www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:09
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 16:14

Филип Петровски на обвинителски распит поради „Твитер“

Распитот е по барање на Хелсиншкиот комитет, а пријавата ја поднесе Министерството за внатрешни работи од времето на Оливер Спасовски

Директорот на Архивот на Република Македонија, Филип Петровски, денеска се појави на распит во Јавното обвинителство. Петровски се товари дека предизвикал општа опасност и загрозување на националните и верски права преку објава на социјалната мрежа „Твитер“. Распитот е по барање на Хелсиншкиот комитет, а пријавата ја поднесе Министерството за внатрешни работи во времето кога со него раководеше генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

„Денеска бев да дадам исказ по пријава која е поднесена од Уранија Пировска од непостоечкиот Хелсиншки комитет на светско ниво. Од една невладина организација, која го злоупотребува старото име кое некогаш постоело, а се злоупотребува со цел за да се креира јавно мислење какво што и' одговара на крајната левица, либералите кои се спротивставуваат на секое спротивставено мислење, на секој спротивен политички став и идеологија, спонзорирана од странство и од Сорос. Практично за еден твит којшто сум го објавил пред изборите тие прават случаи“, изјави пред новинарите Петровски, додавајќи ова е втор преседан во Европа, односно дека прв случај е твитот на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша.

Со реакција околу овој случај се јави и директорката на Хелсиншкиот комитет, Пировска, која на својот фејсбук-профил напиша: „Филип Петровски на распит во ОЈО по пријава на Хелсиншки комитет. Во истиот момент по објавата на оваа вест, во моето сандаче заканувачки пораки од непознати лица, лажни профили. Тоа е тој познат насилнички манир!“. (Г.Д.)

Статијата е прочитана 1359 пати.


Испрати коментар
Иконен
Тежок ден за македонската политика
Документ за спас или за подлабока криза
Чавков - Пратениците ќе имаат непречен пристап во парламентот
Иванов во нови избори гледа излез од кризата
Протест пред СЈО против притворот на Сеад Кочан
Спасовски не добил покана за распит кај Зврлевски

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ