www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:13
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
18.04.2017, 17:04

Фотографијата е трага во вечноста

Васко Божиновски

фотограф

Јасминка Павловска

Повеќе години се занимавате со фотографирање, како пасија и хоби. Што Ве предизвика да застанете зад фотообјектовот?

Повеќе од една деценија се занимавам со фотографирање. Предизвикот беше преку фотографија да се овековечат одредени мигови од човечкиот живот, да се остават како вечни записи моменти од прослави, веселби, секојдневје, па дури и непосакувани случки. Кога ги гледаме преку објективот, работите навистина добиваат сосема друга димензија, и вечен живот. Низ објективот секоја убавина може да се види двојно, но и да се види и она што не можеме да го видиме или забележиме одблиску и со голо око. Така што, накусо кажано, убавината е во овековечувањето. Кон таа желба придонесе и мојата импресионираност од филмската уметност и флуоресцентната снимка. Јас сум аматер, кој дава се' од себе да биде колку што е можно попрофесионален.



Кои се најинтересни мотиви во Битола и околината за фотографирање?



Битола е историски, архитектонски и конзулски град, кој со својата историја овозможува од разни агли да се прикаже животот на градот и на неговите граѓани. Некогаш тука врвел и патот Виа Игнација, а бил и економски трговски центар од тогашна Европа. Една од најубавите планини е планината Баба, што значи „татко“, така наречена уште во времето на Турската Империја. Тука е и врвот Пелистер, познат по реткиот бор - молика, кој го има само на Пелистер и во Канада. Покрај борот тука се и двете езера, Пелистерски Очи, што го прават поспецифичен и поубав. Премногу предизвици за фотографирање, сконцентрирани во толку мал простор.



Велите дека режисерот Милчо Манчевски има големо влијание во Вашата работа, но и неговата логистика многу Ви значела во одреден момент. Како се случи познанството и поддршката од Манчевски?



Милчо Манчевски има големо влијание во мојата работа. Тој е најголемиот и совршен современ македонски режисер. Манчевски ја издигна македонската филмографија во најголемите светски размери и јас ја имам таа чест да се учам од еден таков голем врвен режисер. Ние со Манчевски се знаеме околу една деценија, сме разговарале за филмови за кои тој ме посоветувал и ме упатил во некој правец, дал позитивна препорака за мене како фотограф и врз база на тие препораки бев примен да фотографирам значајни манифестации. Моето познанство со Манчевски датира од еден поранешен фестивал во Битола „Брака Манаки“, ми донесе убави моменти и надградување во занимавањето со фотографија.



Во меѓувреме, освен што фотографирате, снимате и документарци, но кои досега не ја здогледале светлината на денот...



Имам снимено неколку документарни филмови, како за одредени личности така и филмови со теми од историското минато. Сум снимал во град и во рурални средини. Би го издвоил долгометражниот документарец за Симеон Иванов-Канго, и краткометражниот филм за моите патувања низ светот и убавите предели кои сум ги посетил. Покрај тоа, имам уште неколку филмови кои се во пост продукција. Зошто не се прикажани? Се' финансирам сам, немам финансиска поддршка од локалната самоуправа, а ниту некој спонзор. И затоа се' се движи малку побавно. Моите филмови носат наслови: „Село со девет куќи“, „Во возот“, „Сонувач“, „Патник“, „Развод со времето“ и други. Во преговори сум да се прикажат на некои филмски фестивали.



Кои се Вашите наредни планови, како фотограф, но и како режисер?



Ја имам продукцијата „Божиновски“, со современа технологија за снимање, и нема да престанам со снимање. Мојата најнова идеја е да го довршам филмот „Во возот“, со познати македонски актери.

Статијата е прочитана 1210 пати.


Испрати коментар
Вкусен Салата од пилешко и печурки
„Златно славејче“ бара нови членови
Кајли Миног - Tајна врска со принцот Ендрју
Кејт Мидлтон - Вегетаријанско мени еднаш неделно
Најактуелните модни додатоци - Задолжителнo
Што прават
Концертот на Милан Завков како пролетен фестивал
Ричард Гир, по два брака, изгуби глава по Алехандра
Анџелина Џоли има нов партнер и ќе се мажи?
„Гус Гус“ на 22 април на Скопски саем

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ