www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:10
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 16:38

Буфон: Не очекував „чиста“ мрежа во 180 минути со Барса

Убедливиот триумф (3:0) на италијанскиот првак во Торино овој пат беше преголем залак за Каталонците. Меѓу најдобрите четири се потврди и Монако

Јувентус и Монако се придружија на Реал Мадрид и на Атлетико Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампиони на УЕФА. Барселона не успеа до ново чудо по ПСЖ и одигра 0:0 против „старата дама“ на „Камп Ноу“, клубот од Кнежевството, пак, по вторпат ја совлада Борусија Дортмунд со 3:1 или вкупно 6:3 во двомечот.

Италијанскиот шампион низ двата дуела со Барселона, но и претходните во групната фаза и во осминафиналето, покажа дека бележи напредок во играта во последните две години. Го нотира тоа голманот Џанлуиџи Буфон кој додаде оти не очекувал „чиста“ мрежа во 180 минути со Каталонците.

„Нашиот подем почна пред неколку години и мора да продолжи. Самиот факт што ја запревме Барселона да не постигне гол во два меча е показател дека сме многу добри. По победата со 3:0 во првата средба мислев за добрата прилика што ја имаме за полуфинале, но искрено не мислев дека ќе заминеме од „Камп Ноу“ без примен гол“, рече Буфон по реваншот.

Ништо од реприза на сценариото со ПСЖ

Јувентус ја елиминира Барселона благодарение на убедливиот триумф во Торино. Во реваншот не дозволи да прими гол, а уште помалку да се повтори судбината на ПСЖ кој по победата со 4:0 на домашен терен, загуби на гостувањето со 6:1.

„Нашиот пристап беше одличен и тој ни' носи уште поголема самодоверба. Особено што доаѓа по двомеч со најдобрата екипа во светот. Судбината сега е во наши раце и мора да имаме контрола. Стануваме вистински европски тим што постојано прави притисок, создава шанси и контролира натпревари“, додаде капитенот на Јувентус.

Синоќа се одиграа и реванш дуелите во четврт-финалето во Лига Европа, а за денеска е најавена ждрепка за полуфиналните двојки за двете натпреварувања на УЕФА. Буфон нема особена желба за наредниот противник освен што потенцира дека се радува на два нови европски меча како моменти за уживање.

„Сакав да го избегнеме Лестер во четврт-финалето. Делумно по нас бидејќи не сакав да ставиме крај на бајката. Добра работа е што игравме со Барселона и што елиминиравме еден таков ривал. Добивме самодоверба и немам никаква желба што се однесува до ждрепката за полуфинале. Едноставно се радувам на претстојните натпревари“, заклучи легендарниот голман на Јуве.



Дани Алвеш со помешани чувства



Со помешани чувства по мечот беше Дани Алвеш. Десниот бек на Јувентус изрази задоволство што неговата екипа е полуфиналист во Лигата на шампиони, но истовремено и болно што е постигната целта преку поранешниот тим во неговата кариера.

„Беше тешко, но среќен сум за клубот и соиграчите. Вечерта пред натпреварот имав слатко-горко чувство. Доаѓањето на „Камп Ноу“ ги врати моите спомени на овој стадион. Беше болно, но е дел од нашата професија“, рече Алвеш.



Четврт-финале, реванши



Барселона - Јувентус 0:0

Монако - Борусија Д. 3:1

Статијата е прочитана 167 пати.


Испрати коментар
Гонзалез го враќа Ристовски во репрезентацијата

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ