www.utrinski.com.mk
23 мај 2017 16:40
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 15:33

Намалете со благо и бидете позитивни

Пијте сок од лимон

Лимонот изобилува со витамин Ц, но има уште една битна карактеристика. Неговата киселост (ПХ-вредност) го поттикнува развојот на здрави бактерии во телото и го штити од развој на вируси и штетни бактерии. Лимонот може да го пиете свежо исцеден, да го додавате во чај, наместо оцет во салата, при готвење...



Користете природни состојки

Лукот е најсилниот природен антибиотик и добро е барем еднаш неделно да јадете. Суровиот лук е подобар од варениот, но повторно со готвењето се намалува неговиот мирис. Некои купуваат и таблети со лук, но сепак подобар избор е свежиот лук. Втора битна природна состојка за имунитет е алое вера, која понекогаш се опишува како чудотворна билка која ги лекува сите болести.



Спијте доволно

Секој од нас има поинаква потреба за сон и затоа не е можно да се дефинира колку часа сон е идеално. На некои луѓе им треба само 6 часа, а некои и до 10 часа. Тоа зависи од вашата возраст, од тоа колку сте физички активни и разни други показатели. Битно е добро да се наспиете. Добриот сон е поврзан со излачување на хормон важен за нашето тело. Добриот сон ќе ја подобри вашата способност за размислување, ќе ви го поправи расположението, дури и ќе ви ја разубави кожата. Недоволна количина на сон го нарушува имунитетот.



Пијте многу вода

Постои едно правило дека повеќето главоболки се јавуваат затоа што луѓето не пијат доволно вода. Жедта не е единствен знак за недостиг од вода, главоболката исто така сигнализира дехидрација. Минимално еден и пол литар вода на ден е задолжително.



Намалете го стресот, дозволете си работи кои ве прават среќни

Поминувајте време со пријателите, одете на масажа, припремете си топла бања. Расположението и здравствената состојба се поврзани. Намалете го нивото на стрес како што најдобро знаете. Можеби тоа за вас е јога, медитација, тренинг... Ако се ослободите од стресот, животот ќе ви стане поубав, а тоа позитивно ќе се одрази и на имунитетот.



Намалете го внесот на кафе

Кафето има некои добри својства, тоа е антиоксиданс баш како и чоколадата. Сепак, кафето ја извлекува водата и минералите од телото. Заедно со кафето секогаш пијте и вода за да ја надоместите течноста.



Намалете со благо

Елиминирајте го шеќерот од исхраната и ќе забележите позитивни промени во телото, ќе станете поенергични и помалку ќе се разболувате. Рафинираниот шеќер има одредени сличности со дрогата, колку повеќе го консумирате, толку повеќе го сакате. Така се создава зависност. Шеќерот нагло влегува во крвотокот, нагло го подига нивото на шеќер кое подоцна и нагло опаѓа. Тој процес го нарушува имунитетот.



Консумирајте доволно протеини

Протеините се неопходни за здраво тело, за здрав ум и, секако, за имунитет. Диетите кои пропишуваат намален внес на протеини обично изобилуваат со јаглехидрати.



Снабдете се со резерви од овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се важен извор на витамини, минерали, антиоксиданси, влакна и ензими. Доколку не сте во можност здраво да се храните може да ги надоместите витамините со додатоци.



Вежбајте и поминувајте време на свеж воздух

Денес, за жал, нормално е да поминувате 90 отсто од времето во затворен простор, дома, во канцеларија, трговски центри... Свежиот воздух добро влијае на расположението и имунитетот. Умереното вежбање, возење со велосипед, трчање и слично имаат силен ефект врз имунитетот.

Статијата е прочитана 352 пати.


Испрати коментар
(ФОТО) Концерт на Влатко Стефановски и Биг бендот на оркестарот на словенечката армија - Музичко обединување на два темпераменти
Хуманитарниот семеен базар не' сплотува сите
Меган Маркл - Услов за присуство на свадбата на Пипа Мидлтон
Џулија Робертс - Најубава жена на светот по петти пат
Што прават
Австрискиот канцелар разнесуваше пици
(ВИДЕО) Грчки „летачки поп“ стана хит на интернет

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Облачно
Вто25
Сре21
Чет16
Пет18
Саб19
Нед21
Пон21
Вто23
Сре24
Чет25
НајчитаниНајкоментирани
 
Рама ја искористи платформата за поени во Албанија
Разочарување во Витлеем: Трамп ја одмина Базиликата на Исусовото раѓање
Балканот- колевка на човештвото?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ