата. Целта на напорите на чинителите на овој проект е да се потенцира овој повик, овој глас од периферијата на Европската Унија, како што велиме за Западниот Балкан, да се земе предвид силната традиционална хетерогеност на овој регион во културна, етничка и религиозна смисла. Да се земат сите богатства од регионот при негова целосна и потполна интеграција во ЕУ. Бидејќи само со целосна интеграција на Западен Балкан во ЕУ, Европа ќе стане целосна, и само така започнатиот проект – ремек-делото наречено Европска Унија ќе биде траен проект за мир и соработка“, рече Борче Николовски, модератор на прес-конференцијата при презентацијата на проектот.

„Проектот е замислен да се одвива во повеќе балкански држави, а во нив заедно го организираат словенечките амбасади, делегациите на ЕУ, филхармониските оркестри и бизнис-заедниците“, посочи Николовски.

„Основната идеја на овој проект веќе ја чувте, и само го повикуваме Брисел ова да го реализира“, рече словенечкиот амбасадор, Милан Јазбец на почетокот истакнувајќи „дека проектот е кокреација на музичкиот и креативен гениј Миха Погачник, кој веќе 25 години се занимава со такви експерименти, а кои публиката ќе има можност да ги види на 4 мај“.

„Идејата за овој проект дојде по нашите разговори, кога јас и Миха на почетокот на мојот мандат зборувавме, иако за тоа и претходно веќе сме зборувале и во Турција и во Либан и насекаде каде сме се среќавале. Проектот го нарековме ’Европа – недовршено ремек-дело’, а тоа ремек дело нема да биде завршено додека државите на Западен Балкан не влезат во ЕУ, и тој претставува голема политичка порака“, истакна Јазбец, кој посочи дека „истиот може да се нарече и диполматско-културно-уметничка-бизнис иновација која е потребна на општествата кои се во фаза на постконфликтна рехабилитација. Односно на општествата, кои закрепнуваат од помали и поголеми конфликти, им треба ваков проект за да се интегрираат, за да не бидат на маргините, и тоа е таа дипломатска смисла на проектот, кој ќе се одвива во два дела. Првиот оваа година со настапи во Тирана (2 мај), Приштина (3 мај), Скопје (4 мај) и Љубљана (9 мај), а следната година во истиов период за време на европската недела во Подгорица, Белград, Сараево и во Европскиот парламент во Брисел“, посочи словенечкиот амбасадор, истакнувајќи дека „виолинистот Погачник ќе го понуди проектот на секое општество кое закрепнува од конфликт, со што тој ќе има и глобално значење“.

„Разликата на овој проект е во тоа што кога публиката ќе дојде на 4 мај таа ќе седи меѓу изведувачите. Нема да има има сепарирање меѓу оркестарот и публиката, а методот на овој проект е најважниот негов елемент“, рече словенечкиот виолинист со светско реноме Миха Погачник, кој пред почетокот на прес-конференцијата настапи во живо пред новинарите движејќи се и свирејќи.

„За жал, во Европа има многу уметност, но таа уметност и културата се затворени во свој простор кој е елитен. Високата уметност е наменета само за еден мал процент луѓе кои имаат достап до неа, а масите ја имаат само поп-културата, што е голема трагедија“, истакна виолинистот кој посочи дека „проектот е така конципиран за да биде пат до европскиот полифонски идентитет, бидеќи тој може да преживее само ако се подигне, иако сега се се распаѓа“.

„А тоа е жално бидејќи континентот Европа повеќе од 4 илијади години се развива со своја култура, а сега имаме толку варваризми“, рече Погачник истакнуваќи дека „доколку проектот ’Европа – недовршено ремек-дело’, влијае на бизнис-заедницата ќе може и високата уметност да се прошири понатаму“.

„Проблемот е во тоа што ние не знаеме да ја употребиме високата уметност како обликувачка, влијателна сила за човечкиот развој, а таа е потребна за динамичен баланс на дигитализацијата. И денес е трагично што уметноста треба да биде некој вид забава, бидејќи луѓето сакаат да се забавуваат. И ние уметниците треба да правиме такви програми за луѓето да се забавуваат, а јас сум против тоа. Уметноста не е забава, тоа е креација и таа е опасна. Бидејќи од неа луѓето се развиваат, а кога имате свесни луѓе тогаш тоа е опасно, иако се сака сите да бидат овци. Но ние сакаме луѓето да се разбудат, а ако не се разбудат тогаш имаме проблем, има војни, а уметноста овозможува будење на достоинствен начин и наоѓање на својот идентитет“, заврши Погачник, кој е и словенечки културен амбасадор.













Статијата е прочитана 1200 пати.


Испрати коментар
Џеки Шепард и Коле Ангеловски почесни лауреати на "Астер
Вечерва 36 издание на "Мал Битолски Монмартр"
Хуманитарен концерт место операта "Мадам Батерфлај"
Театар комедија освои две награди на фестивал во БиХ
Македонските продуценти рамо до рамо со светските филмаџии
Шеста премиера на " Грета од Фауст" во Битолскиот театар
Полските издавачи заинтересирани за македонските автори
Во Националната галерија изложба на графики од Иван Мештровиќ
Со есклузивен концерт вечерва ќе биде отворена новата Македонската филхармонија
Македонската поезија и проза на Саемот во Варшава
Промоција на новиот објект на Македонската филхармонија в недела со ексклузивен концерт
Трпчески на примиерната изведба "Македонисимо" во Германија дури запеа
Почнува осмиот фестивал за класична гитара "Тремоло"
Во книжарницата "Бункер" ќе се делат бесплатни стрипови
Премиера на детската оперета "Пролетна приказна" во МОБ
Македонскиот виолинист Иванов ќе ја претставува Европа на светски натпревар
„Атена со пенис“ - премиера на Драмски театар
Изложба на етнолошки предмети подарени на Музејот на Град Скопје
Промоција на монографија за акварелите на Васко Ташковски
По 70-ти ќе биде послан црвениот тепих во Кан
Хуманитарна изведба на мјузиклот "Тајно моја"
Ванеса Меј приреди редок спој на класика, џез и техно
Филмот "Ах, љубов моја" на Коле Ангеловски со кино проекција во Велешкиот театар
На "Про- за Балкан" ќе гостуваат познати издавачи од Франција, Србија и ОАЕ
"Кружно патување на Марето" најдобар фил и на фестивалот "Вилмош Зигмонд"
"Хармс" влезе во главната конкуренција на фестивалот во Шангај
Премиера на Дон Жуан од Молиер во Битолскиот народен театар
Виолинистката Ванеса Меј вечерва со концерт во "Борис Трајковски"
Промовирани 14 нови преводи на стручна и научна литература
Македонскиот Културно-информативен центар во Софија годинава со амбициозна програма
Опера-реквием „Јов“ на Мајски оперски вечери
Операта „Севилскиот бербер“ вечерва на 45. „Мајски оперски вечери“
Во Велес на 9 и 10 јуни 52. „Рацинови средби“
Чествување на Конески и претставување на Османли на Саем во Солун
Модерно издание "Басни од Македонија" на здружението "Браво сине"
Нова книга на Веле Смилевски за поезијата во изминатите 45 години
Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Крива Паланка
Во Торонто промовирана монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин
Панел дискусија за 25 години од првиот договор за соработка меѓу ДПМ и Сојузот на бугарските писатели
Отворена јубилејната 10. Македонска книжевна визита во Софија
Македонска вечер во Париз
Книга на Виктор Габер за Македонија во меѓународните односи
Прва награда во Италија за снимен филм од децата од Домот „11 Октомври“
Турнеја на сплитскиот балет во Македонија
Недела на турскиот филм во Скопје
Со порака во шише се простија од Зоран Маџиров
Отворeни 45. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата „Травијата"
Италијанската награда "Златен грифон" за македонскиот филм "Златна петорка"
Бил Клинтон пишува книга за задкулисните моменти во Белата куќа
Руски воени филмови во Кинотеката по повод Денот на победата
Плакатите од 9. Скопје постер фестивал патуваат за Португалија
Две награди за документарецот „Мојот превртен свет“ на SEEfest во Лос Анџелес
Јубелејни 45-ти Мајски оперски вечери
Монодрами од Холандија, Полска и Израел на фестивалот во Битола
Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Њујорк
Почина актерот Ѓорѓи Бисерков Дампе
Промовирана монографија "Никола Мартиноски до 1945" од Кирил Пенушлиски
Почна "Скопје креатива 2017"
Исландскиот писател Браги Олафсон гостин на „Про-за Балкан"
ТВ серијата "Сенките над Балканот" на Драган Бјелогрлиќ ќе се снима и во Македонија
Изложба Охридски филиграни во Софија
Прва фото изложба на лице со даунов синдром
Мултимедијалниот проект со оган на младиот Јосифов и во Сан Франциско
Театарски перформанс на младата режисерка Нина Николиќ во Битола
Писателите ке го чествуваат делото на Гане Тодоровски
Во Скопје се снима првиот боливудски филм
"Скопје креатива" од утре до 6 мај
Три настани во чест на Никола Мартиноски
„Устата на јавето“ нова поетска книга на Раде Силјан
Во Крива Паланка пролетна школа "Етнографија на социјализмот"
Отворена постхумна изложба на Нове Франговски
Успешна изведба на „Дениција“ во Брисел
Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во НУБ „Св. Климент Охридски“
„Плакати“ од Михајло Арсовски на изложба во МСУ
Харлан - „Кјубрик најмногу се интересираше за политиката“
Фестивалот на монодрама Битола од 5 до 9 мај
И „Лолита“ на Скопje филм фестивал
Екипата на „Ах, љубов моја“ се поклони во „Милениум“
Светот се' уште е „гладен за книги“
Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов
Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
13°СкопјеВреме
Обилни врнежи
Чет18
Пет15
Саб20
Нед21
Пон23
Вто26
Сре27
Чет27
Пет27
Саб27
НајчитаниНајкоментирани
 
Путин: Внимателно следиме што се случува во Македонија
Брегзитот е огромно градилиште
Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кина за првпат по 1989 година
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ